• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Помалку спиење - поголем ризик за рак на дојка?
alt

На жените кои спијат помалку од 6 часа им се заканува ракот на дојката. Имено, ризикот за заболување од рак на дојка, во тој случај се зголемува за 60%, што не се однесува за жените кои спијат по 7 часа.

Научниците дошле до сознание дека недоволниот сон влијае на произведувањето на хормонот мелатонин, кој игра важна улога во заштитата на телото од карцином.

Мелатонинот, кои се произведува во текот на сонот, го регулира внатрешниот часовник и го спречува стварањето на големи количини на естроген, кој може да биде поврзан со појавата на ракот.

Јапонските научници ги проучувале цели 8 години животните навики на дури 24.000 жени на возраст од 40 до 79 години. Жените кои спиеле помалку од 6 часа имале 62% поголема шанса да заболат од рак, во споредба со оние жени кои спиеле по 7 часа.

Покрај доволно спиење (7 часа), исто така и редовното вежбање, физичката активност, па дури и обавуавањето на секојдневните домашните обврски, можат значително да ја намалат можноста за појава на рак на дојката.

 

Најчитани наслови