• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Клиничка слика на тумори на ЦНС Печати

Постојат голем број на симптоми кои се манифестираат при појава на тумори на централниот нервен систем (ЦНС), меѓутоа едни од поважните и почестите се следниве:

Зголемен интракранијален притисок

Зголемен интракранијален притисок се појавува после првите симптоми на тумор на ЦНС, доста често и многу години подоцна. Во ретки случаи кога туморот е лоциран во близина на патот кај што минува ликворот, туморот може да го блокира ликворот и да предизвика знаци на хидроцефалус. Во склоп на овој симптом се јавуваат и следните симптоми:

  • Главоболка
    Главоболката во почетокот се јавува во напади. Со понатамошното развивање на туморот тие стануваат подолготрајни и потоа остануваат трајни. Главоболките се почести во утринските часови како и во текот на ноќта. Местото на болката ретко се поклопува со локализацијата на туморот.
  • Повраќање
    Повраќањето се јавува кај околку 50% случаите на тумор кај возрасни лица. Обично настанува изненадно и нема никаква поврзаност со земањето на храна. Повраќањето се јавува почесто ноќе и во утринските часови.
  • Папиларна стаза на очните нерви
    Папиларна стаза на очните нерви е доста важни дијагностички знак на тумор на мозок иако не е секогаш присутна при тумор на мозокот. Најчесто се гледа кај тумор на малиот мозок и темпоралниот резон како и тумор на поност и хемисферите на мозокот.
  • Пореметување на пулсот и дишењето
    Поради притисок на мозочното стебло и јадрата на vagus од страна на туморот, плусот најнапред е успорен, под 60 во минута. Подоцна кога интракранијалниот притисок значително се зголемува пулсот постанува забрзан. Истото се случува и со дишењето кое во тешки случаеви е успорено а потоа на крајот е забрзано.
  • Епилептички напади
    Епилептички генерализирани напади се јавуваат во многу случаи на тумор на мозокот. Забележено е дека туморот со својата големина и локализација, кај некои пациенти предизвикува епилептички напади, а кај други не.
    Се претпоставува дека ова се случува поради тоа што во прашање се личности кои поради наследни предиспозиции имаат низок конвулзионен праг.
  • Психички пореметувања
    Психичките пореметувања можат да бидат први знаци на тумор на мозокот, и понекогаш може со месеци или години да им претходат на невролошките симптоми.
    Често тоа се јавуваат невротични испади, намалена концентрација или страв.
    Во колку се јават првите знаци на деменција, се јавува пореметено помнење, пад на работната способност.
    Пациентот може да реагира и со депресија, која му создава потешкотии.

Лажни локализациони знаци на тумор на мозокот

Најчесто настануваат поради отокот кој настанува како последица на туморот. Може брзо да се развијат симптоми во одредени делови, а не на онаа во која се наоѓа туморот.

Исто така, поради помествање на содржината во черепот и поради неговото притискање на цврстите фиброзни опни туморот, може да се јават знаци на оштетување на далечните регии.