• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Болка во тестисот Печати
Имам 38 години, левиот тестис постојано ме боли за разлика од десниот е помал. Имам одено на уролози но, без успех и 8 години сум во брак без деца. Дали има некакви малигни заболувања. Поздрав.

Мило ми е што сте го посетиле нашиот портал и што тој го привлекол вашето внимание.

Ќе пробам да ви одговорам на вашето прашање, иако многу малку сте кажале за вашите проблеми со тестисот.

Прво, што се однесува до големината на тестисите, треба да знаете дека двата тестиси не се со иста големина и секогаш едниот е пониско поставен од другиот. Обично левиот тестис е поголем од десниот и е поставен подолу од него. Ова се јавува како последица на разликата во васкуларната и анатомската структура на левата и десната страна на скротумот и тестисот. Исто така, се мисли дека тоа е и од еволуционен карактер, за да не би се одбивале тестисите еден од друг.

Болката која се јавува кај вас во левиот тестис може да биде причина од некоја инфекција на мочните патишта или тестисот, од поголема физичка активност, од проширени вени во тестисот (варикоцела) но и од многу други причини. Според тоа, само врз основа на вашите податоци за постоење на болка во левиот тестис, не може да се каже за што точно се работи.

За да се открие причината за болката треба да се направи детален физикален преглед и дополнителни испитувања како што се: лабораториски испитувања на крвта и мочката и ехотомографски преглед на тестисите.

Исто така, треба направите испитување на хормоналниот статус, како и спермограм, со оглед на тоа што веќе 8 години немате деца. Секако, за проблемот што неможете да имате деца, истовремено треба да се испита и вашата сопруга.

Мој совет е да се јавите на уролог и да ги направите потребните испитувања и тестови.

Поздрав.

Д-р Л. Ацева.