• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Диететски совети по направена оперативна ресекција на желудникот Печати
  • Доручекот е задолжителен.
  • Наутро, веднаш по станувањето се зема чаша лимонада со малку шеќер или чај со лимон.
  • Доколку пациентот има апетит, ведаш по лимонадата (доколку нема малку покасно) треба да земе сендвич со сирење или месo, со една лажичка путер намачкан на парче леб од претходниот ден или тврдоварено јајце и тост.
  • Мармалад, џем или мед никогаш не се јадат за доручек.
  • За доручек може да се јаде густа јака супа со тестенини или ориз и зеленчук, со исецкано месо, кисела павлака и слично.
  • Киселите млечни напитоци се земаат само со другите намирници, никогаш самостојно.
  • Во текот на денот се јадат густо варени јадења, супи и слично и најдобро е храната да се подели во повеќе дневни оброци.
  • Мешункастиот зеленчук (грав, грашок) лошо се поднесуват, а исто така, и печурките, свежите салати и свежото овошје, па најчесто тие се консумираат како варени и пасирани (без кората).
  • Витаминот Ц се додава во вид на таблети.
  • Треба да се избегнуваат многу засладени напитоци, како и газирани сокови и минерална вода.
 

Прочитајте и: