• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Септември - месец на простатата: Тестирај се! Печати
Дали сте маж на возраст од 40-75 години?
Дали вашиот татко или брат имале рак на простата?
Тестирајте се! ПСА* и ДРП**!
Еден од 6 мажи ќе заболи од рак на простата,
35% ќе бидат под 65 годишна возраст,

Ќе бидат објавени преку 2.8 милиони случаи на болести на простата во 2009 година.

Кај преку 218 890 мажи, тоа ќе биде ракот на простатата.

Преку 27 050 мажи ќе умрат, бидејќи не направиле преглед или порано не се јавиле на лекар.

НЕ ДОЗВОЛЕТЕ ДА КАЖАТ „Тој беше премногу исплашен или засрамен за да отиде на тестирање“.

Не можеме да се смириме сé додека не ја победиме битката против РАКОТ НА ПРОСТАТАТА.

Направете го РИЗИК ФАКТОР тестот

Menstuff® ја комплетира информацијата за РИЗИК ФАКТОРИ за развој на ракот на простатата. Возраста е главен ризик фактор. 90% од мажите кои ќе доживеат 90 години, ќе имаат или имале рак на простата.

Направете го овој тест.

Ризик Фактори Поени
Помеѓу 60 до 69 годишна возраст 3
Помеѓу 70 до 79 годишна возраст 4
Преку 80 годишна возраст 5
Пушачи: 200 кутии цигари годишно 2
Пушачи: 210-400 кутии цигари годишно 3
Пушачи: повеќе од 400 кутии цигари годишно 4
Црна раса 3
Исхрана богата со црвено место и животински масти 3
Вазектомија 2*
Еден роднина од прво колено, заболен од рак на простата, на возраст над 60 години, 3
Еден роднина од прво колено, заболен од рак на простата, на возраст под 60 години, 5
Два или повеќе роднини од прво колено, дијагностицирани со рак на простата, над 60 години, 7
Два или повеќе роднини од прво колено, дијагностицирани со рак на простата, под 60 години, 9
Вкупно поени Ризик за рак на простата
0 - 4 низок
5 - 8 умерен
9 или повеќе висок
Извор:
Medical Tests that can Save Your Life by David Johnson, Ph.D., and David Sandmire, M.D. with Daniel Klein

* Некои студии сугерираат дека може да постои врска помеѓу вазекомијата и зголемениот ризик за појава на рак на простата. Како и да е, други студии не го поддржале ова тврдење. Во моментов, овие наоди се многу несигурни и дискутабилни.

Колку е мажот постар, толку е поголема веројатноста тој да умре СО рак на простата, отколку ОД рак на простата.

Треба да се запомнат 4 важни работи пред да се направи тестирање

  • Биди одморен,
  • Воздржи се од сексуален однос три дена пред тестирањето,
  • Ако имаш настинка, одложи го тестот,
  • Направи го ПСА тестот пред ДРП или 48 часа по направениот ДРП тест.

Ако збирот на поените од тестот ти е 0 и 1, повторно тестирај се по 5 години,

Ако збирот на поените од тестот ти се помеѓу 1 и 2, повторно тестирај се по 2 години,

Ако наодите ти се над 2.5, размисли за дополнителни тестови, како: испитување на ПСА во крвта, како и други лабораториски испитувања на крвта, ехотомографски преглед на простата, евентуална биопсија и друго.

  • *ПСА протеинот го создаваат како нормалните, така и карциномските клетки на простатата. Карциномските клетки создаваат многу повеќе ПСА протеин од нормалните. Високите вредности на ПСА во крвта може да бидат знак за карцином, но нивото на ПСА може да биде покачено и при бенигно зголемена простата како и при инфекции (простатит).
    Вредностите на ПСА под 4 ng/ml се сметаат за нормални, а над 10 ng/ml за високи. Вредностите од 4 до 10 ng/ml се средни вредности.
  • ** ДРП - дигитален ректален преглед. Бидејќи аналниот отвор е непосредно под простатата, а карциномот најчесто расте на таа страна од жлездата, лекарот може да ја напипа простатата влегувајќи со прст преку аналниот отвор. Ова испитување е непријално, но безболно.
    Со ПСА тестот се поголеми можностите за откривање на ракот во рана фаза отколку со аналниот преглед. Затоа карциномот откриен со анален преглед обично е поголем, штом може да се напипа.
    Присуството на тврдина во простатата, како и целосно тврда и фиксирана простата е сомнителен наод за карцином. Во тој случај потребно е да се направи и ултразвучен преглед.