• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Градус и стадиуми Печати

Стадиуми на болеста

Стадиум на болеста претставува утврдување на нејзината проширеност. Одредувањето на стадиумот на болеста е клучен фактор за спроведуавње на адекватна терапија кај секој пациент одделно. Според тоа, стадиумот има тераписки и прогностички цели.

Клиничкиот стадиум на болеста се одредува според критериумите (TNM-tumor, nodus, metastasa) класификацијата и систем и AJCC системот на стадиумско групирање.

Класификација на бубрежниот карцином

Најчесто се применува TNM – класификацијата.

ТNM-класификација

T - примарен тумор

  • TX: примарниот тумор не е можно да се процени,
  • T0: нема доказ за присуство на примарен тумор,
  • T1: тумор со големина од 7 cm или помалку, во неговиот најголем дијаметар, и ограничен само на бубрегот,
    • T1a: тумор со големина од 4 cm или помалку во неговиот најголем дијаметар и ограничен само на бубрегот,
    • T1b: тумор поголем од 4 cm, но не поголем од 7 cm во неговиот најголем дијаметар и ограничен само на бубрегот,
  • T2: тумор поголем од 7 cm во неговиот најголем дијаметар и ограничен само на бубрегот,
  • T3: тумор проширен во главните вени или ја зафаќа надбубрежната жлезда или околните бубрежни ткива, но не ја пробива Герота фасцијата
    • T3a: туморот директно ја зафаќа набубрежната жлезда или околното бубрежно ткиво и/или бубрежното масно ткиво, но не ја пробива Герота фасцијата,
    • T3b: туморот масивно се шири во бубрежната вена или нејзините сегменти (на пример, во околната мускулатура), или ја зафаќа вена кава под дијафрагмата,
    • T3c: туморот масивно се шири во вена кава над дијафрагмата, или го инфилтрира sидот на вена кава.
  • T4: туморот се шири надвор од Герота фасцијата

N - нодален регионален статус

  • NX: регионалните лимфни јазли не можат да се проценат,
  • N0: нема присутни метастази во регионалните лимфни јазли,
  • N1: метастази во единечен, истостран лимфен јазол,
  • N2: метастази во повеќе од еден регионален лимфен јазол, контралатерални или билатерални лимфни јазли,
  • N3: присуство на фиксирани регионални лимфни јазли.

M - оддалечени метастази

Mx - далечни метастази не можат да се проценат;

Mo - нема далечни метастази;

M1 присутни далечни метастази.

Степен на диференцијација на малигните клетки (градус)

GX - степенот не може да се процени;

G1 - добро диференциран тумор;

G2 - средно добро диференциран тумор;

G3 - лошо диференциран тумор;

G4 – недиференциран тумор.

Групирање на стадиуми

AJCC стадиумско групирање

Стадиум I
  • T1, N0, M0
Стадиум II
  • T2, N0, M0
Стадиум III
  • T1, N1, M0
  • T2, N1, M0
  • T3, N0, M0
  • T3, N1, M0
  • T3a, N0, M0
  • T3a, N1, M0
  • T3b, N0, M0
  • T3b, N1, M0
  • T3c, N0, M0
  • T3c, N1, M0
Стадиум IV
  • T4, N0, M0
  • T4, N1, M0
  • било кое T, N2, M0
  • било кое T, било кое N, M1