• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Компјутерска томографија (КТ – скен) - Кога е потребно да се направи КТ скен? PDF Печати
Индекс на артикл
Компјутерска томографија (КТ – скен)
Кога е потребно да се направи КТ скен?
Дали е потребна посебна подготовка пред КТ скенирање?
Како изгледа уредот за компјутреска томографија?
Како се изведува прегледот на КТ уредот?
Дали е КТ скенот безбеден?
Планирање на 3Д конформалната радиотерапија со помош на КТ симулатор
Сите страници

Кога е потребно да се направи КТ скен?

Компјутеризираната томографија е многу прецизна дијаностичка метода. Таа овозможува детален, надолжен и напречен приказ на сите видови ткива.

КТ е една од најпрецизните методи за испитување на градниот кош, абдоменот, мозокот, како и на коскено-скелетниот систем.

КТ е корисен метод за дијагноза на различни видови рак, вклучувајќи го ракот на белите дробови, на црниот дроб, ракот на панкреас и други, бидејќи го дава морфолошкиот изглед на туморот и може да се измери големината на туморот, да се утврди неговата прецизна локација и распространетоста на туморот во окoлните ткива и структури.

КТ скенот често се користи за планирање и соодветно администрирање на радијациона терапија за тумори, за водење на биопсија и други минимално инвазивни процедури како и за планирање на хируршки операции и утврдување на операбилност на туморот.

КТ скенот јасно ги покажува и најмалите коски и околното ткиво, како и мускулите и крвните садови. Затоа КТ скенот многу помага при дијагнозата на коскените саркоми, како и при дијагноза на мекоткивните саркоми, бидејќи дава детален приказ на туморот и неговата проширеност во околните ткива. на тој начин, оваа дијагностичка процедура многу им помага на хирурзите за оценување на операбилноста на туморот. Со предоперативна примена на хемотерапија и/или радиотерапија може кај пациентите, со гранично оперативен мекоткивен или коскен сарком, да се намали туморот, и потоа со контролниот КТ скен да се утврди намалувањето на туморот.

КТ скенот помага да се спроведат попоштедни операции кај мекоткивните и коскените саркоми, бидејќи дава доста точен преглед за проширеноста на туморот. Повторениот КТ -скен на заболенаат регија, кој се прави по спроведената хеморадиотерапијата, всушност му овозможува на хирургот да го зачува екстремитетот на пациентот, односно да спроведе т.н. „limb salvage“ хирургија, со што се спасува зафатениот екстремитет и се сочувува неговата функција.

Исто така, КТ скенот помага и при многу заболувања на мозокот, како при крварења, анеуризми (проширеност на крвните садови), при бенигни и малигни тумори на мозокот и други патолошки состојби.

Посебно е корисен за дијагноза на малигните тумори во мозокот, бидејќи дава прецизен податок за локализацијата на туморот и неговата големина т.е. проширеност, па е корисна дијагностичка алатка на неурохирурзите за одредување на операбилноста на туморот и за изведувањето на операцијата.

Исто така КТ скенот помага и за одредување на целниот зрачен волумен кај малигните тумори на мозокот, кога е потребно да се примени радиотерапија, било како дефинитивен (самостоен третман, било по реализираниот хурушки зафат, односно отстранување на мозчниот тумор). Секако за таа цел, се користи КТ симулатор, кој е специјално дизајниран за планирање на зрачниот третман, а не е за дијагностички цели.

Компјутерското снимање на крвните садови претставува современа дијагностичка процедура со КТ скенер со која се откриваат бројни заболувањата на крвните садови. Со КТ скенерот може да се прегледаат крвните садови на следните органи: мозокот, вратот, градниот кош, срцето, белите дробови, стомакот, бубрезите и нозете.

Ова е инвазивна дијагностичка процедура и ја изведува специјален тим на лекари-специјалисти. Со неа се откриваат сите абнормалности на крвните садови, како што се стеснување на луменот на крвните садови, поради атеросклеротични промени, проширеност на крвните садови (анеуризми), се открива зафатеноста или инфилтрацијата на крвните садови од страна на околниот тумор и друго.

КТ ангиографијата се изведува во специјализирани дијагностички и клинички центри.