• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
ХПВ инфекција Печати
PRED TRI GODINI DIJAGNOSTICIRANO MI E HPV16,POSLE TRETMAN SO KREMA ALDARA VIRUSOT ISCEZNA.I EVE POSLE EDNA GODINA POVTORNO MI E DIJAGNOSTICIRAN HPV16.
BI MOZELE LI DA MI KAZETE NA STO SE DOLZI POVTORNATA POJAVA.NEMAM SMENETO PARTNER NITU PAK SO POSTOJANIOT PARTNER VO MEGUVREME SME IMALE ODNOSI BEZ KONDOM. ME INTERESIRA I TOA DOKOLKU BI SAKALA DA OSTANAM BREMENA IMAM 26 GODINI. DALI TREBA NESTO POSEBNO DA SE PREVZEME I DALI VIRUSOT BI VLIJAEL STETNO NA PLODOT.
ODNAPRED VI BLAGODARAM

Драго ми е што си ја посетила нашата web страница и што таа го привлекла твоето внимание. Ова е македонски портал за ракот, односно за малигните заболувања.

Што се однесува до твоето прашање, ќе пробам да ти одговорам, но сепак за подетални информации за ХПВ инфекцијата, како и за начинот на лекување, ќе треба да се обратиш до специјалист-гинеколог.

Инфекцијата со ХПВ вирусот воопшто не е едноставна, па мислам дека е најдобро повторно да разговараш со својот гинеколог за понатамошниот начин на лекување. Секој пациент е индивидуа сама за себе, па и така се пристапува во лекувањето, т.е. индивидуално кај секој пациент.

ХПВ инфекцијата е предизвикана од хуманите папилома вируси и е честа кај младите. Често оваа инфекција оди без симптоми, а можат да се јават полови брадавици, шилести кондиломи на вагината, пенисот и анусот, кои можат да бидат болни и да крварат. Постојат преку 100 типови на ХПВ.

ХПВ инфекцијата се пренесува по сексуален пат, најчесто е во субклиничка форма, и е присутна кај 7-17% од женската популација. Оваа инфекција има улога на промотор во канцерогенезата, додека иницирачката улога се препишува на други агенси (на пример на херпес симплекс-тип 2 вирусот, на пушењето).

Постојат високоризични ХПВ вируси (ХПВ 16, 18, 31 i 45) и нискоризични ХПВ вируси (ХПВ 6 i 11).

Кај тебе е откриен ХПВ вирусот 16, кој спаѓа во високоризични вируси, кои покасно можат да доведат до промени на слузницата на грлото на матката и до развој на карцином. Тоа немора да се случи, но пациентки со ХПВ инфекција се со поголем ризик за развој на ова малигно заболување.

Инфекцијата со високоризичните (онкогени) ХПВ типови е силно поврзана со настанувањето на карцином на грлото на матката. Тие се обвинуваат како високо ризични, бидејќи нивната поврзаност со CIN III (тешка дисплазија) и со Ca in situ е извонредно честа (50-93%). Затоа, од голема вредност е HPV типизацијата во одредувањето на ризикот за настануавањето на цервикалниот карцином.

Сите овие информации не се наменети да те заплашат, напротив, треба само да те едуцираат повеќе.

За ХПВ вирусот нема дефинитивен лек, иако некои од вирусите исчезнуваат и спонатно. Во лекувањето на оваа вирусна инфекција не помагаат антибиотиците, кои се ефикасни за бактериские инфекции. Треба да се води сметка и за габичните инфекции, воспаленијата, кои може да го потенцираат вирусот.

Промените се лекуваат со премачкување, со лекови и хируршки. За тоа, која од овие терапии ќе биде применета кај тебе, сепак, одлучува гинекологот.

Што се однесува до кремата Алдара, која си ја употребувала, таа покажува најдобри резултати, но сепак, инфекцијата може да се јави повторно и по престанување на лечење со кремата, кај околу 20% од пациентите.

Тоа е инфекција која тешко се искоренува и рецидивира т.е. повторно се јавува.

Се смета дека како важен фактор во борбата против оваа инфекција е зајакнувањето на имунитетот. Затоа се препорачува јакнење на имунититеот со здрава храна т.е. консумирање на големи количини овошје и зеленчук, внесување на антиоскиданси (бета каротин, витамин Е и Ц), и високи дози на фолна киселина (Фолацин 5мгр. таблети), престанок на пушењето, намалување на стресот, доволно одмор, сон и шетање.

Добра вест е тоа што ХПВ вирусите не влијаат на бременоста, ниту на зачнувањето. Жените кои имаат ХПВ инфекција имаат нормална бременост и нормален пород.

Сепак, со оглед на тоа што ХПВ инфекцијата е еден од најзначајните и најважни фактори на ризик за настанување на карциномот на грлото на матката, важни се редовните гинеколошки прегледи и контроли.

И нешто повеќе за вакцината против ХПВ, за која и кај нас, овие денови посебно се говори. Станува збор за четворовалентна вакцина која помага за заштита од болести што ги предизвикуваат ХПВ типовите 6,11, 16 и 18. Вакцината помага во превенцијата, односно во спречувањето на појавата на овие болести, но мора да се знае дека таа не ги лекува. Вакцината е произведена со рекомбинирана технологија и содржи само делови од вирусот. Таа е наменета за девојчињата и девојките од 9 до 26 години и се применува во 3 дози.

Вакцината има превентивна улога, односно нејзиното дејство е најдобро и штити од каков и да е контакт со ХПВ од типовите 6,11,16 и 18. Најсигурно е вакцината да се прими пред почетокот на сексуалниот живот.

Но, треба да се знае дека лице кое е веќе заразено со ХПВ може да има корист од вакцината затоа што повеќето лица не се заразени со сите 4 типа на ХПВ од кои вакцината заштитува, па ќе имаат одредена заштита од останатите типови содржани во вакцината.

Се надевам дека ти одговорив на твоите прашања. Доколку има уште нешто што би сакала да знаеш, слободно пиши.

Поздрав.

Др. Лилјана Ацева.