• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Пролактином Печати

Дефиниција

Пролактиномот е бениген тумор на хипофизата. Бенигните тумори на жлезденото ткиво се нарекуваат аденоми.

Пролактиномот е најчест функционален аденом на хипофизата.

Поделба

Аденомите на хипофизата помали од 1cm се нарекуваат микроаденоми (микропролактиноми), а оние кои се поголеми од 1cm или повеќе, се нарекуваат макроаденоми (макропролактиноми)

Концентрација на пролактин

Нормалната концентрација на пролактинот кај мажите е 1-20 ng/ml, а кај жените е 1-25 ng/ml.

Концентрација на пролактинот во серумот поголема од 300 ng/ml е дијагностички показател за аденом на хипофизата. И концентрација над 150 ng/ml, кај жена која не е бремена, обично е показател за присуство на овој тумор.

Симптоми

Микроаденомот не предизвикува други тегоби, освен зголемено излачување на хормонот пролактин, што резултира со состојба која се нарекува хиперпролактинемија.

Симптомите на хиперпролактинемија кај жената се: галактореа (излачување на млеко од дојките, кога не постои бременост), нередовни менструални циклуси, и неплодност.

Хиперпролактинемијата кај мажите ретко предизвикува галактореа и гинекомастија (зголемување на дојките). Кај 15% од мажите со хиперпролактинемија се јавуваат сексулани дисфункции, а можна е и неплодност.

Поголем број од микроаденомите трајно остануваат со иста големина и не растат.

Големината на пролактиномот (аденомот на хипофизата) е пропорционална со стварањето на хормонот. Колку е поголем аденомот, толку се поголеми концентрациите на пролактинот во серумот на болниот.

Макроаденомите на хипофизата, со умерено зголемување на пролактинот (50-100 ng/ml), не се прави пролактиноми и се разликуваат по своето биолошко однесување.

Микропролактиномите предивикуваат зголемување на нивото на пролактинот, кое доведува до промени на половите жлезди (хипогонадизам).

Макропролактиномите можат да имат влијание на другите хормони на хипофизата, а со својата големина може да доведат до компресија на околните структури во мозокот што може да доведе до појава на главоболка, пореметување на видното поле, структурни пореметувања и проширување на турското седло (коскено лежиште во кое е сместена хипофизата).

Ако дојде до потешко пореметување на циркулацијата и дојде до инфаркт во аденомот на хипофизата, таквата состојба се нарекува апоплексија на хипофизата, а се карактеризира со потешки симптоми како:

  • силни главболки,
  • мачнина,
  • повраќање,
  • пореметување на свеста.

Може да се јави и:

  • пореметењо движење на очите (офталмоплегија),
  • пореметувања на видот и зениците,
  • знаци на менингитис (укоченост на вратот, менингеални знаци), поради присутност на крв во мозочната течност.

Синдромот може да се развива полека, постепено во тек на 24-48 часа или да преизвика ненадејна смрт.

Дијагноза

alt

Дијагнозата на пролактиномот се поставува врз основа на анамнезата и дополнителните испитувања. Врз основа на постоечките симптоми кај пациентот, докторот може да се посомнеза за постоење на овој вид на аденом на хипофизата. Дефинитивната дијагноза се поставува со лабораториски наод на зголемено ниво на пролактин во крвта, како и со рендгенграфија на главата, со компјутерска томографија и магнетна резонанца

Лекување

Сите пациенти со пролактином немаат потреба од терапија.

Терапијата се препорачува:

  • кај жените со пролактином, кои сакат да забременат,
  • кога постои намалено либидо,
  • кога постои изразена глактореа која им смета на пациентите,
  • кога пациентките сакаат да го регулираат нередовниот менструален циклус,
  • за да се намали ризикот од развој на остеопороза.

Кај мажите, исто така, се препорачува терапија, доколку постојат симптоми кои го намалуваат квалитетот на животот на пациентот (сексулана дисфункција, неплодност).

Терапијата на пролактиномот може да се спроведува на три начини и тоа со:

  • медикаментозна терапија (со примена на лекови),
  • хируршка терапија,
  • зрачна терапија.

Медикаментозна терапија

Лек на избор е бромкриптин, агонист на допаминот.

Бромкриптинот ја корегира хиперпролактинемијата кај скоро сите пациенти со микропролактином. Лекот може понекогаш да ја намали и големината на туморот, најмногу во текот на првите 3 месеци од лекувањето. Ако се прекине терапијата, нивото на пролактинот повторно се покачува, меѓутоа повторното растење на туморот може да се одложи со месеци или дури и со години.

Несакани ефекти кои може да се јават од бромокриптинот се:

  • мачнина,
  • надразнување на желудникот,
  • пад на крвниот притисок при исправена положба на телото (постурална хипотензија).

Овие несакани ефекти од лекот може да се намалат ако терапијата започне со давање на ниски дози навечер, за време на лесен оброк.

Други несакани ефекти од бромкриптинот се:

  • главоболка,
  • замор,
  • грчеви во стомакот,
  • запушеност на носот,
  • запек.

Бромкриптинот е, исто така, ефикасен и во третманот на големите макроаденоми. Ако во текот на терапијата, болната забремени, лекот се прекинува.

Хируршка и зрачна терапија

Хируршкиот зафат и зрачната терапија се други тераписки опции за овие тумори. Тие се применуват:

  • ако симптомите не се повлечат по 1-3 месеци од лекувањето со бромкриптинот,
  • при постоење на трајни проблеми и тешки пореметувања,
  • кај пациенти кои не го поднесуваат бромкриптинот.

Зрачната терапија има ограничена улога во третманот на пролактиномот. Вообичаената терапија со зрачење, со доза од 45 Gy во тек на 25 дена доведува до постепено намалување на нивото на пролактинот. Во периодот од 2-10 години, кај 30% од болните, нивото на пролактинот почнува повторно да расте.

Зрачната терапија може да доведе до недостаток на сите хормони на хипофизата, како и до привремени испади на видното поле и пореметено движење на очите.

Прогноза

Микроаденомите (микропролактиномите) имаат многу добра прогноза.

Прогнозата на макроаденомите (макропролактиномите) зависи од присутните симптоми и одговорот на спроведената терапија.