• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Страв од болести Печати
Zdravo,
postojano mislam deka sum bolen od nekoja teska bolest, iako na kraj sepak ne e taka.
Slusnam deka nekoj pocinal od nekoja bolest-vednas prasuvam sto cuvstvuval pred da umre i jas pocnuvam da gi baram istite simptomi.
Mi se cini deka dosega sum imal milion takvi "bolesti" a i sekoj den gi imam.
Postojano pronaogjam topcinja niz teloto za koi site mi velat deka se obicni zlezni koj sekoj gi ima.No-jas mislam deka se tumori.
Mislam deka ova moeto se vika '' hipohondrija '' no ne znam zosto e toa taka...
...Momentalno imam topce pod bradata gore pod zlebinata kade sto pocnuva koskata sto go stiti disnikot. Takvo topcence imam i na desnata strana od vratot, mnogu odamna mi stojat. Sega imam edno pod levoto uvo, no se namaluva i zgolemuva na odreden period. Mozebi e od bolen zab ???!!!
Od vreme-na vreme imam i rak na debeloto crevo.
Zvuci smesno,no... takov sum, panicar !
Mislam deka imam tumor ili sl. na desniot testis, mi se cini deka e mn golem...no, toj e samo pogolem od leviot zatoa sto leviot e spusten so operacija pred nekolku godini. Pred nekolku meseci postojano se pritiskav i proveruvav dali imam topce na nego, dali ima nesto sto e nevoobicaeno...
...ima bezbroj primeri, smesni...Ednas si go gledav grloto i se uplasiv zatoa sto na ogledaloto vidov kako mi stoi vnatre nesto kako koska.Si pomisliv deka nesto niknalo (rak na grloto).Barav po internet da vidam cela struktura na grlo na slika, i sfativ deka toa e mojot epiglottis .
Taka bezbroj pati...
Znaci, jas sakam da znam: kako da prestanam da mislam deka sum bolen od razni bolesti?
Dali e mozno nesto od ona sto go nabrojav (sto mi e najaktuelno sega) da bide navistina seriozna bolest?
Se nadevam na potpolna diskrecija kako bi mozel da dobijam odgovor preku e-mail.
Odnapred blagodaren,

Нормално е секој човек да се грижи за своето здравје и понекогаш да се плаши од одредени болести и сутуации. Но, тоа е обично нормален страв, кој не го нарушува нашиот живот. Кај тебе е поинаку. Како што можам да видам, ти се плашиш од сите болести кои можат да се јават кај човекот. Тука веке станува збор за опседнатост од болести.

Една од добрите работи кога постои ваков страв, како што е кај тебе, е што редовно се контролираш. Редовните контроли се многу важни за навремено откривање на болестите, а со тоа и за нивно успешно лекување.

Нема потреба да се оптоваруваш толку со твоето здравје. Незнам колку години имаш, но како и сто можеш да видиш во мојот портал за ракот, тој обично се јавува во понапредната возраст и често возраста е фактор на ризик за настанување на повеќето малигни заболувања.

Треба вниамателно да ги пратиш промените во своето тело, да правиш самопреглед на тестисите, на кожата и др., но тоа не треба да ти стане опсесија.

Како да се ослободиш од овој страв? Сепак, за зал не постои волшебна формула за тоа. Треба самиот да си помогнеш. Така, треба повеќе да го исполнуваш денот со одредени активности кои ќе го отргнат твоето внимание од болестите, да практикуваш умерени физички активности, здрава исхрана, што подразбира доволно внесување на овошје и зел енчук, а помалку масти и преработени месни производи и месо. Избери некое твое хоби кое ке те преокупира повеќе, Излегувај со пријателите и дружи се повеке, биди меѓу луѓе, а не се затворај во себе.

Доколку сето ова не помогне, мислам дека е добро да поразговараш и со психијатар, кој ке може да ти помогне со совет и да те убеди дека се е во ред со тебе и дека не си болен.

Се надевам дека ти одговорив донекаде на твоите прашања.

Поздрав.

Др. Лилјана Ацева.