• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Зошто ми се препишани два различни опиоиди за лекување на болката? Печати
Имам рак на простата, кој е проширен и во коските. Мојот онколог, кој ме води, ми препиша хормонска терапија за ракот на простатата, како и терапија за коскените метастази со лекови т.н. бисфосфонати, но и лекови за намалување на болката препичани ми се два различни опоиди.
Имам хронична болка и повремени епизоди на јака болка, кои траат кратко време, околу еден час. Мојот онколог за намалување на болката ми препиша два различни опоиди. Зошто ми се препичани два различни опоиди за болката?

Хормонската терапија доминантен тераписки модалитет за локално напреднат и за метастазичен карцином на простатата. таа даав одлични резултати во контролата на болеста и доведува до намалување на туморот на простатата.

Што се однесува до терапијата на болката, таа се лекува на повече начини. Во вашиот случај, за лекувањето на коскените метастази се применува терапија со лекови т.н.бисфосфонати, а може при јака болка да се спроведе и палијативна зрачна терапија во пределот на коските кои најмногу се зафатени со метастази. рсадиотерапијата значително ја намалува болкаста во пределот на озрачената регија.

Покрај овие два третмани за коскените метастази, за увлажувањето на коскената болка може да се примени и аналгетска терапија, со примена на адекватни лекови, аналгетици.

Бидејќи хроничната и пробивната болка се два различни типа на болка, тие се лекуваат со лекови кои делуваат на различен начин.

Хроничната болка се лекува со долгоделувачки лекови, кои се земаат во редовни временски интервали, со цел да се контролира болката за подолг временски период.

Пробивната болката се лекува со краткоделувачки лекови, кои се земаат само по потреба.

Овие два вида на лекови кои се препишуваат, делуваат заедно и ја лекуваат истовремено и хроничната и пробивната болката.

Се надевам дека ви помогнав со мојот одговор.

Поздрав,

Др. Л. Ацева
специјалист радиотерапевт и онколог