• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Компјутерска томографија (КТ – скен) - Дали е КТ скенот безбеден? PDF Печати
Индекс на артикл
Компјутерска томографија (КТ – скен)
Кога е потребно да се направи КТ скен?
Дали е потребна посебна подготовка пред КТ скенирање?
Како изгледа уредот за компјутреска томографија?
Како се изведува прегледот на КТ уредот?
Дали е КТ скенот безбеден?
Планирање на 3Д конформалната радиотерапија со помош на КТ симулатор
Сите страници

Дали е КТ скенот безбеден?

КТ е безболна, неинвазивна метода. Таа е брза и едноставна метода и не е потребна некоја посебна поготовка на пациентот. Со помош на КТ може да се елиминира потребата од инвазивна, експлоративна хирургија и хируршка биопсија. КТ може да идентификува и нормални и абнормални структури, со што е многу важен алат за водење на радиотерапија, тенко-иглена биопсија и други минимално инвазивни процедури.

КТ доведува до изложеност на х-зраци, но корисноста од оваа дијагностичка метода, како и нејзината голема точност во поставувањето на дијагнозата, во голема мера го надминува ризикот од зрачењето. Зрачењето од КТ е контролирано и точно дозирано и одговара на зрачењето на околината (телевизија и сл.) на кое сме изложени во период од три години. Сепак, жените треба секогаш да го информираат лекарот доколку постои можност да се бремени.. Доилките треба да го прекинат доењето најмалку 24 часа по инјектирањето на инекција со контаст. Ризикот да се јави тешка алергиска реакција, предизвикана од контрастот е многу мал, но доколку се случи тоа, современите дијагностички центри имаат искуство и специјална антиалергиска програма за справување со алергиските реакции