Акутна лимфоцитна леукемија (АЛЛ) - Лист 5 |
![]() |
Страница 5 од 5
Несакани ефекти од лекувањетоХемотерапијата ги уништува претежно брзорастечките клетки. Но, за жал, таа не делува селективно само на малигните келтки, туку ги оштетува и брзорастечките нормални клетки во организмот. Така, хемотерапијата ги оштетува нормалните клетки на: коскената срцевина, системот за варење (уста, желудник и црева) и фоликулите на коската. Како последица на тоа се јавува пад на крвните клетки во крвта, мачнина, гадење, повраќање, пролив, замор, опаѓање на косата и друго. Но, за среќа нормалните клетки се способни побрзо да се регенерираат, во однос на туморските клетки. Делување на хемотерапијата на коскената срцевинаКоскената срцевина е место каде созреваат сите крвни клетки. Тоа се леукоцитите, еритроцитите и тромбоцитите. По хемотерапијата, нормалните клетки на коскената срцевина привремено се уништуваат, па доаѓа до пад на нивниот број во крвта. Како резултат на тоа се јавува слабокрвност, инфекции и крварење. Делување на хемотерапијата на системот на варењеХемотерапијата ги оштетува и уништува и клетките на слузницата на дигестивниот систем (уста, желудник и црева). Како последица на тоа може да дојде до појава на: мачнина, гадење, повраќање, губиток на апетит, промени во вкусот, ранички во устата и болки при голтањето, пролив или запек Делување на хемотерапијата на косата.Хемотерапијата ги оштетува на фоликулите на косата, поради што доаѓа до привремено опаѓање на косата. Косата продолжува нормално да расте по прекинот на хемотерапијата. Делување на хемотерапијата на плодностаХемотерапијата може да доведе до неплодност и кај мажите и кај жените. Но, има случаи кога пациентите имаат деца. За време на хемотерапијата не се препорачува да се зачнуваат деца. Жените кои менструираат може да имаат нередовни менструални циклуси или пак некое време престануваат со менструирање. Кај постарите жени може да дојде и до појава на рана менопауза. Зачнувањето можеби е можно, но не се препорачува, па со хематологот треба да се поразговара за контролни мерки против зачнување. Доцни несакани ефекти од терапијатаКај пациентите со долго преживување постои поголем ризик за појава на друг, секундарен карцином, поради канцерогеното делување на хемотерапијата и радиотерапијата. Покрај тоа, лекувањето на децата може да предизвика и намалување на коефициентот на интелигенцијата (IQ). За сите овие работи треба да се поразговара со матичниот онколог. |