• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Следење по третман Печати

Прогноза

Прогнозата варира во зависност од големината на примарниот тумор и од присуството на метастази во регионалните (вратни) лимфни јазли.

Така, кај пациентите со мали примарни тумори (големина до 2 cm), локализирани на подот на усната празнина или на предните две третини на јазикот, без постоење на видливи метастази во вратните лимфни јазли, петгодишното преживување изнесува 80-85%.

Кај пациентите со поголеми тумори (над 4 cm), со присутни метастази во вратните лимфни јазли, петгодишното преживување изнесува 25%.

Карциномите на тонзиларната регија (крајниците) и базата на јазикот имаат полоша прогноза, бидејќи најчесто се дијагностицираат во напреднат стадиум на болеста. Овие делови на усната празнина имаат богата мрежа на крвни и лимфни садови, па затоа туморите во овие регии брзо даваат метастази во регионалните лимфни јазли, а преку крвта и во далечните ткива и органи.

Кај пациентите со карциноми на базата на јазикот со стадиум I и II на болеста, петгодишното преживување изнесува 60% (за карциномите во стадиум I), и 40% (за карциномите во стадиум II).

Кај пациентите со карциноми на базата на јазикот со стадиум III и IV на болеста, петгодишното преживување изнесува 30% (за карциномите во стадиум III) и 15% (за карциномите во стадиум IV).

Прогнозата за карциномите на тонзиларната регија се движи од 93% - за стадиум I на болеста, и 17% - за стадиум II на болеста.

Следење на болните

Завршувањето со терапијата не значи и прекинување на грижата кон болниот.

Карциномите на усната празнина бараат доживотно следење (follow-up). За жал, рецидиви на болеста можат да се јават и многу години по нивното успешно излекување. Сепак, најчести се во првите две години по завршувањето на третманот. Затоа, пациентите кои биле успешно излекувани од карциномите на усната празнина, мора да прават редовни контроли во текот на целиот свој живот.

Главна цел на следењето е рано откривање на локални и регионални метастази и на секундарен примарен тумор, кој потенцијално може да се лекува.

Резултатите од физикалниот преглед ги одредуват натамошните испитувања како што се: КТ-скен, MRI, ултрасонографија и ендоскопски прегледи со биопсија.

Испитување на тироидната функција, кај пациенти што примале радиотерапија на

Вратот, се препорачува да се врши на секоја прва, втора и петта година по завршувањето на третманот.

Успешното следење на болните се остварува само со соработка од страна на пациентот. За таа цел, тој треба да биде доволно здравствено едуциран и запознаен со неговата болест, со нејзиниот тек и со можноста за повторување на болеста и по нејзиното комплетно излекување. Рецидивите може успешно да се лекуваат доколку се откријат на време.

Исто така, покрај локалните рецидиви, може да се јават и метастази во далечните ткива и органи во телото, па затоа следењето на пациентите е од клучна важност за раното откривање на метастатската болест.

Следењето на пациентите се врши со физикален преглед, кој се изведува еднаш месечно, во текот на првата година по завршувањето на третманот, а потоа, на два месеци, во текот на втората година и понатаму на секои три месеци.

Индиректна едноскопија се изведува на секои три месеци, а рендгенграфија на бели дробови се прави на секои шест месеци, во првите две години по завршувањето на лекувањето, а потоа тие се прават еднаш годишно.