• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Истражување

Идентификувани гени поврзани со рак на тестис

Ракот на тестисот е ретка болест и претставува само 2% од сите карциноми кои се јавуваат кај мажите. Но, тој е чест тумор кај...

Болести на простата - Рак

За болестите на простатата кај нас многу малку се знае. Единствен начин да се бориме против нив...
Што е интравезикална хемотерапија?

Интравезикална хемотерапија значи внесување на цитостатик директно во мочниот меур. Интравезикалната хемотерапија најчесто се користи кај површни тумори (Т0, Т1, Тis), ограничени на мукозата и субмукозата на мочниот меур. Таа најчесто е профилактична, адјувантна хемотерапија и се спроведува по реализираната трансуретрална ресекција на туморот (ТУРТ). Со трансуретралната ресекција се отстранува туморот, но за жал 60% од пациентите ќе имаат рецидив на болеста во рок од 2 години.

Интравезикалната хемотерапија е воведена уште во 1960 година, а првите обиди ги направил Sеmple со примена на профилин, а по една година Jones и Swinney применувале интравезикална хемотерапија со tiotepa. Нивните студии покажале добри резултати, односно добри ремисии.

Начинот на спроведување на интравезикалната хемотерапија е различен. Најчесто се спроведува со инсталација на цитостатикот еднаш неделно во тек на првиот месец, а потоа еднаш месечно во тек на една година. Цитостатикот е во контакт со слузницата на мочниот меур обично 60 минути. Лекот се внесува преку катетер во претходно испразнет мочен меур. Болниот не треба да зема многу течности 12 часа пред инсталирање на лекот за да не се намали неговата концентрација во мочниот меур и не треба да моча најмалку еден час по инсталирањето на лекот. Тој треба да ја менува положбата на секои 15 минути, за да биде целиот мочен меур во контакт со инсталираниот лек.

Искуствата со примената на tiotepa се најдолготајни и најпотполни. Се применува во доза од 30-60 mg растворена во 50 ccm дестилирана вода.

Како негативни особини на лекот се: силно локално иритирачко дејство врз слузницата на мочниот меур со појава на цистични тегоби и можни болки.

Во последно време, за интравезикална инсталација се користи цитостатикот Mitomycin C, во доза од 40 mg, кој дејствува преку инхибирање на синтезата на ДНА.

Друг цитостатик, кој исто така се применува за интравезикална апликација е и Adriamicin, во дози од 50 mg. Овој цитостатик доведува до хемиски цистити и слабо се ресорбира.

Поретко се користат: doxorubicin, 5-fluorouracil, epirubicin, bleomycin и други.

Инравезикалната хемотерапија се спроведува по реализираната трансуретрална ресекција на туморот, посебно кога не е можно да се отстранат сите видливи, најчесто папиларни туморски творби, потоа се применува кај carcinoma in situ, како и кај пациенти со чести рецидиви на карциномот на мочниот меур.

Интравезикална хемотерапија кај carcinoma in situ се применува после направен ТУРТ, бидејќи овие тумори често рецидивираат (се повторуваат).

Упатства за пациенти кои примаат итравезикална хемотерапија со mitomycin

Mitomycin-от се внесува во мочниот меур преку мочниот канал (уретра), со помош на катетер.

Зошто се дава Mitomycin?

По направената трансуретрална ресекција на површниот тумор на мочниот меур се спроведува интравезикална хемотерапија со Mitomycin.

Интравезикалната хемотерапија најчесто се применува кај површни тумори на мочниот меур (Т0, Т1, Тis) кои се ограничени на мукозата и супмукозата. Mitomycin-от се користи за да ја обложи слузницата на мочниот меур. Тој делува така што го прекинува нормалниот клеточен циклус. Клетките престануваат неконтролирано да се делат. Целта на терапијата е да се намалат шансите за повторно јавување на туморот, односно се намалувваат рецидивите на болеста. Научниците утврдиле дека mitomycin-от може да ја намали веројатноста за рецидив за 40%.

Како се спроведува третманот?

Mitomycin-от се аплицира преку катетер, веднаш по направенста трансуретрална ресекција на туморот. Пациентот лежи на кревет. Урологот го внесува mitomycin-от, кој е во вид на виолетова течност преку катетер директно во мочниот меур. Катетерот се затвора и пациентот треба да се обиде да го задржи лекот во мочниот меур еден час, односно да не моча. По еден час, катетерот се отвара и преку него се извлекува mitomycin-от надвор. По извлекувањето на лекот, катетерот се отстранува. Целата процедура не е болна, но може да се јави непријатно чувство. По целата процедура, пациентот си оди дома.

Припрема на пациентот пред третманот

Болниот не треба да зема многу течности 12 часа пред инсталирање на лекот. Ова се препорачува за да не се намали концентрацијата на цитостатикот во мочниот меур. Пациентот не треба да моча најмалку еден час по инсталирањето на лекот. Се препорачува само една часа течност.

Доколку пациентот е на терапија со диуретици (лекови кои се даваат за отстранување на вишокот течности во организмот), потребно е да го прекине нивното земање додека не заврши целиот третман.

Не се препорачува пиење на кафе или чај, бидејќи тие може да доведат до дополнително надразнување на слузницата на мочниот меур.

Пациентот треба да ја менува положбата на секои 15 минути за да биде целиот мочен меур во контакт со внесениот лек.

Колку е сигурен третманот и дали постојат одредени ризици?

Третманот обично добро се поднесува, но можно е да се јават некои умерени несакани ефекти.

Можни несакани ефекти од третманот се:

  • Непријатно чувство при мочање и почесто мочање од вообичаеното
    Ова се јавува кај приближно 40% од пациентите и обично се средува во тек на 48 часа по аплицирањето на лекот. Непријатното чувство при мочањето и почестото мочање се јавуваат како последица на хемиското дразнење на слузницата на мочниот меур.
  • Крв во мочката (хематурија)
    Крварењето може да се намали со пиење на 2-3 литри течност дневно во тек на неколку дена по третманот. Ова ќе помогне да се испере мочниот меур. Доколку хематуријата не исчезне ниту после 2 до 3 дена од третманот, треба да се консултира доктор.
  • Заматена мочка со непријатен мирис
    Заматена мочка со непријатен мирис може да биде показател за постоење на уринарна инфекција. Ова не е вообичаено да се јави поради третманот, но е ризик по направената трансуретрална ресекција. Затоа често на пациентите превентивно им се дава антибиотска терапија.
  • Осип на дланките или гениталните органи
    Ова се јавува кога лекот доаѓа во контакт со кожата. Забележан е кај 14-20% од пациентите и може да се намали со миење на рацете и гениталните органи после секое мочање.
  • Осип по целото тело
    Осип по целото тело се јавува како последица на алергиска реакција на лекот. Доколку се јави осип по целото тело, пациентот треба да се јави на лекар, кој може да му препише антиалергиска, хидрокортизонска крема.
    Осипот на целото тело е редок несакан ефект од терапијата и се јавува само кај 3-19% од пациентите. Посебно ретко се јавува после давање на една доза на mitomycin.

Што треба да се прави во наредните 48 часа по третманот

  • Треба да се пијат најмалку 2-3 литри течност неколку дена после третманот, за да се испере лекот од мочниот меур,
  • Во текот на наредните 48 часа по третманот, мажите треба да мочаат седејќи, за да се избегне прскањето на мочката на околната кожа при мочањето,
  • После секое мочање треба добро да се измијат рацете и гениталните органи со сапун и вода,
  • Доколку се испрскаат алиштата со мочка, тие треба добро да се исперат во машина,
  • Се препорачува користење на презерватив при сексуален однос со партнерката, во текот на 48 часа по третманот, со цел да се заштити партнерката.
 

Тестис

Преглед на тестиси како превентива во навремено откривање на ракот на тестис.
[Преземено од YouTube]

Превенција и скрининг - рак на тестис

За раното откривање на болеста многу е важна едукацијата на младата машка популација. Тие треба да се информираат за раните симптоми и знаци на болеста, за значењето на самопрегледот... 


Рани знаци и симптоми

Многу е важно да машкото точно ја познава големината и обликот на своите тестиси, за да може да ги примети промените. Најчест симптом на карциномот на тестисот е присуство на мала, безболна тврдина... 

Простата

Рак на простатата, раскажува д-р Реј од клиниката за третман на ракот на простата - синхронизирано на македонски јазик.
[Преземено од YouTube]

Што е простата?

Простатата е орган со жлездесто-мускулна структура, чиј алкален секрет влегува во составот на семената течност (сперма)... 


Третман на карциномот на простатата

За одредување на најадекватна тераписка опција за одреден пациент, се разгледуваат многу фактори... 

Дебело црево

Настанување и ширење на ракот на дебелото црево - синхронизирано на македонски јазик.
[Преземено од YouTube]

Следење на болните со карцином на дебелото црево

Карциномот на дебелото црево бара доживотно следење (follow-up)... 


Дијагноза кај карцином на дебелото црево

Дијагнозата се поставува со внимателно земена анамнеза, физикален преглед по системи... 

Кожа

Настанување и типови на ракот на кожата - синхронизирано на македонски јазик.
[Преземено од YouTube]

Рак на кожа

Меланомот претставува малигно буење на меланоцитите, клетки кои го произведуваат пигментот на кожата. Тоа е најмалигни облик на кожен карцином и е најчеста причина за смрт од кожен карцином... 


Симптоми и знаци

Најчесто карциномот започнува како мала, сјајна папула која бавно и постепено се зголемува и по неколку месеци се појавува сјаен, бисерен раб со назначени проширени крвни садови... 

Дојка

Радиотераписки третман кај рак на дојка. Радиотерапијата ја одредува лекар специјалист (радиотерапевт и онколог).
[Преземено од YouTube]

Ширење на ракот на дојката

Ракот на дојката е системско заболување, дисеминиран процес, кој, уште од најраните фази на својот развој, е склон кон метастазирање... 


Симптоми и знаци за појава на рак на дојката

Ракот на дојката во својот почетен, ран стадиум е обично асимптоматски...