• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Компјутерска томографија (КТ – скен) - Како изгледа уредот за компјутреска томографија? PDF Печати
Индекс на артикл
Компјутерска томографија (КТ – скен)
Кога е потребно да се направи КТ скен?
Дали е потребна посебна подготовка пред КТ скенирање?
Како изгледа уредот за компјутреска томографија?
Како се изведува прегледот на КТ уредот?
Дали е КТ скенот безбеден?
Планирање на 3Д конформалната радиотерапија со помош на КТ симулатор
Сите страници

Како изгледа уредот за компјутреска томографија?

КТ е голема машина со облик на коцка, која има дупката во средина. Пациентот лежи на кревет кој може да се движи горе или долу и кој се движи во центарот на дупката при прегледот. Во машината е вградена рентгенска цевка која ротира околу телото на пациентот и дава слики од различни агли на телото. Иако радиолошкиот технолог може да му зборува и да го гледа пациентот во текот на прегледот, пациентот лежи сам во просторијата во која е КТ апаратот.

Во многу нешта КТ е сличен како и останатите рентген снимања. Многу мали, контролирани количини на рентген зрачење поминува низ телото и различни ткива апсорбираат различни количини од зрачењето. Кај обичните рентген снимања, сликата од рентген се добива кога специјален филм е изложен на рентген зраци. Кај КТ овој филм е заменет со низа на детектори кои го мерат рентген профилот на различни ткива.

Во КТ скенерот рентген цевката ротира а на спротивната страна се наоѓаат детекторите. Секогаш кога рентген цевката ќе направи свртување од 360 степени, рентген зраците поминуваат низ одреден дел од телото и се добива тенок пресек на телото (пресекот обично изнесува неколку милиметри и во текот на прегледот се прават голем број на вакви пресеци, надолжни или напречни на различни нивоа од делот од телотот кој се испитува).

За време на секоја поединечна ротација детекторот снима околу 1000 слики кои потоа се обработуваат од компјутерски до добивање на дво и тро-димензионални слики. За управување на целиот систем на КТ се користат компјутери и посебни софтверски програми.