• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Поставување на дијагноза на херпес симплекс инфекцијата Печати

Сомнежот за постоење на генитален херпес се поставува врз основа на анамнестичките податоци кои ги дава пациентот. Присутните симптоми и знаци на болеста, како и информацијата за здравјето на сексуалниот партнер може да го наведе лекарот да помисли на можна инфекција со ХСВ вирусот.

Дијагнозата се поставува со лекарскиот преглед, а се потврдува со дијагностички тестови, како земање на брис од активната кожна раничка за цитолошки преглед или за имунофлуоресцентен тест.

Лекарот го утврдува присуството на вирусот изолирајќи го од раничките и негово засадувајќи го на хранлива подлога. Културата на вирусот се разликува од бактериската култура и бара друга подлога за да може вирусот да се развие. Доколку постои воспаление на грлото, а пациентот не каже дека имал орален секс со заразено лице, лекарот може да направи само стандарден брис и во тој случај нема да се дијагностицира херпесот.

Вирусот може да се изолира само во текот на фазата на неговото избивање, односно додека постојат кожни ранички. Доколку веќе се формирале красти на раничките, дијагнозата нема да биде прецизна. Нагативниот наод може да го залаже пациентот дека нема инфекција, а таа всушност да постои.

Лекарот, исто така, може да го провери и присуството на антитела за ХПВ вирусот во крвта. Овој тест обично се прави по избивањето, кога раничките исчезнале, но присуството на антитела покажува дека лицето имало претходна ХСВ инфекција

Вирусот на ХСВ понекогаш тешко се открива во култура, така да овие тестови можат да бидат и негативни. Негативниот тест не значи дека лицето и не е заразено со ХСВ вирус. Дури и ако лабораториските тестови не покажат присуство на ХСВ вирус, тој може да е присутен во телото, односно во нервите.

Со оглед на тоа што повеќето луѓе имаат антитела против херпес вирусот, значењето на одредувањето на антителата во крвта и проверката на статусот на антителата е од секундарна важност.

Крвниот тест може да покаже дали е лицето заразено или било заразено со вирус. Исто така, крвниот тест може да покаже дали се работи за инфекција со ХСВ тип 1 или ХСВ тип 2 вирусот.