• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Како да се заштитиме од ХПВ инфекција Печати

За оние лица кои се сексуално активни, спречувањето на инфекцијата може да биде тешко бидејќи повеќето од нив воопшто не знаат дали се инфицирани. Сепак постојат бројни начини како да се намали ризикот од инфекција, а меѓу нив спаѓаат:

  • Кондомите можат да обезбедат некаква заштита од ХПВ, но тие не се 100% ефикасни, бидејќи преносот на ХПВ претежно е преку кожа-кожа контакт. Вирусот може да ја зарази кожата која не е покриена со кондом.
    Во една неодамнешна студија изведена со млади жени, оние чии партнери користеле кондом при секој сексуален однос имале 70% помал ризик за појава на ХПВ инфекција во однос на жените чии партнери користеле кондом повремено.
    Не е потребно да се има сексуален однос за да се инфицирате со хуман папилома вирусот (HPV). Најновите истражувања утврдија дека инфекцијата се пренесува и по пат на допир т.е. кожа. Се смета дека три четвртини од популацијата ќе биде изложена на овој вирус баш заради неговото пренесување по пат на допир т.е. кожа.
  • Вакцинација. Д-р Џенифер Блејк, началник на гинеколошко акушерското одделение во Торонто (Jenifer Blake, Woman’s College Hospital, University of Toronto), вели дека првобитната препорака била да се вакцинираат сите особи од женски пол на старост од 9 до 13 години, пред да постанат сексуално активни.
    Припадничкит на женскиот пол помеѓу 14 и 26 години исто така ќе имаат корист од вакцината, дури и ако се сексуално активни. За постари од 26 години не велиме дека вакцината не се препорачува, туку нема доволно податоци бидејќи овие особи не биле целна група во клиничките испитувања на вакцината.
    Со 26 години нашето тело не реагира доволно на вакцините, а повеќето жени се сексуално активни, па со самото тоа и повеќе се изложени на овој вирус. Меѓутоа било да е личноста изложена на зголемен ризик или да е дијагностицирана HPV инфекција, вакцината може да го спречи понатамошното изложување и ширење на оваа инфекција.
    Постојат четири соеви (видови) на овој вирус: два соја предизвикуваат создавање на брадавици во гениталната регија (генитален херпес), додека другите два предизвикуваат создавање на рак на грлото на матката кај жените и имаат улога во создавањето на рак на гениталната и оралната регија кај мажите.
    Д-р Блејк вели дека не може официјално да им ја препорача вакцината на жените и мажите постари од 26 години, но смета дека тие треба да бидат проактивни, бидејќи се работи за вакцина која најмногу била испитувана и како таква спаѓа во најбезбедните на пазарот. Исто така смета дека никогаш досега не сме имале ваква можност да спречиме појава на карцином.