• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Торзија (увртување) на тестисот Печати

Торзијата на тестисот настанува со негово увртување околу својата оска.

Тестисот се увртува околу семеноводот. При тоа доаѓа до притискање на крвите садови на тестисот и тие не доведуваат доволно крв, а со тоа и хранливи материи и кислород во тестисот.

Торзијата на тестисот доведува до пореметување на крвната циркулација.

Торзијата настанува нагло и пратена е со изненадна јака болка и оток во тестисот, кој обично е високо подигнат во скроталната кеса. Се јавува и црвенило на кожата на скротумот.

Ова е ургентна акутна состојба во медицината и бара итна хируршка интервенција која треба да се изведе во рок од 4-6 часа, по појавата на првите симптоми. Доколку оваа состојба не се хируршки реши во период од неколку часа, може да дојде до трајно оштетување, односно до атрофија на тестисот (изумирање), поради недоволната циркулација во тестисот.

Торзијата најчесто се јавува кај новороденчињата и во пубертетот.

Торзијата на тестисот кај новороденчињата има поблаго изразени клинички симптоми, па дури и може да не се примети.

Кај новороденчињата, извртениот неспуштен тестис ја имитира клиничката слика на вклештена препонска кила.

Важно е поставување на брза и точна дијагноза, и итно лекување. Поради можноста од повторно поновување на торзијата, се советува обострана фиксација на тестисите.

Причини за настанувње на торзија на тестисот

Кај децата во предпубертетската и пубертетската возраст, торзијата се јавува исклучиво поради нецелосното прицврствување на тестисот во скроталната кеса. Поради тоа, тестисите се мобилни, а тоа доведува до нивно увртување.

Причината за тестикуларната торзија не е познат, но, се смета дека постои генетска предиспозиција (постоење на торзија на тестис кај таткото, братот).

Симптоми на тестикуларната торзија

Најчести симптоми на тестикуларната торзија се:

  • Болка, оток, црвенило, модрици на кожата на скротумот,
  • Високо поставен тестис во скротумот,
  • Мачнина и поврќање,
  • Губиток на рефлексот на кремастеричниот мускул (рефлекс кој го контролира движењето на тестисот при ладно, допир, емоционално возбудување или вежби).

Сепак овие симптоми варираат од пациент до пациент. Секое дете може различно да ги доживува и со различен интензитет.

Симптомите на тестикулрната торзија можат да бидат слични со симптомите на некои други состојби и медицински проблеми. Затоа секогаш кога ќе се јави нагла јака болка и оток на тестисот, треба ведаш да се отиде на доктор.

Поставување на дијагноза на тестикуларната торзија

Дијагнозата обично се поставува со земање на анамнеза и физикален преглед од страна на докторот. Може да се применат и други дијагностички тестирања. Но не постои тест кој секогаш точно може да ја дијагностицира тестикуларната торзија. Многу е важно поставување на итна дијагноза, затоа што долготрајната тестикуларна торзија предизвикува трајно оштетување на тестисот и на неговата функција.

Лекување на тестикуларната торзија

Докторот ќе одреди посебен програм за лекување, зависно од:

  • Возраста на пациентот, неговата општа здравствена состојба и од медицинската историја,
  • Од сериозноста на состојбата,
  • Од можноста на пациентот да ги поднесе различните процедури и терапија.

Сепак тестикуларната торзија бара итна интервенција и тоа во период од 66 часа по појавата на симптомите.

Кај повеќето деца кај кои се јавува торзија, потребен е хируршки третман, за да се реши трајно овој проблем. Токму хируршкиот зафат ќе спречи да се повтори торзијата. во иднина

Во некои случаи тестикуларната торзија може да се реши и со рачна манипулција.