• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Рак на дојка Печати
Vasiot portal go najdov sosema slucajno i da bidam iskrena bas se iznenadiv zosto dosega se sto sum uspeala da procitam bilo za nekoja druga drzava a za ovde nemase nisto. Dokolku vie ja ureduvate stranicava znajte deka ima mnogu pacienti koi se zainteresirani za nesto povejke da doznaat i nadvor od kontrolite na klinikata. Eve konkretno jas imam uste prasanja a i predlog do vas dokolku moze da pisete malku poopsirno za nasiov zivot so vakva dijagnoza po 5 god. koga se prestanuva i so tamoksifenot sto smeeme sto ne i sl.na pr. konkretno jas nemem deca pa me interesira dali e toa vozmozno i koj e rizikot inaku mojot karcinom e pozitiven na hormonski receptori, majigden no bez metastazi II a grupa. Vi blagodaram!

Ви благодарам за пораката. Овој портал има за цел генерално да ги информира сите заинтересирани лица општо за малигните заболувања, за нивната превенција, откривање, терапија и слично. Ви благодарам за предлогот. Ќе гледаме да во порталот ги опфатиме и тие прашања што вие ги наведувате.

Во принцип, неможе конкретно да се каже за одреден пациент кога тој ќе престане со некоја терапија или кога ке треба да се воведе некоја друга линија на терапија. Тоа се одлучува врз основа на претходен преглед на пациентот, како и разгледување на целокупната медицинска документација, а се земаат во предвид и многу други фактори, како возраста на пациентот, неговата општа состојба, стадиумот на болеста, а и многу други фактори, кои одлучуваат за изборот на терапијата кај секој пациент одделно.

Ако внимателно го разгледате порталот, се надевам дека ќе најдете одговор и на овие прашања кои ги поставивте.

Што се однесува до тамоксифенот, тој се прима 5 години, а потоа може да се продолжи со нов вид на хормонотерапија. Но, сепак, велам, за тоа одлучува матичниот онколог, врз основа на сите претходно набројани фактори. Повеќе за хормонската терапија имате во делот за хормонска терапија кај рак на дојка, односно ако кликнете на овој линк.

Од друга страна пак, што треба, а што нетреба да правите, тоа е барем лесно.

Пациентите кои веќе го завршиле првичното лекување и кои се во фаза на ремисија на болеста, кој примаат само одржувачка терапија, треба да живеат нормален здрав живот. Не постојат никакви забрани било во врска со исхраната, или било со што друго.

На порталот имате дел каде се зборува за здравата исхрана, здравиот начин на живот, физичките активности, како и промена на животните навики како пушењето, консумирањето на алкохол и слично. Погледнете го тој дел од порталот. Порталот е навистина многу богат со информации за тоа што треба да се прави за да се спречи повторното јавување на болеста, има совети за здрава храна, како и многу други корисни совети. Внимателно разгледајте ги и другите делови од порталот.

Што се однесува до тоа дали може да имате дете, сепак треба да се консултирате со својот онколог. Начелно се смета дека хормонската активност која постои за време на бременоста ја активира болеста, па бременоста е ризик за повтоно нејзино активирање. Обично онколозите не препорачуваат пациентка која била заболена од рак на дојка да има дете. Но, сепак, подетално треба да разговарате со вашиот онколог. Одлуката дали ќе го превземете ризикот за евентуално активирање на болеста е сепак ваша. Колкав ќе биде ризикот, ќе ви објасни вашиот лекар, врз основа на тоа колку бил агресивен вашиот тумор и колку постои ризик да тој повторно се појави.

Малигните болести, за жал, се хронични и може да се повторат и после многу години (10 па и повеќе). Затоа е потребно редовно следење на болеста, како и редовни рутински контроли.

Се надевам дека делумно ви одговорив на вашите прашања. Подетални информации на овој начин, значи само врз основа на ваши кажувања, неможам да ви дадам. Велам, најважно е лекарот да има увид во целосната медицинска документација на пациентот, за да може поконкретно да даде одговор за терапијата, или за некои други конкретни и индивидуални прашања.

Д-р Л. Ацева