Тироиден скен - дијагностичка метода за испитување на штитната жлезда |
![]() |
![]() |
Тироидениот скен и тестот на акумулација на радиоактивен јод, се испитувања со кои се испитува фукцијата и структурата на тироидната жлезда. Тироидната жлезда се наоѓа на предниот дел од вратот и нејзина главна функција е регулација на метаболизмот. За двата теста се користи радиоактивен материјал, наречен радиотрасер (јод или технециум), кој се инјектира преку вена или преку уста. Овие супстанци се акумулираат, насобираат во тироидната жлезда, каде емитираат енергија, во вид на гама зраци. Оваа енергија се детектира со гама камера и преку компјутер се анализира количината на радиотрасер апсорбирана во тириоидната жлезда и врз основа на тоа се добива дигитална слика на тироидната жлезда. Примена на тироиден скенТироидниот скен се употребува за одредување на големината, обликот и поставеноста на тироидната жлезда. Тестот на акумулација на радиоактивен јод се користи за испитување на функцијата на тироидната жлезда. Најчесто овие тестови се користат за:
Тироиден скен на целото тело се изведува кај луѓе кои имале тироиден карцином, со цел утврдување на евентуално проширување на ракот во други делови од телото, метастази, кои исто имаат карактеристика на апсорбција на јод (најчесто при скенирањето се користи радиоактивен јод). Подготовка за процедуратаЛекарот треба да биде информиран доколку пациентот има претходни прегледи, операции или тратмани со радиоактивни материјали или рендтген снимања со јоден контраст, во последните пет години. Неколку денови пред прегледот, може да има потреба од изведување на лабораториски тестови за одредување на ниво на тироидните хормони во крвта. Изглед на апаратураЕден од основните делови е сондата која функционира како микрофон кој е способен да ја мери дистрибуцијата на радиотрасерот во тироидната жлезда. Се поставува на предниот дел на вратот, над тироидната жлезда и се држи неколку минути (тест на акумулација на радиоактивен јод). Гама-камерата е посебна камера која ја слика тироидната жлезда од три различни агли. Целиот изглед на апаратурата е сличен на компјутерска томографија. Изведба на тироиден скенПред изведбата на тироидниот скен, на пациентот му се дава радиотрасер (јод или технециум), кој или се дава преку уста или се инјектира во вена. На јодниот радиотрасер даден орално му требаат 24 часа за да се акумулира во тироидната жлезда. На радиотрасерот со технециум, даден венски му требаат 30 минути за да се акумулира во тироидната жлезда. Самиот преглед, тироидниот скен трае околу 30 минути. Тироидниот скен е безболна процедура. Резултатите од процедурата ги анализира рентгенолог, кој е специјално обучен за овој тип на испитувања. |
Преглед на тестиси како превентива во навремено откривање на ракот на тестис.
[Преземено од YouTube]
За раното откривање на болеста многу е важна едукацијата на младата машка популација. Тие треба да се информираат за раните симптоми и знаци на болеста, за значењето на самопрегледот...
Многу е важно да машкото точно ја познава големината и обликот на своите тестиси, за да може да ги примети промените. Најчест симптом на карциномот на тестисот е присуство на мала, безболна тврдина...
Рак на простатата, раскажува д-р Реј од клиниката за третман на ракот на простата - синхронизирано на македонски јазик.
[Преземено од YouTube]
Простатата е орган со жлездесто-мускулна структура, чиј алкален секрет влегува во составот на семената течност (сперма)...
За одредување на најадекватна тераписка опција за одреден пациент, се разгледуваат многу фактори...
Настанување и ширење на ракот на дебелото црево - синхронизирано на македонски јазик.
[Преземено од YouTube]
Карциномот на дебелото црево бара доживотно следење (follow-up)...
Дијагнозата се поставува со внимателно земена анамнеза, физикален преглед по системи...
Настанување и типови на ракот на кожата - синхронизирано на македонски јазик.
[Преземено од YouTube]
Меланомот претставува малигно буење на меланоцитите, клетки кои го произведуваат пигментот на кожата. Тоа е најмалигни облик на кожен карцином и е најчеста причина за смрт од кожен карцином...
Најчесто карциномот започнува како мала, сјајна папула која бавно и постепено се зголемува и по неколку месеци се појавува сјаен, бисерен раб со назначени проширени крвни садови...
Радиотераписки третман кај рак на дојка. Радиотерапијата ја одредува лекар специјалист (радиотерапевт и онколог).
[Преземено од YouTube]
Ракот на дојката е системско заболување, дисеминиран процес, кој, уште од најраните фази на својот развој, е склон кон метастазирање...
Ракот на дојката во својот почетен, ран стадиум е обично асимптоматски...