• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Здрава исхрана при третман на канцер

Што е здрава исхрана?

Здравата храна подразбира внесување на балансирано количество на протеини, јаглени хидрати, масти, витамини и минерали. Здравата исхрана се базира на внесување на поголеми количини на протеини и јагленохидрати...
Витамини и минерали

Витамини и минерали за заштита на кожата, посебно во лето

Летниот период е време кога треба да размислуваме за заштитата на нашата кожа многу повеќе отколку во другите периоди во годината. Во лето поголемиот дел од денот...

Како да се хранам здраво

  • јадете компири, ориз и тестенини
  • јадете најмалку 5 порции со овошје и зеленчук дневно,
  • внесувајте белковини со консумирање на риба и пилешко месо,
  • избегнувајте масно црвено месо, свинско и телешко,
  • помалку внесувајте шеќер во исхраната,
  • пијте 6-8 чаши вода дневно,
  • не консумирајте засладени и газирани сокови.
Предностите на редовното вежбање

Недоволната мотивација е сигурно најчеста причина зошто луѓето не вежбаат доволно и редовно. Исто така, често ни е мотив за редовно вежбање само губитокот на вишокот килограми и добриот изглед на нашето телото, па затоа и не размислуваме за сите други предности кои ги дава редовното вежбање.

Кога ќе станеме свесни за сите предности на редовното вежбање, би ни било многу полесно да сватиме зошто е редовната физичка активност неопходна и нужна.

За подобро расположение

Било да ви служи како вентил за ослободување на насобраната негативна енергија и фрустрација или едноставо сакате да го освежите организмот умртвен со нездравиот начин на живот, вежбањето секогаш ќе ви го подобри расположението. Без оглед на тоа дали сте бесни или тажни, вежбањето помага бидејќи при тоа се ослободуваат одредени хемиски супстанции во мозокот, кои делуваат на расположението. Вежбањето ја јакне и самодовербата, која е уште еден чекор кон подобар и здрав живот.

Заштита од болести

Многу хронични заболувања можат да се спречат со умерна физичка активност, а редовното вежбање има и силно дејство против срцевите заболувања и остеопорозата. Освен тоа, физичката активност ви помага и во контролата на крвниот притисок и холестеролот, кои, исто такса, можат да предизвикаат бројни здравствени проблеми.

Контрола на телесната тежина

Ова е за многу лица можеби најважната причина за почеток на вежбање. Со вежбањето побрзо трошиме калории и така губиме килограми, тоа сите го знаат, но луѓето често како изговор го наведуваат недостатокот од време. Ако сте навистина мотивирани, ќе најдете време, било да пропешачите пола пат до своето работно место, било да се качите по скали до својот стан, наместо со лифт, или да се разгибувате додека гледате телевизија.

Појако срце и бели дробови

Дали сте приметиле како останувате без здив кога се качување по скали? Тоа е исклучиво поради тоа што не вежбате, но сето тоа може дса се измени со умерена физичка активност од само пола час дневно.

Подобар сон

Многу луѓе се жалат на брзо заморување и недостаток на квалитетен сон, а причината е често недостатокот на физичка активност и вежбање. Со зголемувањето на физичката активност ќе станете поенергични, но и ќе спиете подобро.

Подобар сексуален живот

Познато е да вежбањето може да го подобри сексуалниот живот, но не поради тоа што ќе ви го направи телото пофлексибилно и поотпорно, туку што вежбањето ќе ви даде дополнителна доза на енергија.

Вежбањето ја подобрува циркулацијата, што исто така им помага на мажите кои имаат проблеми со ерекцијата.

Забава

Вежбањето навистина не мора да биде досадно, посебно ако се практикува во група. Тогаш вежбањето се претвара во друштвена активност и, како таква, е веднаш попривлечна и поприфатлива. Затоа, секогаш добро решение се теретаните и лекциите од аеробик, јога или некој друг вид на фитнес. Ако од било кои причини не сакате да вежбате заедно со други, постојат многу начини да и вежбањето во својот дом го направите забавно и интересно.

 

Прочитајте и: