• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Преглед на можностите за третман Печати
  • Карциномите на хипофаринксот не предизвикуваат симптоми сè до доцните стадиуми на болеста. Поради тоа и поради високата инциденца на рани метастази, стапката на преживување од карциномите на хипофаринксот е најниска од сите други карциноми на главата и на вратот.
  • Ниту еден поединечен тераписки режим не овозможува јасна предност во преживувањето над другите режими. И покрај тоа што во литературата се потенцираат различни тераписки опции, валидни компаративни студии се присутни во многу мал број извештаи.
  • Освен за многу раниот стадиум (Т1) на карцином во овој регион, третманот е примарно хируршки, вообичаено следен со постоперативна радиотерапија. Некои егзофитични карциноми на пириформниот синус во ран стадиум (Т1 и Т2), со мал волумен, можат успешно да се лекуваат само со зрачење.

Кај пациентите во стадиум III и IV, треба да се примени комбиниран третман. Кога се користи заедно со хируршката терапија, радиотерапијата се применува обично постоперативно.

Алтернативните стратегии со примена на неоадјувантната хемотерапија и радиотерапија можат да ја зголемат можноста за локална контрола при селектирани напреднати презентации до степен што се доближува до оној што се постигнува со ресекција и постоперативна радиотерапија.

Покрај тоа, комбинираната хемотерапија и радиотерапија овозможуваат подобра контрола на туморот со орган-презервација отколку само радиотерапијата.

Стадиум I на карцином на хипофаринксот

  • Освен кај многу раните (T1) карциноми во овој регион, третманот е примарно хируршки, вообичаено следен со постоперативна радиотерапија.
  • Поради тоа што се клинички притаени до напреднатите стадиуми, многу невообичаено е овие тумори да се дијагностицираат во T1 N0 стадиумот. Во најголемиот број достапни ретроспективни студии, T1 N0 случаите претставуваат само 1-2%.
  • При егзофитични T1 N0 лезии, лекувањето се спроведува само со радиотерапија.

Стандардни опции на третман

  • Ларингофарингектомија и дисекција на вратот е најчесто користена терапија за хипофарингеалните карциноми.
  • Радиотерапија со високи дози се применува на примарното место и на двете страни од вратот со ретрофарингеалните и латералните вратни лимфни јазли.

Стадиум II на карцином на хипофаринксот

Третманот е примарно хируршки, вообичаено следен со постоперативна радиотерапија.

Поради тоа што се клинички притаени до напреднатите стадиуми, многу невообичаено е овие тумори да се дијагностицираат во T2 N0 стадиум.

Стандардни опции на третман

  • Ларингофарингектомија и дисекција на вратот е најчесто користена терапија за карциномите на хипофаринксот. Кај Т2 случаите, се применува постоперативна радиотерапија во комбинација со хируршка интервенција, заради подобрување на стапката на локалната контрола, која се постигнува само со хируршката интервенција.
    Постојат препораки за предоперативна радиотерапија, но сите што применуваат зрачење препорачуваат третман со висока доза на примарното место и на двете страни на вратот, за да се опфатат ретрофарингеалните и страничните вратни јазли.
  • Неоадјувантна хемотерапија, која според наодите во клиничките студии се користи за намалување на туморите и нивно приспособување за поуспешно лекување со хируршки третман или зрачење. Хемотерапијата се дава пред другите тераписки модалитети, па оттука и означувањето како неоадјувантна, за да се разликува од стандардната адјувантна терапија, која се применува по или во тек на терапијатасо зрачење или по хируршкиот третман. Многу комбинации на лекови се употре-бувани во неоадјувантна хемотерапија. Неоадјувантна хемотерапија е често користена во третманот на пациентите со напредната болест, за подобрување на локорегионалната контрола или преживувањето, и покрај немањето податоци од рандомизирани, проспективни студии. Исто така, неоадјувантна хемотерапија се препорачува и за зголемување на орган-презервацијата.
    Во една проспективна рандомизирана студија на EORTC, компарирани се хируршка терапија плус постоперативна радиотерапија со неоадјувантна хемотерапија (пр. cisplantin плус 5-флуороурацил), следена со зрачење кај пациентите со одговор.
    Локалниот и регионалниот неуспех биле слични во двете компарирани групи.
    И покрај тоа што средното преживување изнесувало 25 месеци во групата со непосреден хируршки третман и 44 месеци со индукциска хемотерапија (P=0.006), 5-годишниот период без болест и вкупното преживување биле исти.
    Функционално зачувување на ларинксот кај пациентите што примиле индукциска хемотерапија било постигнато кај 42% од случаите во тек на 3 години и 35% во тек на 5 години. Ваквите податоци не се потврдени со други студии во фаза III, но сугерираат дека зачувувањето на ларинксот е можно без загрозување на животот.

Стадиум III на карцином на хипофаринксот

  • Водењето на пациентите од оваа група е комплексно и за воспоставување на оптимален режим на третман бара мултидисциплинарен пристап.
  • Новите хируршки техники и реконструкции го намалиле морбидитетот асоциран со ресекцијата на овие тумори и речиси ја елиминирале потребата од реконструкции на повеќе нивоа.
  • Кај овие пациенти има голема веројатност постоперативната радиотерапија да започне 3-4 недели по ресекцијата.

Стандардни опции на третман

  • Комбинирана хирургија и радиотерапија, најчесто постоперативна, што претставува вообичаена форма на третман на пациентите во оваа група во САД.
  • Неоадјувантна хемотерапија. Често се користи во третманот на пациентите со напредната болест за подобрување на локорегионалната контрола или преживувањето, и покрај немањето податоци од рандомизирани, проспективни студии. Исто така, неоадјувантна хемотерапија се препорачува и за зголемување на орган-презервацијата.
  • Во една проспективна рандомизирана студија на EORTC, компарирани се хируршка плус постоперативна радиотерапија со неоадјувантна хемотерапија (пр. cisplantin плус 5-флуороурацил), следена со зрачење кај пациентите со одговор. Локалниот и регионалниот неуспех биле слични во двете компарирани групи. И покрај тоа што средното преживување изнесувало 25 месеци во групата со непосреден хируршки третман и 44 месеци со индукциска хемотерапија (P=0.006), 5-годишниот период без болест и вкупното преживување биле исти.
    Функционално зачувување на ларинксот кај пациентите што примиле индукциска хемотерапија било постигнато кај 42% од случаите во тек на 3 години и 35% во тек на 5 години.
    За разлика од тоа, во една друга рандомизирана проспективна студија е најдено статистички значително поголемо преживување кај пациентите што примале хемотерапија (пр. cisplantin плус 5-FU), следено со ларингофарингектомија и постоперативна радиотерапија во споредба со хемотерапија и радиотерапија.
    И покрај тоа што во оваа студија не е анализирана орган-презервацијата, хемотерапијата во комбинација со радиотерапија без хируршки третман не би требало да се смета за стандард.
  • Пациентите со стадиум III хипофарингеален карцином би требало да се третираат со комбинирана постоперативна, адјувантна радиотерапија и хемотерапија.
    Во една проспективна рандомизирана студија, постоперативна адјувантна радиотерапија е компарирана со комбинираната постоперативна адјувантна радиотерапија плус хемотерапија. Вкупното преживување (P<0.01) и преживувањето без присуство на болест (disease-free survival) (P<0.02) биле подобри во групата пациенти што примале радиотерапија плус хемотерапија.
    Во една друга студија, со конкомитантната администрација на хемотерапија и радиотерапија, постигната е подобрена презервација на примарното место, и покрај тоа што вкупното преживување не било подобрено.

Опции на третман, кои се во тек на клиничка евалуација

  • Други студии укажуваат дека хемотерапијата во комбинација со радиотерапија доведува до подобрувања кај пациентите со локално напредната болест.
    Во една метаанализа од 63 рандомизирани проспективни студии, објавени помеѓу 1965 и 1993 год., покажано е 8% зголемено апсолутно преживување кај пациентите што примале конкомитантно хемотерапија и радиотерапија.
    Пациентите што примале адјувантна или неоадјувантна хемотерапија немале зголемено преживување во однос на другата група.
    Цената, квалитетот на живот, и податоци за морбидитетот не се достапни; не постои стандарден режим; студиите се премногу хетерогени за да се обезбедат дефинитивни препораки. Резултатите од тековните студии можат дополнително да ја расветлат улогата на конкомитантната хемотерапија и радиотерапија во водењето на хипофарингеалните карциноми. Сè уште не се решени прашањата околу тоа која е најдобрата хемотерапија и кој е соодветниот пат за интегрирање на двата модалитета.

Стадиум IV на карцином на хипофаринксот

Операбилен карцином на хипофаринксот

  • Водењето на пациентите со ресектабилен хипофарингеален карцином е комплексно и за воспоставување на оптимален режим на третман бара мултидисциплинарен пристап.
  • Новите хируршки техники и реконструкции го намалиле морбидитетот асоциран со ресекцијата на овие тумори и речиси ја елиминирале потребата од мултистадиумски реконструкции.
  • Кај овие пациенти има голема веројатност постоперативната радиотерапија да започне 3-4 недели по ресекцијата.

Стандардни опции на третман

  • Комбинирана хирургија и радиотерапија, најчесто постоперативна, што претставува вообичаена форма на третман на пациентите во оваа група во САД.
  • Неоадјувантна хемотерапија. Често се користи во третманот на пациентите со напредната болест за подобрување на локорегионалната контрола или преживувањето, и покрај немањето податоци од рандомизирани, проспективни студии. Исто така, неоадјувантна хемотерапија се препорачува и за зголемување на орган-презервацијата.
    Во една проспективна рандомизирана студија на EORTC, компарирани се хируршка плус постоперативна радиотерапија со неоадјувантна хемотерапија (пр. cisplantin плус 5-флуороурацил) следена со зрачење кај пациентите со одговор. Локалниот и регионалниот неуспех биле слични во двете компарирани групи. И покрај тоа што средното преживување изнесувало 25 месеци во групата со непосреден хируршки третман и 44 месеци со индукциска хемотерапија (P=0.006), 5-годишниот период без болест и вкупното преживување биле исти.
    Функционално зачувување на ларинксот кај пациентите што примиле индукциска хемотерапија било постигнато кај 42% од случаите во тек на 3 години и 35% во тек на 5 години.
    За разлика од тоа, во една друга рандомизирана проспективна студија е најдено статистички значително поголемо преживување кај пациентите што примале хемотерапија (пр. cisplantin плус 5-FU), следено со ларингофарингектомија и постоперативна радиотерапија во споредба со хемотерапија и радиотерапија.
    И покрај тоа што во оваа студија не е анализирана орган-презервацијата, хемотерапијата во комбинација со радиотерапија без хируршки третман не би требало да се смета за стандард.
  • Пациентите со стадиум IV хипофарингеален карцином би требало да се третираат со комбинирана постоперативна, адјувантна радиотерапија и хемотерапија.
    Во една проспективна рандомизирана студија, постоперативна адјувантна радиотерапија е компарирана со комбинирана постоперативна адјувантна радиотерапија плус хемотерапија. Вкупното преживување (P<0.01) и преживувањето без болест (disease-free survival) (P<0.02) биле подобри во групата пациенти што примале радиотерапија плус хемотерапија (ннд-B).
    Во една друга студија, со конкомитантната администрација на хемотерапија и радиотерапија, постигната е подобрена презервација на примарното место, и покрај тоа што вкупното преживување не било подобрено.

Неоперабилен карцином на хипофаринксот

Стандардни опции на третман

  • Овие пациенти се кандидати за радиотерапија.
  • Хемотерапија во комбинација со радиотерапија кај пациентите што имаат локална напредната болест. Во една рандомизирана студија, проектираното вкупно 3-годишно преживување кај пациентите со стадиум III или стадиум IV иноперабилна болест, кои биле зрачени со една фракција дневно со конкурентна примена на cisplantin, изнесувало 37% (P=0.14).

Опции на третман, кои се во тек на клиничка евалуација

  • Треба да се смета на клиничките студии во кои е евалуирана хиперфракционирана радиотерапија, заедно со хемотерапија. Во една метаанализа од 63 рандомизирани проспективни студии, објавени помеѓу 1965 и 1993 год., покажано е 8% зголемено апсолутно преживување кај пациентите што примале конкомитантно хемотерапија и радиотерапија. Пациентите што примале адјувантна или неоадјувантна хемотерапија немале зголемено преживување во однос на другата група.
    Цената, квалитетот на живот, и податоци за морбидитетот не се достапни; не постои стандарден режим; студиите се премногу хетерогени за да се обезбедат дефинитивни препораки.
    Резултатите од тековните студии можат дополнително да ја расветлат улогата на конкомитантната хемотерапија и радиотерапија во водењето на хипофарингеалните карциноми. Сè уште не се решени прашањата околу тоа која е најдобрата хемотерапија и кој е соодветниот пат за интегрирање на двата модалитета.

Рекурентен карцином на хипофаринксот

Стандардни опции на третман

  • Хируршка ресекција доколку радиотерапијата не успее и доколку технички е можна.
  • Радиотерапија, доколку претходно не е применета во куративни дози, кои оневозможуваат натамошен третман, ако хируршкиот третман не успее.
  • Спасителна хирургија доколку е технички можно, кога хируршкиот третман не бил успешен.
  • Хемотерапија за метастатска болест.

Радиотерапија

Дефинитивна РТ
  • Примарен тумор и опсежна аденопатија: ≥ 70 Gy (2 Gy/ден)
  • Врат: Региони со низок ризик: ≥ 50 Gy (2 Gy/ден)
Адјувантна РТ
  • Примарен тумор: ≥ 60 Gy (2 Gy/ден)
  • Врат

Региони со висок ризик: ≥ 60 Gy (2 Gy/ден)

Региони со низок ризик: ≥ 50 Gy (2 Gy/ден)