• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Откривањето на бактеријата Helicobacter pylori овозможи рано откривање на ракот на желудник

alt

Првите симптоми на ракот на желудникот може да бидат: непријатен здив, подригнување, болка позади градната коска, повраќање и отежнато голтање.

Во дијагнозата и целосното излекување на малигните заболувања најважна улога има раното откривање на болеста.

Процентот на излечените пациенти со рак на желудник, кој е откриен во неговата почетна фаза, кога туморот е локализиран и не е проширен во околните лимфни јазли, е многу висок и изнесува, според некои статистики, дури 80-90%.

Бенигните тумори на желудникот се ретки, за разлика од малигните тумори кои се многу почести.

Под поимот рак на желудник се подразбира аденокарцином на желудник. Тоа е тумор кој потекнува од жлездените клетки на слузницата на желудникот и е најчест хистопатолошки тип на тумор на желудникот (95-97%).

Староста е еден од факторите на ризик за карциномот на желудникот. Колку што е лицето во понапредната возраст, толку е поголем и ризикот за настанување на карцином на желудникот. Така, статистиката покажува дека во групата до 35 години, инциденцата изнесува помалку од 1 случај на 100 000 лица, за да достигне 96.1 случаи на 100 000 лица - кај популацијата со старост над 85 години.

90% од сите карциноми на желудникот, се јавуваат кај лица над 55 годишна возраст.

Карциномот на желудникот почесто се јавува кај машката, отколку кај женската популација.

Првите симптоми на болеста можат да бидат: непријатен здив, подригнување, болка позади градната коска, повраќање, а подоцна и отежнато голтање. Поради скриеното крварење од туморот, кај пациентот може да дојде до развој на слабокрвност, а поради постојаното повраќање, како и губитокот на апетитот доаѓа и до губиток на телесна тежина.

Постојат и пациенти без никакви симптоми, т.н. „неми“ пациенти, како и пациенти со постојан губиток на апетитот и одвратност према месо.

Кај некои пациенти доминира заморот, анемијата, гушењето, така да често се јавуваат на лекар поради наводно постоење на проблеми со срцето.

Исто така, постојат и пациенти кои порано имале чир на желудникот и сега чувствуваат болки кои се типични за чир на желудникот, болка на полн стомак, како и сезонскиот карактер на болеста.

Раното откривање на ракот на желудникот значи 90% негово излекување. Затоа е важно да секој човек во средна или понапредната возраст, кој има неодредени тегоби во стомакот, детално се испита и правовремено се гастроскопира.

Кои се симптоми на почетниот карцином на желудникот (carcinoma in situ)?

Почетни симптоми

Пациентите, обично, се жалат на болка во горниот дел од абдоменот, како што народски се вели, болка во лажичката, која трае во временски интервал од неколку дена. Болките се пропратени со мачнина и гадење, без повраќање.

Кај овие пациенти лабораториските наоди, ехотомографскиот преглед на абдоменот (метода со која неможе да се прегледа желудникот) и радиолошкиот преглед на желудникот (RTG на гастродуоденумот) се нормални, но серолошкиот тест на Helicobacter pylori е позитивен.

Пациентот обично добива терапија која ќе ја намали болката, ќе ја намали мачнината и гадењето, но надуваноста после оброкот ќе се зголеми. Во период од околу 2 месеци, откога пациентот ќе примети дека нагло почнува да слабее, се изведува гастроскопски преглед на желудникот.

При гастроскопскиот преглед се приметува лезија, т.е се приметува подигната слузница на желудникот со големина од 1 cm, со висина од само неколку милиметри, и со иста боја како и нормалната слузница на желудникот. Биопсијата од сомнителната лезија покажува наод за ран карцином на желудникот.

Другите неопходни прегледи ќе потврдат дека не постојат локални и далечни метастази, па болниот ќе биде опериран. Сигурно дека пациентот и понатаму ќе биде под редовени лекарски контроли. Но, ќе поминат години, а тој ќе живее здрав и квалитетен живот.

Револуционерно откритие

Револуционерното откривање на бактеријата Helicobacter pylori, која е предивикувач на чирот на желудникот и на дуоденумот, како и на карциномот на желудникот, овозможило и раното откривање на овие заболувања.

 

Најчитани наслови