• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Компјутерска томографија (КТ – скен) - Како се изведува прегледот на КТ уредот? PDF Печати
Индекс на артикл
Компјутерска томографија (КТ – скен)
Кога е потребно да се направи КТ скен?
Дали е потребна посебна подготовка пред КТ скенирање?
Како изгледа уредот за компјутреска томографија?
Како се изведува прегледот на КТ уредот?
Дали е КТ скенот безбеден?
Планирање на 3Д конформалната радиотерапија со помош на КТ симулатор
Сите страници

Како се изведува прегледот на КТ уредот?

Радиолошкиот технолог го позиционира пациентот на креветот на КТ- скенот. Пациентот може да лежи на грб или на стомак, во зависност од тоа кој дел од телото треба да се скенира. Откога правилно ќе се позиционира пациентот, за што се кориси ситем на ласери, пациентот се внесува во отворот на на КТ уредот.

При КТ прегледот често се употребуваат контрастни средства за подобар увид во одредени ткива и крвни садови. Контрастниот материјал, во зависност од испитувањето може да се испие (орално контрасно средство), а во некои случаи е потребно да се даде и интравенско контрасното средство, во вид на инекција. Компјутерското снимање на крвните садови претставува современа дијагностичка процедура со КТ скенер со која се откриваат бројни заболувањата на крвните садови.

Пред давање на контрастен материјал потребно е да праша пациентот дали е алергичен на некои лекови, посебно на лекови кои содржат јод. Исто така треба да се земе и детална анамнеза на пациентот во смисло на постоење на некои хронични заболувања како на пример: шеќерна болест, астма, кардиоваскуларни заболувања или бубрежни и тироидни болести. Овие состојби се поврзани со повисок ризик на реакција на пациентот кон контрастниот материјал како и во поспора елиминација на контрастот по прегледот.

КТ прегледот обично трае од неколку минути до половина час. Кога прегледот ќе заврши, пациентот треба да почека за да се оцени дали се потребни уште некои дополнителни снимања.