• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Исхраната и малигните заболувања

Според Светската Здравствена Организација (СЗО), престанокот на пушењето, правилната исхрана, секојдневната умерена физичка активност, како и лекувањето на одредени инфекции, можат да го спречат настанувањето на околу една третина малигни болести. Ова е посебно важно, доколку се знае дека стапката на заболување од малигни болести во светот е во пораст за 50% и дека се очекува да до 2020 година се откријат 15 милиони новозаболени случаи.

Исхраната влијае на спречувањето (превенција), како и на успорувањето или, поретко, и на запирањето на процесот на канцерогенезата.

Доказите за комплексната поврзаност помеѓу навиките во исхраната и карциномот се собрани во тек на бројни и методолошки различни испитувања. Утврдено е да различни фактори на исхраната учествуваат во етиологијата на околу половина малигни заболувања.

Поврзаноста на некои нутритивни фактори со малигните заболувања

Локализација Масти Телесна маса Влакна Овошје и зеленчук Алкохол Чадени, солени, на скара припремени намирници
Бели дробови * X
Дојка X X * X
Дебело црево X X * *
Простата X X *
Жолчно кесе X *
Задно црево X X
Ендометриум X
Уста * X
Желудник X X
Бубрег X
Грло на матка X *
Штитна жлезда X
Хранопроводник X X

X - фактори на ризик
* - протективни (заштитни) фактори

Заштитни нутритивни материи кои го намалуваат ризикот за појава на рак

Протективни материи Препорачана дневна доза Заштитна улога
Селен 200 µg Селенот е важен антиоксиданс, кој го намалува ризикот за настанување на рак; неговиот недостаток во организмот го зголемува ризикот за настанување на рак.
Витамин A 1000 µg Витаминот A е антиоксиданс кој ја регулира епителизацијата на усната празнина, на дигестивниот и респираторниот систем и на кожата.
Витамин C 250-500 mg Витаминот C е антиоксиданс кој го намалува ризикот за појава на рак на белите дробови и рак на органите на системот на варење.
Витамин E 200 µg Витаминот E е важен антиоксиданс кој го намалува ризикот за појава на рак.
Фолна киселина 0,4 mg Фолната киселина го намалува ризикот за појава на рак на белите дробови, посебно кај пушачите.
Витамин B12 10-20 µg Витаминот B12 го намалува ризикот за појава на рак на белите дробови, посебно кај пушачите.
Калциум 1 g Калциумот го намалува ризикот за појава на рак на дебелото црево.
Витамин D 10 µg Витаминот D го намалува ризикот за појава на рак на дебелото црево.
 

Прочитајте и: