• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Зошто е потребно да се направи ПАПА тест? Печати
При гинеколошкиот преглед земен ми е и брис од грлото на матката, за ПАПА тест. Зошто е потребно да се направи ПАПА тест?

Папа тестот може да го спаси вашиот живот. Со помош на овој тест може да се откријат најраните знаци на ракот на матката, рак кој е многу чест кај жените. Во случаите кога ракот на грлото на матката се открива во раните стадиуми, постојат големи шанси тој целосно да се излечи. Папа тестот, исто така, може да ги открие и инфекциите и абнормалните клетки на грлото на матката, кои можат покасно да се развијат во канцерогени клетки. Лекувањето на инфекциите и на овие т.н. преканцерозни состојби на грлото на матката, можат да го спречат развојот на ракот кај голем број на пациентки.

Ракот на грлото на матката најдобро ќе може да го спречите така што редовно ќе одите на гинеколошки прегледи, при кои, рутински се прави и Папа тестот. Ракот на грлото на матката е еден од најчестите малигни заболувања на женскиот репродуктивен систем. По карциномот на дојката, тој е најчест во нашата средина. Во нашата земја, инциденцата на цервикалниот карцином се движи 16/100 000 жители.

Воведувањето на цитолошкиот скрининг во последниве 40 години доведе до значително намалување на инциденцата и морталитетот на инвазивниот рак на матката.