| Стадиум и градус на туморите на назофаринксот |
|
|
|
Стадиум на болеста претставува утврдување на нејзината проширеност. Одредувањето на стадиумот на болеста е клучен фактор за спроведуавње на адекватна терапија кај секој пациент ооделно. Според тоа, стадиумот има тераписки и прогностички цели. Утврдувањето на стадиумот се врши со соодветен физикален преглед, назофарингоскопија, како и со компјутеризирана томографија и магнетна резонанца со кои се овозможува одредување на целосното проширување на процесот, а со цел тој да биде прецизно и правилно опфатен со зрачните полиња. Потребна е рендген графија на бели дробови и доколку постои ризик за белодробни метастази, потребно е и КТ на белите дробови. Стадиумот се определува според TNM класификацијата дизајнирана од American Joint Comittee on Cancer (AJCC). TNM класификацииПримарен тумор (T)TX: Примарен тумор не може да се процени, T0: Нема доказ за примарен тумор, Tis: Carcinoma in situ, T1: Тумор ограничен на назофаринкс, T2: Туморот проширен на меките ткива, T2a: Туморот проширен на орофаринкс и/или назален простор без парафарингеална проширеност*, T2b: Кој било тумор со парафарингеална проширеност*, T3: Туморот врши инвазија на коскените структури и/или параназалните синуси, T4: Тумор со интракранијална проширеност и/или засегање на кранијалните нерви, инфратемпоралната фоса, хипофаринкс, орбита, или мастикаторниот простор * Парафарингеална проширеност означува постеролатерална инфилтрација на туморот преку фарингобазиларната фасција. Регионални лимфни јазли (N)NX: Регионални лимфни јазли не можат да се проценат, N0: Нема метастаза во регионалните лимфни јазли, N1: Унилатерална метастаза во лимфен јазол(и), ≤ 6 cm во најголемиот дијаметар, над супраклавикуларната фоса*, N2: Билатерална метастаза во лимфен јазол(и), ≤ 6 cm во најголемиот дијаметар, над супраклавикуларната фоса*, N3: Метастаза во лимфен јазол(и)* > 6 cm и/или во супраклавикуларна фоса. N3a: > 6 cm, N3b: Проширеност во супраклавикуларната фоса **, * Лимфните јазли долж средната линија се сметаат за ипсилатерални јазли. ** Супраклавикуларната зона или фоса е релевантна со стадиумот на назофарингеалниот карцином и претставува триангуларна регија. Таа е дефинирана со 3 точки: (1) горниот раб на стерналниот крај на клавикулата, (2) горниот раб на латералниот крајна клавикулата, (3) точката каде што вратот се спојува со рамото. Сите случаи со лимфни јазли (целосно или делумно) во фосата се сметаат за N3b. Далечни метастази (M)MX: Далечни метастази не можат да се проценат, M0: Нема далечни метастази, M1: Далечни метастази. Степен на диференцијација на малигните клетки (градус)GX - степенот не може да се процени; G1 - добро диференциран тумор; G2 - средно добро диференциран тумор; G3 - лошо диференциран тумор; G4 – недиференциран тумор. Групирање според AJCC стадиумиСтадиум IT1 N0 M0 Стадиум IIAT2a N0 M0 Стадиум IIBT1 N1 M0 T2 N1 M0 T2a N1 M0 T2b N0 M0 T2b N1 M0 Стадиум IIIT1 N2 M0 T2a N2 M0 T2b N2 M0 T3 N0 M0 T3 N1 M0 T3 N2 M0 Стадиум IVAT4 N0 M0 T4 N1 M0 T4 N2 M0 Стадиум IVBкое било T, N3, M0 Стадиум IVCкое било T, кое било N, M1 |