• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Светски вести

Светски вести од областа на медицината

Вести и информации од светот, поврзани со новини во областа на ракот, негово изучување, третирање...
Електронски весник

Електронски весник

Ако сакате да бидете во тек, со сето она што се случува на нашиот портал, пријавете се за да го добивате нашиот електронски весник...
Зошто не постои национална скрининг програма за рак на простата во Велика Британија?

Не постои организирана скрининг програма за рак на простата во Британија, туку постои програма за подобра информираност по сопствен избор на пациентите.

Секоја скрининг програма со себе носи и извесни штети. Тука спаѓаат лажно позитивни резултати (лажни аларми), кои создаваат нервоза кај луѓето (пациентите), како и третман на болест во почетна фаза која инаку не би паравела некој значаен проблем за пациентот.

Така, кога се размислува да се воведе скрининг програма во општата популација, претходно мора убаво да се процени користа и штетата од скринингот и користа секогаш треба да биде многу поголема од евентуалната штета.

Од таа причина, сè додека не постојат јасни докази кои ќе покажат дека евентуална национална скрининг програма за рак на простата ќе има многу повеќе корисни од штетни ефекти, Националниот Здравствен Систем на Велика Британија нема да ги поканува мажите без симптоми на скрининг за рак на простата.

Во 1968 година, Wilson и Junger од СЗО (Светска Здравствена Организација) развија 10 основни принципи кои се база за успешна национална скрининг програма. Тоа се следните:

  1. станува збор за заболување кое е важен здравствен проблем за населението во дотичната држава
  2. природниот тек на болеста е во целост познат и научно разберен
  3. болеста може да се открие во раните стадиуми
  4. третманот на болеста е многу поефикасен во раната фаза
  5. постои соодветен тест за рано откривање на болеста
  6. тестот е прифатлив
  7. постојат соодветни средства, опрема и кадар со кои успешно ќе се решаваат евентуалните абнормални наоди (на пример џабе е скрининг програма за рак на простата ако немаш хируршки центри каде ќе се оперираат откриените тумори со скринингот)
  8. скринингот се прави во повторливи интервали (на 2, 3 години) кога болеста има подмолен карактер
  9. постојат многу помали шанси за штета од евентуална корист
  10. цената на скринингот е во согласност со бенефитот од скринингот

До овој момент, скрининг за рак на простата го исполнува само првиот од сите горенаведени услови. Од таа причина националниот комитет за скрининг во Британија препорача дека ваква скрининг програма за рак на простата не треба да се воведе во В Британија.

Сепак иако не постојат цврсти основи за ваква скрининг програма меѓу мажите во ВБ постои загриженост околу болеста и значителена побарувачка за PSA тест (prostata specific antigen-test) и од таа причина владата ја понуди таканаречената изборна незадолжителна програма за информираност во врска со ПСА наречена:

Проценка на ризик од рак на простата.

Главни елементи на оваа програма се обезбедување на високо квалитетна информација до мажите кои се заинтересирани за PSA test. Ова би требало да им даде насока на сите мажи сами да одлучат дали тестот ќе го направат или не, врз основа на сопствената проценка за ризик од рак на простата.