• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
CIN1 Печати
Imav Cin 1. Ne go zemav rezultatot na vreme go zemav posle 3 meseci. Koga go zemav doktorkata mi prepisa terapija i mi zakaza pregled za 3 meseci. Ima li sansi da e vlosena situacijata zasto ne go zemav rezultatot na vreme, tuku posle 3 meseci i duri togas ja primiv terapijata so vaginalni tableti?

Драго ми е што сте ја посетиле нашата web страница и што таа го привлекла вашето внимание. Ова е македонски портал за ракот, односно за малигните заболувања.

Што се однесува до вашето прашање, ќе пробам да ви одговорам.

Причините кои доведуваат појава на абнормалноси во ПАПА тестот се: од една страна тое е инфекција на грлто на матката, а од друга страна е неадекватниот локален имуолошки одоговор на присутната инфекција.

Абнормалностите во ПАПА тестот опфаќаат различни степени на промени на клетките на грлото на матката (посебно на јадрата на клетките) во изгледот, формата, големината и интензитетот на пребоеноста, како и пореметувања во созревањето на епителот. Нивниот малиген потенцијал – ризик за минување во кацином изнесува 10-15%. Скратеницата CIN значи цервикална интраепителна неоплазија. Според степенот на зафатеноста на епителот се разликуваат блага, умерена и тешка дисплазија т.е. CIN1, CIN2 и CIN3.

Најчест причинител на CIN е инфекцијата со Хуманиот папилома вирус. Има преку 100 видови на ХПВ вируси. Некои од овие видови се високоризични за покасно развој на преканцерозна состојба на грлото на матката,. Тоа се вирусите (ХПВ 16, 18, 31 i 45). Други видови како ХПВ 6 i 11 се нискоризични, за кои се смета дека не доведуваат до преканцерозни состојби.

Доколку е ХПВ тестот негативен, т.е. не е најден ХПВ вирус, тогаш најверојатно причина за наод на CIN во ПАПА тестот е воспалителна промена на вагината и грлото на матката, од друга природа.

Затоа, при постоење на CIN1, потребно е да направите испитувања со цел да се утврди евентуалното присуство на ХПВ вирус.

Она што би ви го препорачала е да редовно одите на контрола кај својот матичен гинеколог. Секој наод на CIN1 бара редовно следење, повторувањње на ПАПА тестот на секои 3 месеци и примена на соодветна терапија, доколку е потребна. Вашиот гинеколог може да назначи и некои дополнителни испитувања, доколку се потребни.

Што се однесува до тоа дали се влошила состојбата поради закаснето применување на таблетите, сепак можам да ве смирам со тоа што ќе ви кажам дека CIN1 е блага промена на клетките на грлото на матката и не е агресивна, но бара редовно следење и лекување, бидејќи лесно може да помине во умерена и тешка дисплазија т.е. во CIN2 и CIN3.

Значи, немојте да се плашите, не е ништо страшно, но бара контролни прегледи кај вашиот гинеколог. Следете ги неговите упатства за терапија и сè ќе биде во најдобар ред.

Се смета дека важен фактор во борбата против инфекцијата и CIN е зајакнувањето на имунитетот. Затоa би ви препорачала да ја го зајакнете својот имунитет со здрава храна т.е. консумирање на големи количини овошје и зеленчук, внесување на антиоскиданси (бета каротин, витамин Е и Ц), и високи дози на фолна киселина (Фолацин 5мгр. таблети), да престанете со пушење, ако пушите, да го намалите стресот, и да си обезбедите доволно одмор, сон и шетање.

Секако, би ви препорачала користење на презерватив за време на сексуалните односи, сè додека ПАПА тестот не биде повторно во ред. Нема потреба да се ограничувате од капење. Со санирањето на воспалителните промени и ПАПА тестот на следната контрола би требало да се нормализира.

Се надевам дека делумно ви одговорив на вашите прашања. Повеќе информации за CIN и ПАПА тестот имате на нашиот портал: www.rak.mk.

Поздрав.

Д-р Л. Ацева