• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Тестови за идентификација на HPV вирусот Печати

До сега, во раното откривање на ракот на грлото на матката, се користел ПАП тест со кој се откриваат абнормалните промени на клетките, кои би можеле да бидат знак за ран стадиум на карцином.

Во изминатиов пола век од почетокот на неговата примена, ПАП тестот значително ја намалил смртноста на жените од карцином на грлото на матката. Сепак, овој тест има и свои недостатоци и технички ограничувања, поради кои, неговата најголема осетливост не минува 80%. Тоа значи дека секоја петта жена која има предстадиуми на карцином или ран карцином (CIN) добива лажно негативен (уреден) наод на ПАП тестот. Покрај тоа, кај поблаги промени во ПАП тестот (CIN I i CIN II) и кај нејасни сомнителни наоди, не е можно да врз основа на изгледот на клетките се процени дали се работи за бенигни промени или за почетен карцином.

Благодарение на напредокот на молекуларната генетика и посебно развојот на PCR технологијата во текот на последните 20 години, во 2004 година е одобрена примената на првиот дијагностички HPV PCR тест (Roche AMPLICOR HPV) во САД и Европската Унија. Овој тест има осетливост од 96-97%, значи има 5 пати помала грешка (3 – 4%).

HPV PCR тестот има три пати помала грешка од постарите генерации на HPV DNK тестови (Digene HC II), чија осетливост е 88-89%. Денес многу истакнати научници, научни здруженија, здравствени осигурувања и владини организации ја препорачуваат примената на HPV DNK тестот како надополнувње на ПАП тестот.

Америчкото здружение за колпоскопија и цервикална патологија (ASCCP) и Европското здужение за инфективни болести во гинекологијата и акушерството (ESIDOG) донеле, врз основа на договори со бројни научници, препораки према кои HPV DNK тестот е вклучен во раната дијагностика на ракот на грлото на матката, покрај ПАП тестот. Према овие препораки, ако е наодот на ПАП тестот CIN I или CIN II, веднаш се зема примерок за HPV DNK тест.

Ако е жената позитивна на HPV вируси со голем ризик (онкогени), веднаш е потребно да се направи колопскопија и доколку при колпоскопијата се откријат видливи промени, се зема биопсија за патохистолошка анализа.

Доколку кај жената не е утврден HPV вирус со голем ризик и промената е бенигна, тогаш се доволни само контролни дијагностички тестови кои се прават на неколку месеци.

Последниве години, примената на HPV DNK тестот (за типови со висок ризик) се проширува и на тестирање на сите здрави жени, со цел рано да се откријат сите жени кои имаат зголемен ризик од развој на карцином на грлото на матката, бидејќи ова е, во овој момент, најосетлив тест кој ни стои на располагање.

Према перпораката на Америчкото здружение на гинеколози и акушери (ACOG) од 2003 година, HPV DNK тестот е заедно со ПАП тестот, метода за рано откривање на ракот на грлото на матката кај сите жени постари од 30 години. Во Британија, во 2003 година, објавени се резултатите од големата клиничка студија спроведена со цел да се оцени ефикасноста на HPV DNK тестот како прва метода во постапката за рано откривање на карциномот на грлото на матката. Клиничката студија опфатила вкупно 11000 жени на возраст од 30 до 60 години. Со HPV DNK тестот откриени се 97% жени кај кои е накнадно утврден CIN. Со ПАП тестот откриени се 77% жени од оваа група. Авторите на клиничката студија заклучиле дека HPV DNK тестот открива повеќе жени со CIN, отколку ПАП тестот. Затоа, тие го препорачуваат овој тест на сите жени, посебно по 30 годишна возраст. Тие препорачуваат HPV DNK тестот да се изведува еднаш годишно, како прв тест за рано откривање на ракот на грлото на матката, наместо стандардниот ПАП тест.

Освен за рано откривање на ракот на грлото на матката, овој тест е потребен и за пратење на жените кај кои е откриен и лекуван карциномот на грлото на матката или CIN. Кај овие жени, негативниот HPV DNK тест е знак дека во целост е отстрането не само малигното ткиво, туку и причинителот, кој би можел да доведе до повторен развој на карцином.

Доколку е HPV DNK тестот по зафатот позитивен, потребни се дополнителни темелни дијагностични испитувања и внимателно пратење на пациентките, бидејќи постои ризик за повторна појава на малигна болест.

Ова е посебен тест кој ги детектира повеќето од ХПВ типовите со висок ризик. Слично на ПАП тестот , ХПВ тестот вклучува користење на мала четкичка со која се присобираат клетки од грлото на матката. Тестот во основа се состои во препознавање на ДНК на најчестите високо ризични ХПВ типови.

ХПВ тестови не се изведуваат кај мажите.