• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Истражување

Идентификувани гени поврзани со рак на тестис

Ракот на тестисот е ретка болест и претставува само 2% од сите карциноми кои се јавуваат кај мажите. Но, тој е чест тумор кај...

Болести на простата - Рак

За болестите на простатата кај нас многу малку се знае. Единствен начин да се бориме против нив...
Хормонска терапија
Индекс на артикл
Хормонска терапија
Хормонска терапија кај рак на простата
Сите страници

Хормонската терапија има значајна улова во третманот на некои видови на малигни тумори. Иако, механизмот на дејствување не е потполно разјаснет, утврдено е дека хормонската терапија може не само да ја спречи прогресијата на туморот, туку може и да доведе до негово намалување.

Хормонската терапија делува на хороносензитивните или хормонозависните тумори, кои се околу 15% од вкупниот број на малигни тумори. Кај овие тумори, хормонската терапија е метода на избор во плијативниот третман, бидејќи доведува до долготрајни ремисии (повлекување на болеста) со минимални споредни несакани ефекти.

Хормонска терапија кај рак на дојка

Најдобар пример за успешна хормонска терапија е напреднатиот рак на дојката. Оваа терапија се спроведува кај пациентки кои имаат хормоносензитивен карцином на дојката.

Хормонот естроген може да го забрза растот на малигните клетки кај хормосензитивните видови на рак на дојка. Во тој случај се применува хормонска терапија.

Хормонска терапија подразбира примена на лекови или хируршки зафат со кои се оневозможува делувањето на естрогенот на малигните клетки.

Хормонската терапија е ефикасна само во случај на рак на дојка кој е:

  • ЕР-позитивен (позитивен на рецепторите на естроген),
  • ПР-позитивен (позитивен на рецепторите на прогестерон),
  • ЕР позитивен и ПР позитивен.

Хормонската терапија е ефикасна за жените во секоја возраст.

Доколку туморот содржи естрогени рецептори (ЕР-позитивен тумор), кај 50-60% од болните се јавува добар одговор од хормонската терапија, и обратно, естроген негативните болни (ЕР-негативен тумор) имат минимален одговор (5-10%).

Прогнозата на ракот на дојката е во директна зависност од присуството на хормонските рецептори. Ако тестот е позитивен, прогнозата е значително подобра, и обратно. При понапредната возраст, веројатноста дека туморот ќе содржи хормоснки рецептори, е поголема. Исто така, доколку се повисоки концентрациите на рецепторот, поголема е веројатноста за одговор на терапијата. Кај овие случаи, хормонската терапија се применува со години и има 2-4 пати подобар ефект од цитостатската терапија, при што се избегнуваат несаканите токсични ефекти од истата.

Постојат 4 вида на хормонска терапија кои се применуваат во третманот на хормонозависните карциноми на дојката:

  • СЕРМ-лекови (tamoksifen),
  • Инхибитори на ароматаза (АИ),
  • ЕРД-лекови (faslodex),
  • Отстранување или супресија на функцијата на јајниците.

СЕРМ-лекови (селективни модулатори на естрогените рецептори)

Овие лекови го блокираат ефектот на естрогенот, бидејќи се врзуваат за рецепторите за естрогенот на малигните клетки. Знаци, тамоксифенот се врзува за рецепторите, наместо естрогенот. Поради тоа е оневозможено врзувањето на естрогенот за туморските клетки, а со тоа е оневозможено пренесувањето на сигналите за нивното растење. СЕРМ-лековите се земаат еднаш дневно во форма на таблети.

Тамоксифен

Најчесто користен СТЕМ-лек е тамоксифен. Тој е меѓу првите СТЕМ- лекови и дава добри резултати. Тамоксифенот може да ја намали можноста за рецидив на болеста, го спречува ширењето, па дури и самиот развој на ракот на дојката. Тој се применува кај жени пред или после менопауза, кои имаат рак на дојка со позитивни хормонски рецептори.

Тамоксифен: Што може да се очекува при негова примена?

Терапијата со тамоксифенот трае 5 години, но неговите позитивни ефекти можат да траат и до десет години.

Некои од несаканите ефекти од примената на хормонотерапијата со тамоксифен се:

  • топлотни бранови,
  • сува вагина или вагинален исцедок,
  • нередовни менструални циклуси,
  • катаракта (очно перде).

Посериозни, но поретки несакани ефекти се:

  • зголемен ризик од рак на еднометриумот (рак на телото на матката)
  • стварање на крвни тромби (тромбоемболија).

Инхибитори на ариматазата (АИ)

Овие лекови го намалуваат нивото на естроген кој се создава во организмот по менопаузата.

Постојат 3 лека – инхибитори на ароматазата:

  • Arimidex - хемиско име на лекот е anastrozol
  • Femara – хемиско име на лекот е letrozol
  • Aromasin - хемиско име на лекот е eksemestan

Инхибиторите на ароматаза се земаат еднаш дневно во форма на таблети. Се применуваат само кај жени кои се во менопауза и имаат рак на дојка со позитивни хормонски рецептори.

Сите инхибитори на ароматазата се ефикасни кај жени со напреднат или метастатски карцином на дојка.. Arimidex е корисен и во раниот стадиум на болеста.

Некои од можните несакани ефекти се следниве:

  • мачнина, гадење и повраќање,
  • запек или пролив,
  • болка во стомакот,
  • главоболки,
  • болки бо грбот,
  • болки во мускулите и зглобовите,
  • болки во грлото,
  • топлотни бранови.

Во споредба со тамоксифенот, инхибиторите на ароматазата предизвикуваат поретко топлотни бранови и не го зголемуваат ризикот од рак на матката. Ризикот за појава на крвни тромби е, исто така, помал при примена на ароматаза инхибиторите, но поголем е ризикот од остеопороза.

ЕРД-лекови (регулатори на уништувањето на рецепторите на естрогенот)

Овие лекови ги блокираат и уништуваат ертрогените рецептори на малигните келтки. Рецепторите се места за прифаќање на естрогенот. Без тие рецептори, естрогенот не може да се брзе за малигните клетки и на таој начин тие не растат. Моментално постои само еден ЕРД лек, а тоа е Faslodex, или неговото хемиско име е fulvestrant.

Faslodex се користи кај жени кои:

  • имаат тумор кој се проширил надвор од дојката,
  • имаат тумор со позитивни хормонски рецептори,
  • се во менопауза,
  • примале некоја друга хормонска терапија, на која станале отпорни.

Faslodex се дава еднаш месечно во форма на инекција Несаканите ефекти се исти како и кај ароматаза инхибиторите.

Отстранување или супресија на функцијата на јајниците

Отстранувањето или супресијате на јајниците е многу ефикасен начин на намалувањето на нивото на естрогенот кај жените кои се во предменопауза.

Се спроведува во третманот на жени кои имаат рак на дојка кој е позитивен на хормонските рецептори.

Постојат три главни начини на кои може да се постигне ова:

  • Отстранување на јајниците (постапката се изведува со помош на мали резови на долниот дел на стомакот),
  • Зрачење на јајниците со озрачувањето на јајниците се прекинува и нивното стварање на естрогенот),
  • Примена на лекови (Zoladex е лек кој преку централниот нервен систем пренесува сигнал за престанок настварање на естроген во јајниците. Хемиското име на Zoladex е goserelin acetat.

Прекинувањето на произведувањето на естроген во јајниците може да биде еднакво ефикасно како и земањето на тамоксифен. Во некои случаи, комбинацијата на Zoladex и тамоксифен може дџа биде еднакво ефикасна како и хемотерапијата.

Супресијата на јајниците може да предизвика исти несакани ефекти како и менопаузата.

Некои од овие несакани ефекти се:



 

Тестис

Преглед на тестиси како превентива во навремено откривање на ракот на тестис.
[Преземено од YouTube]

Превенција и скрининг - рак на тестис

За раното откривање на болеста многу е важна едукацијата на младата машка популација. Тие треба да се информираат за раните симптоми и знаци на болеста, за значењето на самопрегледот... 


Рани знаци и симптоми

Многу е важно да машкото точно ја познава големината и обликот на своите тестиси, за да може да ги примети промените. Најчест симптом на карциномот на тестисот е присуство на мала, безболна тврдина... 

Простата

Рак на простатата, раскажува д-р Реј од клиниката за третман на ракот на простата - синхронизирано на македонски јазик.
[Преземено од YouTube]

Што е простата?

Простатата е орган со жлездесто-мускулна структура, чиј алкален секрет влегува во составот на семената течност (сперма)... 


Третман на карциномот на простатата

За одредување на најадекватна тераписка опција за одреден пациент, се разгледуваат многу фактори... 

Дебело црево

Настанување и ширење на ракот на дебелото црево - синхронизирано на македонски јазик.
[Преземено од YouTube]

Следење на болните со карцином на дебелото црево

Карциномот на дебелото црево бара доживотно следење (follow-up)... 


Дијагноза кај карцином на дебелото црево

Дијагнозата се поставува со внимателно земена анамнеза, физикален преглед по системи... 

Кожа

Настанување и типови на ракот на кожата - синхронизирано на македонски јазик.
[Преземено од YouTube]

Рак на кожа

Меланомот претставува малигно буење на меланоцитите, клетки кои го произведуваат пигментот на кожата. Тоа е најмалигни облик на кожен карцином и е најчеста причина за смрт од кожен карцином... 


Симптоми и знаци

Најчесто карциномот започнува како мала, сјајна папула која бавно и постепено се зголемува и по неколку месеци се појавува сјаен, бисерен раб со назначени проширени крвни садови... 

Дојка

Радиотераписки третман кај рак на дојка. Радиотерапијата ја одредува лекар специјалист (радиотерапевт и онколог).
[Преземено од YouTube]

Ширење на ракот на дојката

Ракот на дојката е системско заболување, дисеминиран процес, кој, уште од најраните фази на својот развој, е склон кон метастазирање... 


Симптоми и знаци за појава на рак на дојката

Ракот на дојката во својот почетен, ран стадиум е обично асимптоматски...