• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Магнетна резонанца (МРИ) PDF Печати

Историјата на магнетната резонанца

Феноменот на магнетната резонанца, во 1946 година, независно еден од друг го опишале два физичари: Felix Bloch од Универзитетот во Стандфорд и Edvard Parsel од Универзитетот во Харвард. Нивното главно откритие било дека одредени атоми во периодниот систем ја апсорбираат енергијата на радиобрановите во силно магнетно поле, а по зрачењето, при враќање на атомите во нормална состојба, тие ја ослободуваат апсорбираната енергија во вид на зрачење кое е со иста фрекфенција како што е и фрекфенцијата на апсорбираната енергија. Всушност се емитира радиобран. Бидејќи атомското јадро реагира на радиобрановите на магнетното поле, овој феномен се нарекол неуклеарна магнетна резонанца.

За ова откритие е доделена Нобелова награда од областа на физиката, во 1952 година.

Во педесетите години на минатиот век, магнетната резонанца била сфера на интерес на физичарите и хемичарите. Во текот на наредните децении, магнетната резонанца (NMR, MRI) била користена воглавно за проучување на хемиските структури на супстанциите. Шеесетите години расте нејзината примена во билошките научни експерименти. Во текот на седумдесетите години, добитниците на Нобеловата награда Pol Lauterbur и Piter Mensfild го дале својот пионерски допринос, кој подоцна довел до примена на магнетната резонанца во медицината.

МРИ ги замени неколкуте инвазивни дијагностички методи и на тој начин го намали ризикот кај многу пациенти. Методата не користи јонизирачки зраци, за разлика од рендген апаратите или компјутеризираната томографија.

Магнетната резонанца е високо софистицирна дијагностичка метода позната уште од 1946 година, кога се користела само за хемиски анализи и за биолошки научни студии.

Од 1973 година, магнетната резонанца се развива во технолошки смисол и од тогаш оваа метода се користи во медицинската радиолошка дијагностика.

При прегледот со магнетна резонанца, за разлика од рентген снимањата, се користат силни магнетни полиња со кои се добиваат неверојатно јасни и детални слики од внатрешните органи и ткива.

Зошто се прави МРИ?

Магнетната резонанца се употребува за дијагноза на огромен број болести на сите делови од телото, вклучувајќи ги карциномите, срцевите и васкуларните болести (болести на крвни садови), мозочен удар и мозочни крварења, болести на зглобови и мускулоскелетни болести.

МРИ се прави за:

  • Преглед на главата: мозок, краниоцервикален дел, задната черепна јама, понтоцеребралните агли.
  • Преглед на вратот: `рбетниот мозок, меките структури на вратот, душникот и хранопроводникот.
  • Преглед на градниот кош (torax): градниот дел на `рбетниот мозок, срцето и другите органи во градниот кош.
  • Преглед на лумбосакралната (слабинската) регија: лумбосакралниот дел на `рбетниот мозок и околните структури.
  • Преглед на абдоменот: Црн дроб, жолчна кеса и чолчни патишта, слезенка, надбубрежна жлезда, панкреас, бубрези, големи крвни садови, лимфни јазли идругите меки структури во абдоменот.
  • Преглед на малата карлица: мочен меур и мочните патишта, матка, јајчници, простата, семиналните везикули, тестиси.
  • Преглед на коските и зглобовите: колено, карлица, рачни зглобови и другите зглобови во човечкото тело.
  • Преглед на муслулатурата на екстремитеите, наградниот кош и на абдоменот.
  • МР ангиографија (МРА) е неинвазивна метода т.е. компјутерското снимање на крвните садови. Тоа претставува современа дијагностичка процедура со КТ скенер со која се откриваат бројни заболувањата на крвните садови. Со КТ скенерот може да се прегледаат крвните садови на следните органи: мозокот, вратот, градниот кош, срцето, белите дробови, стомакот, бубрезите и нозете.

Бидејќи МР дава многу јасна слика на мекоткивните структури околу коските, таа e најсензитивниот преглед за болестите на рбетот и зглобовите. МР многу често се употребува за дијагноза на повреди на зглобовите особено на повреди на колената, рамењата, колковите, лактите и рачните зглобови.

Во онкологијата, МР често се користи за прецизна дијагноза на мекоткивните и коскените саркоми. Со помош на оваа метода може многу прецизно да се одреди локализацијата на туморот, како и неговата локална проширеност во околните структури и ткива.

МРИ е многу корисна дијагнозстичка процедура за хирурзите, бидејќи им помага во одредувањето на типот и опсежноста на оперативниот третман. Исто така, оваа метода се користи и за време на терапијата, за да се види ефектот од применетата терапија, како и подоцна, за следење на пациентите (follow up), по завршениот третман.

Исто така, МРИ прегледот на срце, аорта, коронарните артерии и останатите крвни садови е брза, неинвазивна, безболна метода за дијагностицирање на коронарна артериска болест и други срцеви болести. Со помош на МР, лекарите можат да ја утврдат големината и дебелината на ѕидовите на срцевите комори и да го одредат оштетувањето предизвикано од срцев удар (инфаркт) или од прогресивни, хронични срцеви болести како на пример хронична срцева слабост.

Органите во градниот кош и стомакот- белите дробови, црниот дроб, бубрезите , слезината, панкреасот и стомачните крвни садови-можат да бидат детално прегледани со МР, овозможувајќи рана дијагноза на туморите, одредување на нивната големина, распространетост, зафатеност на соседни органи и слично.

МРИ почесто се употребува наместо рентген мамографија за рана дијагноза на ракот на дојка.

Бидејќи при МРИ нема зрачење, оваа метода често се применува за снимање на делови од телото кои се особено осетливи на зрачење, како органите за репродукција, т.е. за преглед на органите во малата карлица.

Како изгледа МРИ апаратот?

Постојат два типа на МРИ, отворен и затворен тип. Затворениот тип има изглед на голема цилиндер и бидејќи е затворен од сите страни, пациентот може да се чувствува клаустрофобично. Новите МР се од отворен тип и се покомотни за пациентите.

На кој принцип работи МРИ?

При МРИ не се користат јонизирачки зрачења, за разлика од конвенционалната рентген технологија и компјутерската томографија (КТ), сцинтиграфијата, снимањата со радиоизотопи. Наместо тоа, се корстат радиобранови кои се насочуваат како протони во силно магнетно поле. Протоните прво се ексцитирани, „возбудени“ а потоа се враќаат во стабилна состојба и така емитираат радио сигнали кои можат да бидат компјутерски обработени за добивање на слика.

Во човечкото тело, протоните се всушност водородниот атом од молекулот на водата, која сочинува 45% од тежината на возрасен човек, така да МРИ сликата ја покажува разликата во содржината на вода на различни ткива во организмот. Дури и различни ткива на еден орган, како на пример сивата и бела материја на мозокот, можат јасно да се разликуваат со МР.

Обично секој МР преглед се состои од 2 до 6 секвенци на сликање, од кои секоја трае по 15 минути, така да целиот преглед трае од 40 до 80 минути.

На сликите од МР се добиваат пресеци од одредени делови од човечкото тело во различни рамнини.

Како се припрема пациетот за МРИ?

Пред да се направи МРИ, докторот треба да знае:

  • Дали пациентот има во неговото тело се вградени некои метални предмети, како вграден вештачки колк, пејсмекер (или вештачки срцев залисток) или метални шипки, штрафови и слично. Во најголем број од случаите, металните штрафови не се проблем доколку се поставени пред 4 до 6 недели. Но, генерално, кај овие пациенти несмее да се прави МРИ.
  • Дали пациетот има несакани предмети: сат, протеза, магнетна картичка, гинеколошка спирала која содржи во себе метален дел, како и електрични апарати. Јакиот магнет би го привлекол металниот предмет, кој би ги оштетил ткивата ма својот пат и би довел, веројатно, до фатален исход. Затоа, пред прегледот, пациентот треба да ги остави сите метални објекти.
  • Дали пациентот е алергичен на некои лекови или контрастни средства. При МРИ може да има потреба од примена на контрастно средство, кое кај некои луше може да предизвика алергиска реакција. Постојат повеќе видови на контрастни средства, кои моѓе да се аплицираат во вена (интравенски) или да се испијат преку уста (орални). Често се користи контрастното средство Gd-DTPA, кое се аплицира интравенски.

Како се изведува на МРИ преглед?

МРИ прегледот, на било кој дел од телото на пациентот, го изведува радиолошкиот технолог, во присуство на лекар спрецијалист, радиолог.

Пациентот лежи на кревет, кој е подвижен и се поставува во позиција која е соодветна за делот од телото кој ќе се испитува. Потоа радиологот и техничарот ја напуштаат просторијата и започнува снимањето. Пациентот може да комуницира со персоналот за време на процедурата. Од пациентите се бара да лежат мирно и нормално да дишат.

Во зависност од прегледот можно е да се употреби контрастен материјал (обично гандолиниум) за да се подобри видливоста на одредени ткива и крвни садови.

Прегледот обично трае од 15-90 минути и е безболен.

Доколку се пациентите исплашени или вознемирени, може пред прегледот да им се даде благ седатив за релаксација.

Ако треба да се направи МРИ на бебе, тогаш тоа се успива со ставање на седативи како чепчиња во чмарот, или доколку не е можно тоа, прегледот мора да се напави во општа анестезија.

Кај малите деца, еден од родителите може да остане до своето дете, во текот на прегледот.

На почетокот од снимањето обично се слуша досаден звук како брмчење, и за тоа треба да се информира пациентот.

Резултите од снимањето би требало да се достапни за пациентот до 24 часа по снимањето.

МРИ прегледот се прави во амбулантски услови и не е потребна хоспитализација. По прегледот пациентот може слободно да продолжи со секојдневните активности.

Многу е важен фактот дека МРИ нема штетно дејство и со оваа метода може да се испитуваат и трудници и мали деца.

Какво е чувството при МРИ прегледот?

Пациентот може да почувствува страв пред самиот пеглед, а тој страв е поврзан со стравот од непознато или со страб од откривање на дијагносата, односно од откривање на болест. Некои луѓе се вознемирени и имаат страв од затворен простор (клаустрофобија) кога ќе се најдат во самиот скенер. Доколку се очекува прегледот да трае подолго, на пациентот може да му се даде да испие некој благ седатив за релаксација. И треба да се напомене дека при МРИ снимањето, МРИ апаратот ствара досаден звук, но тоа е сосема нормално.

Ризици

При прегледот со МРИ постојат и контраиндикации, кои се делат во две групи:

  • апсолутна контраиндикација: пациенти со вграден пејсмејкер или со вградени други метални предмети,
  • реалтивна контраиндикација: клаустрофобија, немирни пациенти и многу мали деца, кои треба да бидат анестезирани.

За сега непостои познато штетно делување од МРИ прегледот.

Дали трудниците можат да се снимаат на магнетна резонанца?

До сега не е докажан штетен ефект врз плодот, но во поедини центри сепак не се препорачува снимање во текот на првите дванаесет недели од бременоста.

Голем број на центри во светот не препорачуваат примена на контрастно средство, бидејќи не е познато какви ефекти би можело да има тоа врз плодот.

Резултати од прегледот

По МРИ прегледот, резултатите се готови за 1 до 2 дена.

За разлика од КТ, кај МРИ е можно снимање во повеќе проекции (освен во трансверзална и во сагитална, а и во коронарна), со поголема просторна и контрастна резолуција.

Со користењето на контрастни средства овозможена е подобра визуелизација на поедини органи, а со самото тоа се овозможува и поточна дијагноза.

Новите агенси, специфични за црниот дроб и за приказ на цревата, го зголемуваат потенцијалот на абдоминалниот МРИ скен.

Агенсите, специфични за туморите и за лимфните јазли, значително ја подобруваат дијагнозата, стејџингот и контролата на туморите.

На што треба да се обрне внимание?

Со развојот на технологијата, цената на МРИ апаратите и испитувањата стануваат поприфатливи. Се предвидува дека со МРИ ќе се потиснат многу радиолошки дијагностички методи, кои користат штетно јонизирачко зрачење.

Отворениот (open) МРИ е апарат кој овозможува конфорен преглед за клаустрофобичните пациенети и за малите деца.

Со развојот на софтверската технологија се скратува времето на прегледот, а квалитетот на сликите останува ист или е многу подобар.