• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Лекување на гениталниот херпес Печати

Не постои каузален лек за лекување на гениталниот херпес. Практично, тоа значи дека за сега не постои лек кој може да се земе, да се изпие или да се намачка, кој би ја излечил оваа болест засекогаш.

Антивирусни лекови кои се користат во третманот на гениталниот херпес се:

  • Acyclovir (Zovirax) ги лекува првите и/или доцните епизоди на гениталните кожни промени,
  • Famciclovir (Famvir) ги лекува доцните епизоди на гениталниот херпес и помага во спречувањето на повторни епизоди на кожни промени,
  • Valcyclovir (Valtrex) ги лекува доцните епизоди на гениталниот херпес.

Овие три различни лека со голем успех се користат во лекувањето на херпесот. Кој од нив ќе ги препише лекарот зависи од повеќе различни фактори, како од личниот избор, па до едноставноста во дозирањето. Иако отпорноста на лековите и нивните несакани ефекти, се ретки, некои пациенти и лекари одредени лекови ги сакаат повеќе од другите.

Лекување на почетна и повторена инфекција

Почетно избивање: Постојат 3 антивирусни лекови кои се користат во третманот ан почетното херпесно избивање. Тоа се:

  • Zovirax (Acyclovir) 400mg три пати на ден, во тек на 7 до 10 дена,
  • Famvir (Famciclovir) 250mg три пати на ден, 7 до 10 дена,
  • Valtrex (Valacyclovir) 1 gr. два пати на ден 7 до 10 дена.

Повторена (рецидивна) инфекција: Лекувањето на рецидивната инфекција е обично пократко и дозите се помали потколку при првата инфекција. Било кој од овие лекови е успешен:

  • Zovirax (Acyclovir) 400mg три пати на ден во тек на 5 дена,
  • Famvir (Famciclovir) 125 mg два пати на ден во тек на 5 дена,
  • Valtrex (Valacyclovir) 500mg два пати на ден во тек на 5 дена.

Супресија (превенција): Кај некои лица со слаб имунолошки систем (посебно кај лица со ХИВ вирус) херпесот премногу често рецидивира. Овие лица можат да имаат корист од хронична антихерпесна терапија која ќе го намали бројод на рецидивите на инфекцијата. Но, супресивната терапија е и опасна, бидејќи хроничното лекување ќе доведе до отпорност (резистентност) на вирусот на лековите.

Било кој од овие три антивирусни лекови е добар за супресија:

  • Acyclovir 400mg dvaput dnevno,
  • Famciclovir 250mg dvaput dnevno ili
  • Valacyclovir 500mg dnevno.

Некои доктори советуваат комбинирање на лековите со акловиска паста за лекување на акутните напади на инекцијата. Повеќето лекари, пак, сметаат дека ова крема не е ефикасна.

Во текот на активната фаза на инфекцијата, било да е таа прва или поновена, потребно е пациентот да се придржува на одредени мерки како би се забрзало заздравувањето и би се спречило ширењето на инфекцијата на другите делови на телото или би се спречило пренесувањето на инфекцијата на други лица.

Тие мерки се:

  • Инфицираните места треба да се одржуваат чисти и суви, со цел да се спречи инфицирањето на отворените рани со некои други микроорганизми, на пример со бактерии,
  • Да се избегнува да се пипаат или чешаат кожните промени,
  • Да се добро измијат рацете по допирањето на кожните промени,

Да се избегнува сексуален однос од моментот кога за прв пат ќе се почувствуваат симптомите, па сè додека кожните промени не зараснат потполно, а тоа значи сè додека не отпаднат крастите и не се појави нова кожа на местото на кожите промени.

Избивањето на кожните промени може да биде стресно, непријатно, неестетско и понекогаш болно чувство. Загриженоста поради можното пренесување на болеста, како и прекинот на сексуалните односи за време на присутните симптоми на болеста може да го нарушат и односот со партнерот. Затоа е потребно пациентот да се посоветува со лекар и да се придржува на тераписките препораки. Потребно е заразеното лице да се запознае со природата на болеста, со нејзиниот начин на лекување, како и со мерките за спречување на нејзиното ширење и пренесување на друг сексуален партнер.