• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Истражување

Идентификувани гени поврзани со рак на тестис

Ракот на тестисот е ретка болест и претставува само 2% од сите карциноми кои се јавуваат кај мажите. Но, тој е чест тумор кај...

Болести на простата - Рак

За болестите на простатата кај нас многу малку се знае. Единствен начин да се бориме против нив...
Процесот на ангиогенеза - основа за раст на примарните и метастатските тумори

Ангиогенезата игра главна улога во патофизиолошкиот развиток на малигномите.

ВЕГФ е клучен медијатор во формирањето на нови крвни садови (ангиогенеза) со негова евидентна прекумерна експресија кај повеќе тумори.

Прекумерната експресија на ВЕГФ е поврзана со прогредирање на болеста.

Што е ангиогенеза?

Поимот ангиогенеза означува создавање на нови крвни садови. Името произлегува од двата грчки збора: angio, во превод „крвни садови“ и genesis што значи „почеток, создавање“.

Ангиогенезата е нормален процес во организмот на човекот. Како што човечкото тело расте и се развива, тоа има потреба да создава и нови крвни садови за да може крвта да пристигне до секоја клетка во организмот. Како возрасни, нашиот организам нема така голема потреба за создавање на нови крвни садови, но постои време кога ангиогенезата е сеуште важен процес.

Новите крвни садови, на пример, му помагаат на телото да ги залечи раните и ги репарира оштетувањата на ткивата во организмот.

Но, кај пациенти со карцином, истиот процес создава нови, многу мали крвни садови кои го снабдуваат туморот со свој сопствен крвен систем преку кој крвта го храни туморот и на тој начин му овозможуваат на туморот побрзо да расте и да се шири.

Што се ангиогенезни инхибитори (моноклонални антитела)?

Ангиогенезните инхибитори се лекови кои го спречуваат туморот да создава нови крвни садови. Тие се моноклонални антитела.

Моноклоналните антитела се антитела кои се произведуваат во лабораторија и можат да се врзат за специфичен дел од штетната супстанција (антиген). Поради селективното врзување за одредени делови на штетните агенси, тие може да бидат многу поефикасни од стандардната хемотерапија, а пратени со помалку придружни несакани ефекти.

Антиангиогенезните лекови го спречуваат стварањето на нови крвни садови на туморот, како и ги уништуваат веќе постоечките туморски крвни садови. На тој начин доаѓа до намалување на снабденоста на туморот со крв, а со тоа се намалува и неговата снабденост со кислород и хранливи материи. На тој начин туморот ги нема потребните супстанции за растење и развивање, па постепено престанува да расте и полека почнува да се намалува.

ВЕГФ е клучен медијатор во формирањето на нови крвни садови со негова евидентна прекумерна експресија кај повеќе тумори.

Прекумерната експресија на ВЕГФ е поврзана со прогредирањето на болеста.

Анти ВЕГФ терапијата го контролира растот на туморот во претклиничките испитувања.

Потенцијални ефекти од инхибицијата на ВЕГФ

  1. Инхибиција на растот и умножувањето на ендотелијалните клетки со што се намалува продукцијата на нови крвни садови.
  2. Намалување на способност за преживување на ендотелијалните клетки во незрелите крвни садови што доведува до регресија на новоформираните крвни садови.
  3. Намалување на пермеабилноста/пропустливоста на крвите садови што доведува до:
    • Намалување на ризикот од навлегување на туморските клетки во циркулацијата,
    • Намалување на интратуморскиот притисок и подобрување на доставата на макромолекули и кислород, со што се зголемува ефикасноста на хемотерапијата и радиотерапијата.
  4. Ендотелијалните клетки стануваат фрагилни, лесно руптурираат што резултира со крвавење, намалување на протокот на крв и регресија на крвните садови.

Антиангиогенезните лекови се користат како прва или втора линија на третман напреднатите и метастатски карциноми.

Антиангиогенезните лекови доведуваат до „нормализација„ на туморската васкулатура, до подобрување на дистрибуцијата на цитостатиците и даваат синергистички тераписки ефект.

Терапијата доведува до спречување на растот на нови туморски крвни садови со инхибиција на примарниот и метастаскиот туморски раст, регресија на васкулатурата на туморот и негово мирување.

Анти-ангиогените агенси го подобруваат преживувањето кај одредени видови на напреднати и метастатски карциноми.

 

Тестис

Преглед на тестиси како превентива во навремено откривање на ракот на тестис.
[Преземено од YouTube]

Превенција и скрининг - рак на тестис

За раното откривање на болеста многу е важна едукацијата на младата машка популација. Тие треба да се информираат за раните симптоми и знаци на болеста, за значењето на самопрегледот... 


Рани знаци и симптоми

Многу е важно да машкото точно ја познава големината и обликот на своите тестиси, за да може да ги примети промените. Најчест симптом на карциномот на тестисот е присуство на мала, безболна тврдина... 

Простата

Рак на простатата, раскажува д-р Реј од клиниката за третман на ракот на простата - синхронизирано на македонски јазик.
[Преземено од YouTube]

Што е простата?

Простатата е орган со жлездесто-мускулна структура, чиј алкален секрет влегува во составот на семената течност (сперма)... 


Третман на карциномот на простатата

За одредување на најадекватна тераписка опција за одреден пациент, се разгледуваат многу фактори... 

Дебело црево

Настанување и ширење на ракот на дебелото црево - синхронизирано на македонски јазик.
[Преземено од YouTube]

Следење на болните со карцином на дебелото црево

Карциномот на дебелото црево бара доживотно следење (follow-up)... 


Дијагноза кај карцином на дебелото црево

Дијагнозата се поставува со внимателно земена анамнеза, физикален преглед по системи... 

Кожа

Настанување и типови на ракот на кожата - синхронизирано на македонски јазик.
[Преземено од YouTube]

Рак на кожа

Меланомот претставува малигно буење на меланоцитите, клетки кои го произведуваат пигментот на кожата. Тоа е најмалигни облик на кожен карцином и е најчеста причина за смрт од кожен карцином... 


Симптоми и знаци

Најчесто карциномот започнува како мала, сјајна папула која бавно и постепено се зголемува и по неколку месеци се појавува сјаен, бисерен раб со назначени проширени крвни садови... 

Дојка

Радиотераписки третман кај рак на дојка. Радиотерапијата ја одредува лекар специјалист (радиотерапевт и онколог).
[Преземено од YouTube]

Ширење на ракот на дојката

Ракот на дојката е системско заболување, дисеминиран процес, кој, уште од најраните фази на својот развој, е склон кон метастазирање... 


Симптоми и знаци за појава на рак на дојката

Ракот на дојката во својот почетен, ран стадиум е обично асимптоматски...