• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Антиоксидансите можат да им помогнат на болните од леукемија

Антиоксидансите кои ги има во овошјето, зеленчукот и црвеното вино можат да помогнат при лекување на леукемија, тврди новата клиничка студија, која потврдила дека антиоксидансите ги убиваат заболените клетки, а при тоа не ги оштетуваат здравите.

Авторите на студијата го проучувале делувањето на антицијанидите, антиоксидансите од капините, врз леукемичните клетки.

Забележале дека мала доза на антицијаниди во рок од 18 часа доведува до смрт дури на 50 % од заболените клетки.

Кога била зголемена дозата за двапати, сите заболени клетки умреле, а здравите клетки останале неоштетени.

Овие резултати би овозможиле примена и на алтернативно лекување на леукемиите, покрај примената на досегашните расположиви третмански опции.

 

Прочитајте и: