• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Истражување

Идентификувани гени поврзани со рак на тестис

Ракот на тестисот е ретка болест и претставува само 2% од сите карциноми кои се јавуваат кај мажите. Но, тој е чест тумор кај...

Болести на простата - Рак

За болестите на простатата кај нас многу малку се знае. Единствен начин да се бориме против нив...
КТ ангиографија - компјутерско снимање на крвни садови PDF Печати

Компјутерското снимање на крвните садови претставува современа дијагностичка процедура со КТ скенер со која се откриваат бројни заболувањата на крвните садови.

Со КТ скенерот може да се прегледаат крвните садови на следните органи: мозокот, вратот, градниот кош, срцето, белите дробови, стомакот, бубрезите и нозете.

Ова е инвазивна дијагностичка процедура и ја изведува специјален тим на лекари-специјалисти. Со неа се откриваат сите абнормалности на крвните садови, како што се стеснување на луменот на крвните садови, поради атеросклеротични промени, проширеност на крвните садови (анеуризми), се открива зафатеноста или инфилтрацијата на крвните садови од страна на околниот тумор и друго.

КТ ангиографијата се изведува во болница.

Како се изведува КТ ангиографијата

Во изведбата за КТ ангиографијата учествува цел тим на стручни лица. Радиолошкиот техничар го поставува пациентот на КТ скенерот во потребната лежечка положба.

Медицинската сестра поставува венска линија за инјектирање на контрастно стедство. Пациентот е приклучен на автоматски инјектор, преку кој се вбризгува јодно контрастно средство, кое тече за време на прегледот.

Пациентот треба пред самиот преглед да пријави дали има алергија на некој вид на храна, на лекови или на јодно контрасно средство, кое се користи во оваа дијагностичка процедура. Доколку пациентот е склон кон алергија, тој ќе прими соодветни лекови пред самата дијагностичка процедура, односно ќе биде спроведена соодветна премедикација. Исто така, може да биде претходно направен алерго тест на контрастното средство.

Целата дијагностичка процедура трае 10 до 20 минути.

За време на прегледот, пациентот може да почувствува локална болка, лесна топлина, слабост, потење, метален вкус во устата (како резултат на добиеното контрастно средство), но тоа брзо минува.

За време на прегледот, пациентот треба да ги следи инструкциите на лекарот и да постапува по нив. Во текот на прегледот пациентот ќе треба го да задржи воздухот и да не дише на кратко.

При снимање на срцевите крвни садови лекарот - кардиолог ќе ви даде соодветна терапија за смирување на срцевата работа.

По направениот преглед, лекарот – радиолог ги обработува податоците од снимената регија и се добива увид за состојбата на крвните садови во таа регија. Доколку при прегледот се открие некоја абнормалност на крвните садови, може да бидат потребни и некои дополнителни испитувања и соодветен третман.

За тоа кои дополнителни испитувања ќе треба да се направат, одлучува лекарот.

Од добиеното јодно контрастно средство, може да се јават реакции на преостетливост, кои може да бидат со различен интензитет и со различна манифестација. Тие реакции може да бидат:

  • Срцево-васкуларни промени: болка во градите, аритмија, забрзана или позабавена срцева работа,
  • Респираторни промени: кивање, кашлање, отежнато дишење, оток на гркланот,
  • Промени од страна на системот за варење: гадење, повраќање, отежнато голтање,
  • Кожни манифестации: осип, јадеж по кожата, црвенило,
  • Анафилакса (најтежок облик на реакција на преосетливост).

Ризикот за појава на претходно опишаните промени е поголем, кај пациенти со веќе постоечка алергија на јодни контрастни средства, и тие добиваат посебен третман со соодветна премедикација, или се упатуваат на друга дијагностичка метода. Претходно опишаните манифестации од контрастното средство се ретки, но доколку се појават, се превземаат соодветните мерки за нивно отклонување.

Пoдготовка на пациентот пред да дојде на закажаниот преглед

Пред да дојдете на закажаниот термин за компјутерско снимање потребно е да:

  • 3-4 часа пред прегледот нејадете, внес на течности е дозволен (вода, чај…)
  • бидете удобно и лесно облечени;
  • ги оставите сите метални предмети (накит, наочари, мобилни забни протези, мобилен телефон итн.);
  • не ја прекинувате секојдневната терапија ;
  • да пријавите – клаустрофобија (доколку ја имате);
  • да пријавете алергии (особено на контрастно средство, кое се користи за овој вид преглед);
  • го известите докторот доколку имате заболување на срце, бубрези, астма, шеќерна болест и проблеми со штитната жлезда;
  • носите со себе медицинска документација од претходни испитувања;
  • жените да пријават бременост;
 

Тестис

Преглед на тестиси како превентива во навремено откривање на ракот на тестис.
[Преземено од YouTube]

Превенција и скрининг - рак на тестис

За раното откривање на болеста многу е важна едукацијата на младата машка популација. Тие треба да се информираат за раните симптоми и знаци на болеста, за значењето на самопрегледот... 


Рани знаци и симптоми

Многу е важно да машкото точно ја познава големината и обликот на своите тестиси, за да може да ги примети промените. Најчест симптом на карциномот на тестисот е присуство на мала, безболна тврдина... 

Простата

Рак на простатата, раскажува д-р Реј од клиниката за третман на ракот на простата - синхронизирано на македонски јазик.
[Преземено од YouTube]

Што е простата?

Простатата е орган со жлездесто-мускулна структура, чиј алкален секрет влегува во составот на семената течност (сперма)... 


Третман на карциномот на простатата

За одредување на најадекватна тераписка опција за одреден пациент, се разгледуваат многу фактори... 

Дебело црево

Настанување и ширење на ракот на дебелото црево - синхронизирано на македонски јазик.
[Преземено од YouTube]

Следење на болните со карцином на дебелото црево

Карциномот на дебелото црево бара доживотно следење (follow-up)... 


Дијагноза кај карцином на дебелото црево

Дијагнозата се поставува со внимателно земена анамнеза, физикален преглед по системи... 

Кожа

Настанување и типови на ракот на кожата - синхронизирано на македонски јазик.
[Преземено од YouTube]

Рак на кожа

Меланомот претставува малигно буење на меланоцитите, клетки кои го произведуваат пигментот на кожата. Тоа е најмалигни облик на кожен карцином и е најчеста причина за смрт од кожен карцином... 


Симптоми и знаци

Најчесто карциномот започнува како мала, сјајна папула која бавно и постепено се зголемува и по неколку месеци се појавува сјаен, бисерен раб со назначени проширени крвни садови... 

Дојка

Радиотераписки третман кај рак на дојка. Радиотерапијата ја одредува лекар специјалист (радиотерапевт и онколог).
[Преземено од YouTube]

Ширење на ракот на дојката

Ракот на дојката е системско заболување, дисеминиран процес, кој, уште од најраните фази на својот развој, е склон кон метастазирање... 


Симптоми и знаци за појава на рак на дојката

Ракот на дојката во својот почетен, ран стадиум е обично асимптоматски...