КТ ангиографија - компјутерско снимање на крвни садови |
![]() |
![]() |
Компјутерското снимање на крвните садови претставува современа дијагностичка процедура со КТ скенер со која се откриваат бројни заболувањата на крвните садови. ![]() Со КТ скенерот може да се прегледаат крвните садови на следните органи: мозокот, вратот, градниот кош, срцето, белите дробови, стомакот, бубрезите и нозете. Ова е инвазивна дијагностичка процедура и ја изведува специјален тим на лекари-специјалисти. Со неа се откриваат сите абнормалности на крвните садови, како што се стеснување на луменот на крвните садови, поради атеросклеротични промени, проширеност на крвните садови (анеуризми), се открива зафатеноста или инфилтрацијата на крвните садови од страна на околниот тумор и друго. КТ ангиографијата се изведува во болница. Како се изведува КТ ангиографијатаВо изведбата за КТ ангиографијата учествува цел тим на стручни лица. Радиолошкиот техничар го поставува пациентот на КТ скенерот во потребната лежечка положба. Медицинската сестра поставува венска линија за инјектирање на контрастно стедство. Пациентот е приклучен на автоматски инјектор, преку кој се вбризгува јодно контрастно средство, кое тече за време на прегледот. ![]() Пациентот треба пред самиот преглед да пријави дали има алергија на некој вид на храна, на лекови или на јодно контрасно средство, кое се користи во оваа дијагностичка процедура. Доколку пациентот е склон кон алергија, тој ќе прими соодветни лекови пред самата дијагностичка процедура, односно ќе биде спроведена соодветна премедикација. Исто така, може да биде претходно направен алерго тест на контрастното средство. Целата дијагностичка процедура трае 10 до 20 минути. За време на прегледот, пациентот може да почувствува локална болка, лесна топлина, слабост, потење, метален вкус во устата (како резултат на добиеното контрастно средство), но тоа брзо минува. За време на прегледот, пациентот треба да ги следи инструкциите на лекарот и да постапува по нив. Во текот на прегледот пациентот ќе треба го да задржи воздухот и да не дише на кратко. При снимање на срцевите крвни садови лекарот - кардиолог ќе ви даде соодветна терапија за смирување на срцевата работа. По направениот преглед, лекарот – радиолог ги обработува податоците од снимената регија и се добива увид за состојбата на крвните садови во таа регија. Доколку при прегледот се открие некоја абнормалност на крвните садови, може да бидат потребни и некои дополнителни испитувања и соодветен третман. ![]() За тоа кои дополнителни испитувања ќе треба да се направат, одлучува лекарот. Од добиеното јодно контрастно средство, може да се јават реакции на преостетливост, кои може да бидат со различен интензитет и со различна манифестација. Тие реакции може да бидат:
Ризикот за појава на претходно опишаните промени е поголем, кај пациенти со веќе постоечка алергија на јодни контрастни средства, и тие добиваат посебен третман со соодветна премедикација, или се упатуваат на друга дијагностичка метода. Претходно опишаните манифестации од контрастното средство се ретки, но доколку се појават, се превземаат соодветните мерки за нивно отклонување. Пoдготовка на пациентот пред да дојде на закажаниот прегледПред да дојдете на закажаниот термин за компјутерско снимање потребно е да:
|