• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Прашања и одговори за Херпес симплекс вирусната (ХСВ) инфекција Печати
  1. Што е херпес?
  2. На кои места може да се јави херпес?
  3. Колку типови на ХСВ има?
  4. Што е Herpes simplex тип 1?
  5. Што е Herpes simplex тип 2?
  6. Какви симптоми имаат повеќето пациенти при првата епизода на инфекција со ХСВ вирусот тип 2?
  7. Дали повторно ќе добијам генитален херпес?
  8. Кога сум добил/добила генитален херпес?
  9. Што е животен циклус на вирусот?
  10. Зошто вирусот станува повторно активен?
  11. Кога и како се пренесува херпесот?
  12. Што е симптоматски херпес?
  13. Што е несимптоматски херпес?
  14. Како сум можел/можела да добијам херпес на негениталните регии?
  15. Како можам да ја намалам веројатноста да другите ги заразам со ХСВ вирусот?
  16. Како се изведува тестирањето за генитален херпес?
  17. Дали постојат лекови за лекување на гениталниот херпес?
  18. Како се лекува ХСВ инфекцијата?
  19. Предрасуди
  20. Што е епизодно лекување?
  21. Што е супресивно (превентивно) лекување
  22. Дали може гениталниот херпес да предизвика други проблеми?
  23. Дали гениталниот херпес е потежок кај лица заразени со ХИВ вирусот?
  24. Како да се заштитиме себе си и партнерот?
  25. Како да му се каже на партнерот дека имаме генитален херпес?
  26. Што треба да направам ако се посомневам дека имам генитален херпес?

Што е херпес?

Херпес е честа, доживотна инфекција која се пренесува со сексуални односи или со допир на кожа со кожа при милување, бакнување.

На кои места може да се јави херпес?

Херпесот може да се јави на усните (орален херпес), на гениталните органи (генитален херпес) или на другите делови на телото (негенитален херпес).

Колку типови на ХСВ има?

Постојат два типа на ХПВ вируси: Herpes simplex тип 1 и Herpes simplex тип 2.

Што е Herpes simplex тип 1?

ХСВ тип 1 е вирус кој најчесто предизвикува грозница на усните или лицето. Таа се манифестира со појава на воденести меурчиња. Може да се пренесе преку бакнежи и може да се јави во било кој период од животот. Исто така, може да се пренесе и на гениталната регија со директен допир на кожа со кожа за време на оралниот секс.

Што е Herpes simplex тип 2?

ХСВ тип 2 е вирус кој е одговорен за 90% од сите генитални херпеси. Само 10 % од сите генитални херпеси се предизвикани од ХСВ тип 1.

ХСВ тип 2 се пренесува со сексуален однос и е сексуално пренослива болест.

Какви симптоми имаат повеќето пациенти при првата епизода на инфекција со ХСВ вирусот тип 2?

Повеќето луѓе нема да имаат никакви видлви симптоми и знаци веднаш по инфекцијата и нема да знаат дека се заразени со вирусот. Симптомите може да ги приметат многу подоцна.

Кај други пак, првите симптоми на гениталниот херпес ќе се јават по 2 до 21 ден од навлегувањето на вирусот во телото. Првото избивање на херпеспт е најјако. Кога лицето за прв пат доаѓа во допир со вирусот, неговиот имунолошки систем немал време да создаде заштитни антитела. Тоа значи дека вируот може брзо да се размножува и да предизвика јаки симптоми.

Доколку постои јако избивање на гениталниот херпес, може да се примети следново:

  • Отечени и болни лимфни јазли во пределот на препоните.
  • Симптоми слични на грип, како на пример, покачена телесна температура, болки во мускулите, општа слабост, малаксаност, главоболка, грозница.
  • Може да постои оток, свраб или болка околу гениталиите, после што се појавуваат болни црвени чворчиња, кои преминуваат во меурчиња.
  • Меурчињата прскаат и на нивно место се ствараат болни кожни ранички или чиреви, кои покасно се сушат, на нивно место се ствараат красти, кои по извесно време отпаѓаат, не оставајќи лузни.
  • Можно е да се јави печење и болка при мочањето,
  • Можно е да се јави и вагинален исцедок кај жените.

Симптомите обично исчезнуваат по 2 до 4 недели и не оставаат трајни оштетувања.

Дали повторно ќе добијам генитален херпес?

Можно е да се јави повторно гениталниот херпес. Ако дојде до тоа, новите избивања се обично поблаги, а заздравувањето е побрзо. Некои луѓе имат чести повторувања (рецидиви) на инфекцијата, додека пак, други имаат ретки рецидиви. Со тек на време, повеќето луѓе имат сè послаби симптоми, а кај некои избивањето на инфекцијата и целосно престанува.

Кога сум добил/добила генитален херпес?

Тоа е тешко да се каже. Можеби неодамна сте биле изложени на вирусот, но можеби едноставно имате прво избивање на херпесот по претходно изложување вирусот, кое било веројатно многу порано. Лицето кое ве заразило со вирус веројатно не ни знаело дека го има вирусот.

Што е животен циклус на вирусот?

ХСВ вирусот има две состојби во својот животен циклус:

  • Неактивна состојба – кога вирусот е скриен во телото, во нервните клетки,
  • Активна состојба – кога вирусот е присутен во кожата, во раните или без нив.

Зошто вирусот станува повторно активен?

Научниците не се сигурни зошто вирусот повторно станува активен, но се покажало дека за активирањето на вирусот се врзани некои состојби како стрес, изложување на сонце, менструација, сексуална активност, физички напор, намален имунитет, настинка.

Причините за повторното активирање на вирусот се разликуваат од едно до друго лице, а со време може да се менуваат и кај едно исто лице. Треба при избивањето на херпесот да се разгледаат сите фактори кои би можеле да бидат причина за повторното јавување на болеста. Тоа може да му помогне на лицето го си го организира својот начин на живот и така најлесно да го контролира гениталниот херпес.

Кога и како се пренесува херпесот?

Највообичаен начин на пренесување на ХСВ тип 1 или 2 е со директен допир на кожа со кожа при бакнување, милување или при вагинален, орален или анален секс.

Медицинскиот термин за пренесување на вирусот од површината на кожата се нарекува вирусно активирање. Вирусното активирање може да се јави со симптоми (симптоматски херпес) и без симптоми ( несимптоматски херпес). На пример, кога постои избивање, а исто така, понекогаш и која нема симптоми.

Што е симптоматски херпес?

Најраните, почетни симптоми на инфекцијата се свраб или чувство на печење во пределот на инфицираната регија.. Овие симптоми можат да траат од неколку сати до неколку дена пред да се развие херпесното меурче. Понекогаш може да се јави остра болка која оди по нервите на ногата или на задникот. Тие симптоми се нарекуваат продромални симптоми (тоа се симптомите кои се јавуваат непосредно пред избивањето на меурчињата). Вирусот може да биде активен за време на продромалните симптоми и сè додека постојат раничките.

Што е несимптоматски херпес?

Избивањето на херпесот често пати може да биде толку слабо изразено и да не примети. Некој пат активирањето на инфекцијата може да биде и без симптоми. Тоа се вика несимптоматско активирање и може да се јави во било кое време помеѓу две избивања, па дури и кога лицето воопшто до тогаш немала херпесно избивање.

Како сум можел/можела да добијам херпес на негениталните регии?

На развојот и размножувањето на ХСВ вирусот најмногу му одговара меката кожа на усните и на гениталната и аналната регија. Кога херпес вирусот ќе дојде во допир со други делови на телото, постои мала веројатност дека тој ќе продре низ подебелата кожа. Најверојатното објаснување за херпесот на негениталните делови од телото е да вирусот додека патувал долж нервот преку една негова гранка избил на соседната површина на кожата.

Како можам да ја намалам веројатноста да другите ги заразам со ХСВ вирусот?

Ризикот да другите ги заразите со херпес може да се намали доколку се придржувате на следниве упатства:

  • Разговарајте за гениталниот херпес со вашиот сексуален партер и заедно превземе потребни заштитни мерки.
  • Прашајте го вашиот партнер дали има херпес. Ако има ист тип на херпес како и вие, би требало веќе да имате заштитни антитела во вашиот организам. Ова е многу корисно да се знае, посебно доколку сте во долготрајна врска.
  • Вашиот лекар може да ја утврди имунолошката состојба на херпесот со едноставна анализа на крвта.
  • Кога имате симптоми на ХСВ инфекција, воздржувајте се од сексуални односи и близок контакт со партнерот.
  • Користете презервативи. Иако презервативите не нудат 100% заштита од инфекција со ХСВ вирусот, сепак пружаат добра заштита и помал ризик од инфекција. Иако кондомите не ги покриваат сите места на кои може да се јави вирусното заболување, даваат одредена заштита од гениталниот херпес, бидејќи ги покриваат деловите на телото на кои несимптоматско активирање најчесто се јавува. Важно е да се навлече презервативот штом дојде до потполна ерекција, а не пред самата пенетрација.
  • Користете дентални брани (dental dams). Денталните брани се тенки латекс превлаки кои може да се купат во аптеките, а се користат кога се применува орален секс. Тие ќе го намалат ризикот од орален херпес и ќе го минимизираат ризикот од генитален херпес.
  • Разговарајте со вашиот лекар за сето ова, како и за другите решенија кои се погодни за вашата ситуација.

Како се изведува тестирањето за генитален херпес?

Постојат неколку дијагностички тестови за херпесот. Секој од нив е со променливи степени на точност. За тестирањето обратете се кај својот лекар.

Дали постојат лекови за лекување на гениталниот херпес?

Лековите за гениталниот хепрес се во вид на таблети. Постојат 3 врсти на антивирусни таблети за лекување на гениталниот херпес: famciclovir, aciclovir и valaciclovir. Овие лекови делуваат на тој начин што го запираат размножувањето на вирусот на херпесот.

Како се лекува ХСВ инфекцијата?

Постојат три различни лека кои со голем успех се користат во лекувањето на херпесот. Кој од нив ќе ги препише лекарот зависи од повеќе различни фактори, како од личниот избор, па до едноставноста во дозирањето. Иако отпорноста на лековите и нивните несакани ефекти, се ретки, некои пациенти и лекари одредени лекови ги сакаат повеќе од другите.

Лекување на почетна и повторена инфекција

Почетно избивање:

  • Zovirax (Acyclovir) 400mg три пати на ден, во тек на 7 до 10 дена,
  • Famvir (Famciclovir) 250mg три пати на ден, 7 до 10 дена,
  • Valtrex (Valacyclovir) 1 gr. два пати на ден 7 до 10 дена.

Повторена (рецидивна) инфекција: Лекувањето на рецидивната инфекци8ја е обично пократко и дозите се помали потколку при првата инфекција. Било кој од овие лекови е успешен:

  • Zovirax (Acyclovir) 400mg три пати на ден во тек на 5 дена,
  • Famvir (Famciclovir) 125 mg два пати на ден во тек на 5 дена,
  • Valtrex (Valacyclovir) 500mg два пати на ден во тек на 5 дена.

Супресија (превенција): Кај некои лица со слаб имунолошки систем (посебно кај лица со ХИВ вирус) херпесот премногу често рецидивира. Овие лица можат да имаат корист од хронична антихерпесна терапија која ќе го намали бројод на рецидивите на инфекцијата. НО, супресивната терапија е и опасна, бидејќи хроничното лекување ќе доведе до отпосност (резистентност) на вирусот на лековите.

Било кој од овие три антивирусни лекови е добар за супресија:

  • Acyclovir 400mg два пати на ден,
  • Famciclovir 250mg два пати на ден или
  • Valacyclovir 500mg дневно.

Некои доктори советуваат комбинирање на лековите со акловиска паста за лекување на акутните напади на инекцијата. Повеќето лекари, пак, сметаат дека ова крема не е ефикасна.

Предрасуди

Еве некои факти за честите заблуди.

  • Крастите СЕ херпес, а херпесот може да се шири и без надворешни знаци на избивање на инфекцијата.
  • Отворените рани кај афтите НЕ СЕ херпес.

Што е епизодно лекување?

Епизодно лекување на гениталниот херпес е лекување на инфекцијата кога таа ќе се појави, т.е. лекување на поединечните избивања на гениталниот херпес према потреба. Со употребата на лековите при појава на првите знаци на избивање на херпесот ќе се скрати траењето и ќе се ублажи јачината на симптомите.

Што е супресивно (превентивно) лекување?

Кај супресивното (превентивно) лекување, лекот се зема секој ден со цел да се намали честотата на избивањето на херпесот. Континуираното супресивно лекување е посебно корисно за оние лица кои имаат чести или проблематични избивања на херпесот. Со превентивното лекување значително се намалува симптоматското и несимптоматското вирусно активирање.

Многу лекари го применуваат супресивното лекување на херпесот кај луѓе заразени со ХИВ вирусот, бидејќи кај нив, поради намалениот имунитет, избивањата на херпесот се почести и посилно изразени. Супресивната терапија кај овие пациенти го намалува вирусното активирање.

Доколку се чувствуавте многу непријатно и загрижено поради јачината на избивањето на херпесот, супресивната трапија би можела да ви овозможи да помалку се фокусирате на херпесот. Таа емоционална растеретеност може да ви даде време да се прилагодите на животот со оваа инфекција. Емоционалниот стрес, исто така, може да провоцира и нови напади на избивање на херпесот.

Дали може гениталниот херпес да предизвика други проблеми?

Обично гениталниот херпес не предизвикува поголеми проблеми кај здравите возрасни лица. Кај некои лица, кои имаат намален имунитет, кожните епизоди можат да траат подолго и можат да бидат посилно изразени.

Ако жената има прва епизода на генитален гхерпес во текот на својата бременост, таа може да го пренесе вирусот на нероденото дете и може да роди недоносено дете. Децата заразени со ХСВ вирусот можат да умрат или да се родат со тешко оштетени нерви, мозок, кожа, очи. Ако децата родени со херпес ведаш почнат да се лекуваат со acyclovir, шансите за нивното оздравување се поголеми. Затоа е потребна интензивна здравствена едукација на трудниците со генитален херпес. Доколку трудницата има рецидивна (повторена) епизода на генитален херпес, мал е ризикот да го зарази своето бебе за време на породувањето.

Ако жената има симптоми на генитален херпес во текот на породувањето, тие кожни промени се наоѓаат во породилниот канал или во неговата близина. Во тој случај се препорачува да се направи царски рез со цел да се заштити детето. Но, повеќето жени со генитален херпес немаат знаци за активна инфекција во текот на бременоста, па можат да имат и нормално породување.

Дали гениталниот херпес е потежок кај лица заразени со ХИВ вирусот?

Гениталниот херпес, како и другите генитални болести кои предизвикуваат кожни ранички, ја зголемува можноста од инфекција со ХИВ вирусот, кој ја предизвикува болеста СИДА. Поради намалениот имунитет, лицата со сида можат да имаат потешки и подолготрајни симптоми на активна херпес инфекција.

Како да се заштитиме себе си и партнерот?

Доколку кај лицето постојат рани знаци на скоро избивање, или веќе присутни кожни промени, потребно е лицето да се воздржува од сексуални односи сè додека раните не заразнат целосно. Во периодот помеѓу емисиите на кожните промени, користењето на кондомот може само делумно да обезбеди заштита од инфекција со вирусот.

Како да му се каже на партнерот дека имаме генитален херпес?

Сексуално преносливата болест е непријатна тема и затоа е разбирливо дека на заболеното лице му е тешко да за тоа разговара со својот партер. Но, партерот или партнерката има право да знае, не само за да се заштити од инфекцијата, туку и за да може да му даде поддршка на својот заболен партнер.

Разговорот најдобро е да се одвива во мирна атмосфера и на само со партнерот. Треба при разговорот да се биде отворен и да се кажат сите факти врзани за болеста. Доколку заразеното лице веќе имало сексуален однос, со или без заштита, треба да се советува партнерот или партнерката да отиде на лекарски преглед и да ги направи потребните дијагностички тестови.

Доколку заразеното лице имало кожни промени за кои подоцна е утврдено дека се предизвикани од ХСВ вирусот, а во тој период имало повеќе сексуални партнери, треба да ги информира и предупреди сите сексуални партнери за можноста и опасноста од инфекција.

Што треба да направам ако се посомневам дека имам генитален херпес?

Доколку се посомневате дека имате генитален херпес важно е веднаш да се посоветувате со вашиот лекар. Лекарот може, врз основа на анамнезата и физикалниот преглед, да оцени дали постои можност за постоење на генитален херпес и ќе назначи некои дополнителни дијагностички тестови.

Раното дијагностицирање на гениталниот херпес многу полесно се лекува и со тоа се спречува неговото ширење, како и повторните, рецидивни избивања на херпесот, односно повторното активирање на вирусот. Раната терапија овозможува намалување на веќе присутните симптоми и знаци на инфекцијата, а воедно ги спречува и подоцнешните рецидиви на болеста.