• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Аноскопија и сигмоидоскопија PDF Печати

[Ендоскопски дијагностички методи]

Ендоскопските методи овозможуваат визуелно иследување во подрачјето на целиот анален канал и делот на дебелото црево. Тоа е најсигурниот, најдеталниот преглед на слузницата на анусот и на делот од дебелото црево и со овој преглед можат да се утврдат и ситни абнормалности и болести во најраните фази. Оваа дијагностичка метода е многу попрецизна од рендгенграфското испитување со двоен контраст и може да го открие карциномот на анусот уште во неговите рани, почетни стадиуми.

Подготовка на пациентот

Пред да се изведе ендоскопскиот преглед, на пациентот му се даваат упатства. Така, пациентот не смее ништо да јаде и да пие 6 часа пред прегледот. Пациентот треба да престане да зема лекови кои го зголемуваат ризикот од крварење, како што се на пример аспиринот и нестероидните антиинфламаторни лекови, неколку дена пред изведувањето на едноскопијата. Исто така, пред изведувањето на процедурата, на пациентот му се дава средство за прочистување, лаксатив со што се чисти дебелото црево. Анусот и ректумот треба да се потполно испразнети, бидејќи, во спортивно аноректоскопијата не е можно да се изведе. Иако самиот преглед е непријатен за пациентот сепак е релативно безбеден. Доколку пациентот има тешка срцева, белодробна или бубрежна болест треба за тоа да го информира лекарот.

Изведба на аноректоскопијата

Долга, тенка свитлива цевка се спроведува преку анусот (чмарот) до дел од задното црево. Ова обично трае околу 15 минути и обично се изведува со интравенска седација. Реакцијата кон лековите за смирување се релативно ретки.

Аноректоскопијата се изведува во болнички услови како амбулантска процедура (т.е пациентот не се хоспитализира), од страна на специјалист кој е посебно обучен за изведување на оваа дијагностичка процедура.

Друга понова опција е виртуелна аноректоскопија со комјутерска томографија (CT). Таа дава уште попрецизен преглед на слузницата на анусот и на дел од дебелото црево, во целата нивна должина.

Компликации

Аноектоскопијата е многу безбедна метода и сериозните компликации се многу ретки. Овде спаѓаат:

  • алергиска реакција кон лековите кои се користат за смирување,
  • перфорација (пробивање) на ѕидот на анусот или на дел од ректумот,крварење,
  • инфекција на анусот или ректумот.

Се преземаат сите мерки за да се минимизира ризикот од комликации. Постојат начини за рано откривање и следење на појавата на овие компликации. Многу ретко може да се јави потреба од хоспитализација или хируршка интервенција.

Биопсија при аноректоскопија

Доколку при аноректоскопијата се види суспектна промена на слузницата на анусот, може да се земе парче од таа промена (да се земе биопсија) и да се испрати на патохистолошки преглед. Патологот, испитувајќи го под микроскоп земениот материјал при биопсијата, ќе ја постави дефинитивната хистолошка дијагноза за карцином на анусот. Истовремено, патологот го одредува и степенот на диференцираноста (градусот) на туморот.

Според тоа, дијагнозата треба да се постави со аноректоскопијаили хируршка биопсија и хистологијата треба да биде во согласност со критериумите дадени од Светската Здравствена Организација (СЗО).