• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Истражување

Идентификувани гени поврзани со рак на тестис

Ракот на тестисот е ретка болест и претставува само 2% од сите карциноми кои се јавуваат кај мажите. Но, тој е чест тумор кај...

Болести на простата - Рак

За болестите на простатата кај нас многу малку се знае. Единствен начин да се бориме против нив...
Што е колонoскопија - кога и како се изведува? PDF Печати

[Ендоскопски дијагностички методи]

Колонoскопијата се применува за испитување на слузницата на дебелото црево, за отстранување на полипи во дебелото црево (мали, бенигни тумори), за земање примероци, биопсија на дебелото црево и друго.

Колонoскопијата е најсигурниот, најдеталниот преглед на дебелото цревo и со овој преглед можат да се утврдат и почетни абнормалности и болести во најраните фази. Оваа дијагностичка метода е многу попрецизна од иригографијата и може да го открие карциномот на дебелото црево уште во неговите рани, почетни стадиуми.

Подготовка на пациентот

Пред да се изведе колоноскопијата, на пациентот му се даваат упатства. Така, пациентот не смее ништо да јаде и да пие 6 часа пред колоноскопијата. Пациентот треба да престане да зема лекови кои го зголемуваат ризикот од крварење, како што се на пример аспиринот и нестероидните антиинфламаторни лекови, неколку дена пред изведувањето на колоноскопијата. Исто така, пред изведувањето на процедурата, на пациентот му се дава средство за прочистување, лаксатив со што се чисти дебелото црево. Дебелото црево треба да е потполно испразнето, бидејќи, во спротивно, колоноскопијата не е можно да се изведе. Иако самиот преглед е непријатен за пациентот, сепак е релативно безбеден. Доколку пациентот има тешка срцева, белодробна или бубрежна болест треба за тоа да го информира лекарот.

Изведба на колоноскопија

Долга, тенка свитлива цевка се спроведува преку анусот (чмарот) до дебелото црево. Ова обично трае околу 15 минути и се изведува со интравенска седација. Алергиска реакцијата кон лековите за смирување е релативно ретка.

Колонoскопијата се изведува во болнички услови како амбулантска процедура (т.е пациентот не се хоспитализира).Ја изведува лекар-специјалист, кој е посебно обучен за изведување на оваа процедура.

Друга, понова опција е виртуелна колоноскопија со компјутерска томографија (КT). Таа дава уште попрецизен преглед на слузницата на дебелото црево, по целата негова должина.

Компликации

Колоноскопијата и полипектомијата (отстранување на полипи) се многу безбедни методи и сериозните компликации се многу ретки.

Како компликации може да се јават:

  • алергиска реакција кон лековите кои се користат за смирување,
  • перфорација (пробивање) на ѕидот на дебелото црево (еднаш на 2000-5000 интервенции),
  • крварење-најчесто при полипектомија (еднаш на 300-500 интервенции),
  • инфекција на дебелото црево или на други органи,
  • срцев удар, срцев застој, проблеми со дишењето (многу ретко).

Се преземаат сите мерки за да се минимизира ризикот од комликации. Постојат начини за рано откривање и следење на појавата на овие компликации. Многу ретко може да се јави потреба од хоспитализација, хируршка операција, хранење преку инфузија или трансфузија на крв.

Посебни мерки на претпазливост се преземаат доколку пациентот:

  • има тешка срцева, белодробна или бубрежна болест,
  • има шеќерна болест,
  • има намален имунитет,
  • прима хемотерапија,
  • има заболување на срцевите залистоци, пејсмејкер,
  • многу лесно крвари или зема лекови против згрутчување на крвта како на пример аспирин или други лекови,
  • има алергија кон лекови,
  • доколку е пациентката бремена, или постои сомневање на бременост.

Биопсија при колоноскопија

Доколку при колоноскопијата се види сомнителна промена на слузницата на дебелото црево, може да се земе парче од таа промена (да се земе биопсија) и да се испрати на патохистолошки преглед. Патологот, испитувајќи го под микроскоп земениот материјал при биопсијата, ќе ја постави дефинитивната хистолошка дијагноза за карцином на дебелото црево. Истовремено, патологот го одредува и степенот на диференцираноста (градус) на туморот.

Според тоа, дијагнозата треба да се постави со колоноскопија или хируршка биопсија и хистологијата треба да биде во согласност со критериумите дадени од Светската Здравствена Организација (СЗО).

 

Тестис

Преглед на тестиси како превентива во навремено откривање на ракот на тестис.
[Преземено од YouTube]

Превенција и скрининг - рак на тестис

За раното откривање на болеста многу е важна едукацијата на младата машка популација. Тие треба да се информираат за раните симптоми и знаци на болеста, за значењето на самопрегледот... 


Рани знаци и симптоми

Многу е важно да машкото точно ја познава големината и обликот на своите тестиси, за да може да ги примети промените. Најчест симптом на карциномот на тестисот е присуство на мала, безболна тврдина... 

Простата

Рак на простатата, раскажува д-р Реј од клиниката за третман на ракот на простата - синхронизирано на македонски јазик.
[Преземено од YouTube]

Што е простата?

Простатата е орган со жлездесто-мускулна структура, чиј алкален секрет влегува во составот на семената течност (сперма)... 


Третман на карциномот на простатата

За одредување на најадекватна тераписка опција за одреден пациент, се разгледуваат многу фактори... 

Дебело црево

Настанување и ширење на ракот на дебелото црево - синхронизирано на македонски јазик.
[Преземено од YouTube]

Следење на болните со карцином на дебелото црево

Карциномот на дебелото црево бара доживотно следење (follow-up)... 


Дијагноза кај карцином на дебелото црево

Дијагнозата се поставува со внимателно земена анамнеза, физикален преглед по системи... 

Кожа

Настанување и типови на ракот на кожата - синхронизирано на македонски јазик.
[Преземено од YouTube]

Рак на кожа

Меланомот претставува малигно буење на меланоцитите, клетки кои го произведуваат пигментот на кожата. Тоа е најмалигни облик на кожен карцином и е најчеста причина за смрт од кожен карцином... 


Симптоми и знаци

Најчесто карциномот започнува како мала, сјајна папула која бавно и постепено се зголемува и по неколку месеци се појавува сјаен, бисерен раб со назначени проширени крвни садови... 

Дојка

Радиотераписки третман кај рак на дојка. Радиотерапијата ја одредува лекар специјалист (радиотерапевт и онколог).
[Преземено од YouTube]

Ширење на ракот на дојката

Ракот на дојката е системско заболување, дисеминиран процес, кој, уште од најраните фази на својот развој, е склон кон метастазирање... 


Симптоми и знаци за појава на рак на дојката

Ракот на дојката во својот почетен, ран стадиум е обично асимптоматски...