| Акутна миелоидна леукемија (АМЛ) |
|
|
Страница 1 од 3 Акутната миелоична леукемија е една од најчестите акутни леукемии кај возрасните, а нејзината инциденца расте со возраста. Акутната миелоична леукемија е болест кај која, во крвта или коксената срцевина се наоѓаат незрели, абнормални миелоидни бластоцити. Од миелоидните бластоцити се развиваат црвените крвни зрнца, крвните плочки и некои видови на бели крвни зрнца. Нормално коскената срцевина создава клетки под името бласти, кои се развиваат (созреваат) во неколку различни видови на крвни клетки, кои имаат специфични функции во организмот: миелоидни бластоцити и лимфобласти. Коскената срцевина е сунѓересто ткиво во внатрешноста на големите коски во телото. АМЛ се јавува кога ќе настане блок во созревањето на миелоидната лоза, поради што доаѓа до насобирање на незрели клетки. Кога ќе се натрупа голем број на незрели мијелоидни клетки во крвта, може да дојде до блокада (зачепување) на крвните садови. Овој тип на леукемија може да се јави кај децата и адолесцентите, но обично се јавува кај возрасните. До пропаѓање на коскената срцевина доаѓа кога малигните клетки ќе ги заменат нормалните елементи во коскената срцевина. Пациентот, поради намалениот број на нормални крвни клетки, станува склон кон крварење и развој на инфекции. Незрелите малигни лимфоцити се насобираат во лимфните ткива и предизвикуваат оток на зафатените ткива. Малигните клетки може да ги истиснат другите крвни клетки во крвта и коскената срцевина. Доколку коскената срцевина неможе да произведе доволни црвени крвни зрнца, може да дојде до развој на слабокрвност. Многу често, коскената срцевина неможе да произведе и доволно крвни плочки-тромбоцити, па може многу полесно да дојде до крварења во кожата и внатрешните органи. Малигните клетки можат, исто така, да продрат во другите органи, во `рбетниот мозок и централниот нервен систем. Постојат неколку подврски на АМЛ. Овие подврсти се направени врз основа на тоа колку се зрели малигните клетки за време на поставувањето на дијагнозата, и колку се тие разликуваат по изглед во однос на здравите клетки. АМЛ ја зафаќа миелоидната лоза на крвните клетки. Миелоидната лоза ја сочинуваат 4 вида на крвни клетки:
Со овој вид на леукемија се зафатени, најчесто, гранулоцитите. Гранулоцитите циркулираат во крвта и имаат функција е да ги бараат инфективните агенси во крвта и во околното ткиво. Тие брзо делуваат на сите видови на инфективни агенси, за разлика од лимфоидните клетки на кои им треба повеќе време за да го започнат своето делување. Но лимфоцитите се специфични борци против инфекциите. Кога моноцитите од миелоидната лоза ќе ги пронајдат напаѓачите, тие ги „проголтуваат“ и ги уништуваат. Причини и фактори на ризикПојавата на АМЛ може да биде поврзана со претходна примена на хемотерапија или радиотерапија (секундарна АМЛ). Кај повеќето случаи на АМЛ непостои некоја јасна причина за нејзино јавување. Сепак, се смета дека зрачењето, некои отрови како што е бензенот, како и некои хемотераписки лекови допринесуваат во развојот на леукемијата. Можни фактори на ризик за акутната миелоична леукемија се:
Честотата на појавата на леукемија е 6 од 100 000 луѓе. Овој вид на леукемија може да се јави и кај деца и адолесценти, но почесто се јавува кај возрасните. Превенција и скринингБидејќи не се познати вистинските причини за појавата на леукемијата, таа не може да се превенира. Минималното изложување на разни хемиски канцерогени агенси, на отрови и зрачење, може да го намалат ризикот од развој на леукемија. Не постојат скрининг тестови за леукемиите. Симптоми и знаци кај АМЛРаните симптоми на АМЛ се слични со симптомите на настинка или грип, па затоа за точна дијагноза потребно е да се консултира лекар. Симптомите се јавуваат како последица на намалувањето на нормалната хематопоеза (создавање на крвни клетки). Гранулоцитопенијата (намален број на гранулоцити во крвта) може да предизвика чести и сериозни бактериски и габични инфекции. Тромбоцитопенијата (намален број на крвни плочки во крвта) може да доведе до спонтани крварења. Така чести се: точкести крварења во кожата, модрици по кожата, крварење од слузниците, неправилни менструални циклуси. Поретко се јавува хематурија (крв во мочката) и крварење во дигестивниот тракт. Во почетниот стадиум на болеста, обично не е зафатен нервниот систем, но доколку покасно во текот на болеста дојде до зафатеност на мозокот и `рбетниот мозок, може да дојде до појава на главоболки, повраќање, раздразливост. Кај акутната миелоична леукемија ретко доаѓа до зголемување на црниот дроб и слезенката. Можни симптоми на АМЛ се:
Дијагностички постапки кај АМЛКај 75% до 90% од пациентите со АМЛ, присутни се анемија (слабокрвност) и тромбоцитопенија. Бројот на леукоцитите (бели крвни зрнаца) може да биде намален, нормален или зголемен. Обично, дијагнозата можно е да се постави врз основа на микроскопски преглед на периферната крв, но секогаш треба да се испита и коскената срцевина. Доколку примерокот, добиен со аспирација на коскената срцевина, не е доволен за поставување на дијагноза, потребна е биопсија (земање на примерок од ткивото на коскената срцевина). Кога ќе се открие панцитопенија (намален број на сите крвни зрнца) треба да се земат во предвид и други заболувања, кои можат да дадат панцитопенија. Така диференцијално дијагностички доаѓаат во предвит следниве заболувања: апластична анемија, инфективна мононуклеоза, недостаток на витамин Б12 и на фолната киселина. За поставување на дијагноза на АМЛ се користат следниви дијагносточки прегледи и тестови:
Важноста на откривањето на Филаделфија хромозомот
Постојат 23 пара на хромозоми кои ги носат сите гени кај еден човек. Гените ги одредуваат шифрите за произведување на протеини, кои ги одредуваат сите карактеристики на една личност. Ова скратување на хромозомот е приметено кај 90% од болните со хронична мијелоидна леукемија. Пореметувањето е откриено само во малигните клетки, додека во нормалните, здрави клетки на организмот, ова пореметување не е најдено. Овој пронајдок значел и откривање на првата сигурна поврзаност на хромозомското пореметување и малигната болест. Подоцна е приметено дека делот од хромозомот 22 кој недостасува, се прицврстил за хромозмот 9, додека пак дел од хромозмот 9 преминал на хромозмот 22 (транслокација е термин за оваа промена на генетскиот материјал). Утврдено е, исто така, дека прекинот на генетскиот материјал на хромозомот 22 се случува секогаш на исто, тесно место. Оваа регија е наречена breakpoint cluster region, или скратено BCR. ПрогнозаДолготрајно преживување без рецидив се постигнува кај 20-40% од болните, додека тој процент се зголемува на 40-50% кај помладите пациенти лекувани со трансплантација на коскена срцевина. Прогнозата на секундарната АМЛ е лоша. Од големо значење е и симптоматското лекување. Така при постоење на изразена слабокрвност се дават трансфузии на крв, додека при крварење, поради намален број на тромбоцити во крвта, се дава инфузија на тромбоцитна маса. Поради нискиот број на леукоцити во крвта, како превенција од појава на инфекција, се даваат бактерицидни антибиотици од широк спектар (ceftazidim, primaksin), кои ги покриваат грам-позитивните бактерии. Антибиотиците се даваат и кога нема клинички симптоми и знаци на инфекција. Можноста за излекување (прогноза) зависи од:
Целта на лекувањето е ремисија на малигниот тумор. Ремисија е постигната кога се нормални наодите на периферната крв и кокената срцевина. Ремисија се постигнува кај 50-80 % од пациентите. Прогнозата се влошува со возраста: ремисија се постигнува кај 55-80 % од пациентите под 60 години, но само кај 33-76 % од пациентите над 60 години. Средното траење на ремисијата е околу една година и средно очекувано преживување на пациентите со АМЛ е околу 2 години. Околу 20-40 % од пациентите со АМЛ се излекуваат со хемиотерапија. |