• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Езофагографија со бариумска каша PDF Печати

[Радиографски испитувања]

Езофагографијата е рендгенско снимање на хранопроводникот, со примена на бариумска каша.

Пациентот пие бариумска каша, а потоа се прави рендгенска снимка на градниот кош, при што се гледа хранопроводникот кои е исполнет со контраст (бариумска каша).

Ова е првична дијагностичка процедура која се користи за откривање на бројни заболувања на хранопроводникот.

Контрастното рентген снимање со бариумова каша на хранопроводот дава податоци за присуство на улкуси (чир), полипи, тумори и други абнормалности во хранопроводникот.

Снимањето е безболно и не бара седација.

Доколку при ова дијагностичка процедура се открие некоја абнормалност на хранопроводникот, следи езгофагоскопијата. Езофагоскопијата дава многу подобар, подетален увид во реалната состојба, особено за болести кои се во рана фаза и кои можат да не се видат на езофагографијата со бариумова каша.