• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Истражување

Идентификувани гени поврзани со рак на тестис

Ракот на тестисот е ретка болест и претставува само 2% од сите карциноми кои се јавуваат кај мажите. Но, тој е чест тумор кај...

Болести на простата - Рак

За болестите на простатата кај нас многу малку се знае. Единствен начин да се бориме против нив...
Лекување на малигните заболувања

По поставувањето на дефинитивната дијагноза на карциномот и одредувањето на стадиумот на болеста, се пристапува кон третманот на малигното заболување.

Денес ни стојат на располагање следниве методи на лекување:

Сите овие тераписки опции можат да се применуваат самостојно т.е. како монотерапија или многу почесто во комбинација т.е. како мултидисциплинарен третмански пристап.

Која метода на лекување ќе се примени зависи од повеќе фактори:

  • Од клиничкиот стадиум на болеста т.е. од проширеноста на болеста.
    По правило, доколку болеста е дијагностицирана во ран стадиум, која туморот е операбилен, првичниот третман или терапија на избор, кај повеќето малигноми е оперативниот третман. Обратно, доколку болеста е дијагностицирана во напреднат стадиум, почесто се применуваат конзервативните методи на лекување.
  • Локализација на туморот. Иако од локализацијата на туморот помалку зависи изборот на третманот, во некои случаи таа може да влијае тој да се измени, т.е. да отстапи од вообичаениот. На пример, малигните тумори на централниот нервен систем секогаш се оперираат независно од големината на туморот. И кај локално напреднатите тумори се изведува хируршка интервенција со цел да се отстрани што е можно повеќе туморско ткиво и да се изврши декомпресија.
    Исклучок се туморите кои се развиле во тешко достапни лезии за оперативна интервенција кои се наоѓаат во близина на витални органи. Заради ризикот од интраоперативниот смртен исход, болниот се лекува со радиотерапија, како алтернативна тераписка опција, која не е инвазивна метода, како што е тоа операцијата.
    Слично е тоа и со туморите на епифаринксот. Заради неповолната локализација, недостапноста за оперативен третман, тие не се оперираат, туку се лекуваат со зрачна терапија.
  • Хистопатолошкиот тип на туморот. Одредени хистопатолошки типови на малигноми се одликуват со изразена радиосензибилност (осетливост на зрачна терапија) и хемосензитивност (осетливост на цитостатските агенси).
    Тие се третираат со радиотерапија и цитостатска терапија, независно од стадиумот на болеста.
  • Општата состојба и возраста на болниот. Додека возраста денес не претставува посебна пречка за изведување на хируршката интервенција, од општата состојба на пациентот се уште зависи која од постоечките методи на лекување ќе се примени.
    Пациентите со оштетена функција на црниот дроб, на бубрезите, на срцето, ќе бидат кандидати за радиотерапија, и покрај тоа што според стадиумот на болеста и другите параметри, се операбилни. Кај нив ризикот од оперативниот третман, поради постоечките интернистички заболувања е многу голем.
    Лекувањето на малигните тумори е комплексно и бара познавање на повеќе медицински дисциплини. Тоа бара мултидисциплинарен пристап т.е. тим од специјалисти кој ќе донесе заедничка одлука за видот на лекувањето.
    Тимот го сочинуваат: хирург од одредена област (на пример неурохирург, уролог, гинеколог итн), радиотерапевт, радиолог и патолог.
    Овој тим на лекари-специјалисти од различни области изработува протокол за лекување на секое малигно заболување или ги превзема од некој значаен онколошки центар во светот.
    Во протоколот е јасно прецизирано кои испитувања се неопходни за утврдување на дијагнозата и стадиумот на болеста и која метода е најадекватна и најмалку ризична за одреден пациент и за одреден стадум на болеста.
    За успехот на третманот покрај раната и точна дијагноза, многу е важен и правилниот избор на третманот и стручноста на оној кој го изведува.
    Во онкологјата важи старото правило дека првиот третман е најважен.
    Од него зависи понатамошната судбина на пациентот.
    Лекувањето на рецидивите, односно релапсот на болеста многу поретко има куративен ефект, и многу почесто во тој случај, со примената на комбинираните третмани, се постигнува само палијативен ефект.
 

Тестис

Преглед на тестиси како превентива во навремено откривање на ракот на тестис.
[Преземено од YouTube]

Превенција и скрининг - рак на тестис

За раното откривање на болеста многу е важна едукацијата на младата машка популација. Тие треба да се информираат за раните симптоми и знаци на болеста, за значењето на самопрегледот... 


Рани знаци и симптоми

Многу е важно да машкото точно ја познава големината и обликот на своите тестиси, за да може да ги примети промените. Најчест симптом на карциномот на тестисот е присуство на мала, безболна тврдина... 

Простата

Рак на простатата, раскажува д-р Реј од клиниката за третман на ракот на простата - синхронизирано на македонски јазик.
[Преземено од YouTube]

Што е простата?

Простатата е орган со жлездесто-мускулна структура, чиј алкален секрет влегува во составот на семената течност (сперма)... 


Третман на карциномот на простатата

За одредување на најадекватна тераписка опција за одреден пациент, се разгледуваат многу фактори... 

Дебело црево

Настанување и ширење на ракот на дебелото црево - синхронизирано на македонски јазик.
[Преземено од YouTube]

Следење на болните со карцином на дебелото црево

Карциномот на дебелото црево бара доживотно следење (follow-up)... 


Дијагноза кај карцином на дебелото црево

Дијагнозата се поставува со внимателно земена анамнеза, физикален преглед по системи... 

Кожа

Настанување и типови на ракот на кожата - синхронизирано на македонски јазик.
[Преземено од YouTube]

Рак на кожа

Меланомот претставува малигно буење на меланоцитите, клетки кои го произведуваат пигментот на кожата. Тоа е најмалигни облик на кожен карцином и е најчеста причина за смрт од кожен карцином... 


Симптоми и знаци

Најчесто карциномот започнува како мала, сјајна папула која бавно и постепено се зголемува и по неколку месеци се појавува сјаен, бисерен раб со назначени проширени крвни садови... 

Дојка

Радиотераписки третман кај рак на дојка. Радиотерапијата ја одредува лекар специјалист (радиотерапевт и онколог).
[Преземено од YouTube]

Ширење на ракот на дојката

Ракот на дојката е системско заболување, дисеминиран процес, кој, уште од најраните фази на својот развој, е склон кон метастазирање... 


Симптоми и знаци за појава на рак на дојката

Ракот на дојката во својот почетен, ран стадиум е обично асимптоматски...