• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Ресециран желудник и препораки за исхрана Печати
Пред неколку месеци ми беше дијагностициран рак на желудникот. Ми беше направена операција, при што ми беше отстранет целиот желудник. Ме интересира кои се препораките во врска со исхраната за пациентите кои имаат отстранет желудникот?

Пациентите со опериран желудник треба да имаат одреден режим во исхраната. Основно правило е да не консумираат масна и многу зачинета храна, да имаат повеќе оброци на ден, односно да внесуваат почесто помали количини на храна.

Диететски совети по направена оперативна ресекција на желудникот

  • Доручекот е задолжителен.
  • Наутро, веднаш по станувањето се зема чаша лимонада со малку шеќер или чај со лимон.
  • Доколку пациентот има апетит, ведаш по лимонадата (доколку нема малку покасно) треба да земе сендвич со сирење или меси со една лажичка путер намачкан на парче леб од претходниот ден или тврдоварено јајце и тост.
  • Мармалад, џем или мед никогаш не се јадат за доручек.
  • За доручек може да се јаде густа јака супа со тестенини или ориз и зеленчук, со исецкано месо, кисела павлака и слично.
  • Киселите млечни напитоци се земаат само со другите намирници, никогаш самостојно.
  • Во текот на денот се јадат густо варени јадења, супи и слично и најдобро е храната да се подели во повеќе дневни оброци.
  • Мешункастиот зеленчук (грав, грашок) лошо се поднесуват, а исто така, и печурките, свежите салати и свежото овошје, па најчесто тие се консумираат како варени и пасирани (без кората).
  • Витаминот Ц се додава во вид на таблети.
  • Треба да се избегнуваат многу засладени напитоци, како и газирани сокови и минерална вода.