• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Истражување

Идентификувани гени поврзани со рак на тестис

Ракот на тестисот е ретка болест и претставува само 2% од сите карциноми кои се јавуваат кај мажите. Но, тој е чест тумор кај...

Болести на простата - Рак

За болестите на простатата кај нас многу малку се знае. Единствен начин да се бориме против нив...
Таргет (целна) терапија – нова ера во третманот на напреднатите и метастатски карциноми

Како што истражувачите открија повеќе за генетските промени во клетките коишто го предизвикуваат ракот, така тоа им овозможи да развијат нови лекови кои делуваат конкретно на некој од овие промени.

Овие строго целни лекови делуваат на подруг начин од стандардните хемотераписки лекови и имаат различни пропратни несакани ефекти.

Целните терапии вклучуваат лекови кои го запираат создавањето на нови крвни садови кои го хранат ракот и лекови кои го запираат растењето на канцерските клетки. Тие често се користат како прва или втора линија на третман кај локално напреднатите и метастазирани карциноми. Додека тие може да го намалат или забават растот на ракот, сеуште не е јасно дали било кој од овие лекови може да го излечат ракот.

Што е ангиогенеза?

Поимот ангиогенеза означува создавање на нови крвни садови. Името произлегува од двата грчки збора: angio, во превод „крвни садови“ и genesis што значи „почеток, создавање“.

Ангиогенезата е нормален процес во организмот на човекот. Како што човечкото тело расте и се развива, тоа има потреба да создава и нови крвни садови за да може крвта да пристигне до секоја клетка во организмот. Како возрасни, нашиот организам нема така голема потреба за создавање на нови крвни садови, но постои време кога ангиогенезата е сеуште важен процес.

Новите крвни садови, на пример, му помагаат на телото да ги залечи раните и ги репарира оштетувањата на ткивата во организмот.

Но, кај пациенти со карцином, истиот процес создава нови, многу мали крвни садови кои го снабдуваат туморот со свој сопствен крвен систем преку кој крвта го храни туморот и на тој начин му овозможуваат на туморот побрзо да расте и да се шири.

Што се ангиогенезни инхибитори (моноклонални антитела)?

Ангиогенезните инхибитори се лекови кои го спречуваат туморот да создава нови крвни садови. Со спречувањето на стварање нови крвни садови на туморот, како и со уништувањето на веќе постоечките, се намалува снабденоста на туморот со крв, а со тоа се намалува и неговата снабденост со кислород и хранливи материи. На тој начин туморот ги нема потребните супстанции за растење и развивање, па постепено престанува да расте и полека почнува да се намалува.

ВЕГФ е клучен медијатор во формирањето на нови крвни садови со негова евидентна прекумерна експресија кај повеќе тумори.

Прекумерната експресија на ВЕГФ е поврзана со прогредирањето на болеста.

Анти ВЕГФ терапијата (моноклонални антитела), во клиничките студии, го контролира растот на туморот.

Моноклоналните антитела се антитела кои се произведуваат во лабораторија и можат да се врзат за специфичен дел од штетната супстанција (антиген). Поради селективното врзување за одредени делови на штетните агенси, тие може да бидат многу поефикасни од стандардната хемотерапија, а пратени со помалку придружни несакани ефекти.

Ова е нов вид на терапија кој дава надеж во лекувањето на напреднатите форми на карциноми.

Процесот на ангиогенеза - основа за раст на примарните и метастатските тумори .

Ангиогенезата игра главна улога во патофизиолошкиот развиток на малигномите.

ВЕГФ е клучен медијатор во формирањето на нови крвни садови (ангиогенезата) со негова евидентна прекумерна експресија кај повеќе тумори

Прекумерната експресија на ВЕГФ е поврзана со прогредирање на болеста.

Потенцијални ефекти од инхибицијата на ВЕГФ

  1. Инхибиција на растот и умножувањето на ендотелијалните клетки со што се намалува продукцијата на нови крвни садови.
  2. Намалување на способност за преживување на ендотелијалните клетки во незрелите крвни садови што доведува до регресија на новоформираните крвни садови.
  3. Намалување на пермеабилноста/пропустливоста на крвите садови што доведува до:
    • Намалување на ризикот од навлегување на туморските клетки во циркулацијата,
    • Намалување на интратуморскиот притисок и подобрување на доставата на макромолекули и кислород, со што се зголемува ефикасноста на хемотерапијата и радиотерапијата.
  4. Ендотелијалните клетки стануваат фрагилни, лесно руптурираат што резултира со крвавење, намалување на протокот на крв и регресија на крвните садови.

Таргет (целна) терапија во третман на напреднат карцином на дебело црево и ректум

Антиангиогенезните лекови се користат како прва линија на третман кај метастатскиот колоректален карцином. Тие се даваат во комбинација со хемотерапискиот протокол познат како IFL-протокол, кој ги содржи: irinotecan, 5-fluorouracil (5-FU), и leucovorin.

Антиангиогенезните лекови доведуваат до „нормализација„ на туморската васкулатура, до подобрување на дистрибуцијата на цитостатиците и даваат синергистички тераписки ефект.

Терапијата доведува до спречување на растот на нови туморски крвни садови со инхибиција на примарниот и метастаскиот туморски раст, регресија на васкулатурата на туморот и негово мирување.

Анти-ангиогените агенси го подобруваат преживувањето кај напреднатиот колоректален карцином.

Во тек се бројни развојни програми поврзани со колоректален карцином и со останатите малигни тумори.

Таргет (целна) терапија во третман на напреднат карцином на бубрег

Во изминативе неколку години неколку целни (таргет) лекови беа одобрени од страна на FDA (Америчка агенција за храна и лекови) за третман на напреднат и метастатски рак на бубрегот.

Целните терапии вклучуваат лекови кои го запираат создавањето на нови крвни садови кои го хранат ракот и лекови кои го запираат растењето на канцерските келии.

Тие често се користат како прва линија на третман кај локално напреднатиот и метастазиран рак на бубрегот. Додека тие може да го намалат или забават растот на ракот, сеуште не е јасно дали било кој од овие лекови може да го излечат ракот на бубрег.

Постојат бројни клинички студии, кои го испитуваат ефектот на таргет (целните) агенси кај напреднат и метастатски рак на бубрегот.

Денес се достапни 4 целни (таргет) агенси за третман на напреднат и метастатски карцином на бубрегот. Тоа се: Bevacizumab, Sunitinib, Sorafenib и Temsirolimus. Клиничките студии на овие 4 целни агенси покажале дека тие сигнификантно го продожуваат времето до прогресија на болеста, во споредба со она кое е постигнато со имунотерапијата (интерферон) или со плацебо.

TARGET студијата ја покажала ефикасноста на Sorafenib како втора линија на терапија, кај пациенти кои не дале успех, или кои не биле погодни за имунотерапија. Оваа студија опфатила вкупно 903 претходно лекувани пациенти, со стадиум IV на болеста. Овај лек генерално добро се поднесува, а несаканите ефекти можат ефикасно да се контролираат.

Клиничка студија, која го покажала позитивниот ефект на Bevacizumab даден во комбинација со интерферон, е AVOREN студијата. Таа опфатила вкупно 649 пациенти со локално напреднат и метастатски тумор на бубрегот.

Целните (таргет) агенси претставуваат нов стандард во третманот на напреднатиот и метастатски карцином на бубрегот.

Ова е нов вид на терапија кој дава надеж во лекувањето на напреднатиот карцином на бубрегот. Во тек се бројни клинички студии кои ја испитуваат ефикасноста и на други целни агенси кај карциномот на бубрегот.

Таргет (целна) терапија во третман на напреднат карцином на црниот дроб

На големиот конгрес одржан во Америка, посветен на заболувањата на црниот дроб, научниците од оваа област го претставиле лекот Sorafenib, кој покажал значителни резултати во лекувањето на пациентите со напреднат карцином на црниот дроб. Лекот кој бил претставен на конгресот, е прв лек кој на пациентите им го продолжува животот, а единствен лек, кој по неговата примена довел до подобрување на состојбата кај пациентите.

 

Тестис

Преглед на тестиси како превентива во навремено откривање на ракот на тестис.
[Преземено од YouTube]

Превенција и скрининг - рак на тестис

За раното откривање на болеста многу е важна едукацијата на младата машка популација. Тие треба да се информираат за раните симптоми и знаци на болеста, за значењето на самопрегледот... 


Рани знаци и симптоми

Многу е важно да машкото точно ја познава големината и обликот на своите тестиси, за да може да ги примети промените. Најчест симптом на карциномот на тестисот е присуство на мала, безболна тврдина... 

Простата

Рак на простатата, раскажува д-р Реј од клиниката за третман на ракот на простата - синхронизирано на македонски јазик.
[Преземено од YouTube]

Што е простата?

Простатата е орган со жлездесто-мускулна структура, чиј алкален секрет влегува во составот на семената течност (сперма)... 


Третман на карциномот на простатата

За одредување на најадекватна тераписка опција за одреден пациент, се разгледуваат многу фактори... 

Дебело црево

Настанување и ширење на ракот на дебелото црево - синхронизирано на македонски јазик.
[Преземено од YouTube]

Следење на болните со карцином на дебелото црево

Карциномот на дебелото црево бара доживотно следење (follow-up)... 


Дијагноза кај карцином на дебелото црево

Дијагнозата се поставува со внимателно земена анамнеза, физикален преглед по системи... 

Кожа

Настанување и типови на ракот на кожата - синхронизирано на македонски јазик.
[Преземено од YouTube]

Рак на кожа

Меланомот претставува малигно буење на меланоцитите, клетки кои го произведуваат пигментот на кожата. Тоа е најмалигни облик на кожен карцином и е најчеста причина за смрт од кожен карцином... 


Симптоми и знаци

Најчесто карциномот започнува како мала, сјајна папула која бавно и постепено се зголемува и по неколку месеци се појавува сјаен, бисерен раб со назначени проширени крвни садови... 

Дојка

Радиотераписки третман кај рак на дојка. Радиотерапијата ја одредува лекар специјалист (радиотерапевт и онколог).
[Преземено од YouTube]

Ширење на ракот на дојката

Ракот на дојката е системско заболување, дисеминиран процес, кој, уште од најраните фази на својот развој, е склон кон метастазирање... 


Симптоми и знаци за појава на рак на дојката

Ракот на дојката во својот почетен, ран стадиум е обично асимптоматски...