• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Терапија по стадиуми Печати

Стадиум I на карцином на усната празнина

Може да се применува хирургија и/или радиотерапија во зависност од местото на туморот.

Мали лезии на усната

Стандардни опции на третман

Хирургијата и радиотерапијата обезбедуваат слични стапки на излекување, и методот на третман е условен од претпоставените козметички и функционални резултати.

Мали лезии на предните две третини на јазикот

Стандардни опции на третман

Широката локална ексцизија често се применува за мали лезии, кои можат да бидат ресецирани трансорално.

За поголемите Т1 лезии, прифатлив третман е само хирургија или само радиотерапија.

Треба да биде земена во предвид интерстицијалната брахитерапија, применета самостојно или во комбинација со надворешно зрачење. Треба да се даде значење и на зрачењето на вратот.

Мали лезии на букалната мукоза

Стандардни опции на третман

Лезиите <1 cm во дијаметар можат да се лекуваат само со хирургија, доколку не е зафатена комисурата. Доколку комисурата е зафатена, треба да се земе во предвид радиотерапијата (вклучувајќи ја брахитерапијата).

Поголемите Т1 лезии можат да бидат третирани со хируршка ексцизија со кожен графт или со радиотерапија.

Мали лезии на подот на усната празнина

Стандардни опции на третман

Хирургијата и радиотерапијата обезбедуваат слични стапки на излекување за лезиите Т1.

За лезиите <0.5 cm, само ексцизија е соодветен начин на лекување ако има раб на нормална мукоза меѓу лезијата и гингивата.

За поголемите лезии, хирургијата се применува ако лезијата е поврзана со периостот, додека радиотерапијата се применува ако лезијата го инфилтрира јазикот.

Мали лезии на долната гингива

Стандардни опции на третман

Малите лезии можат да бидат третирани со интраорална ресекција со или без ресекција на коска и репарирани со кожен графт.

Радиотерапијата може да се примени за мали лезии, но резултатите се подобри со примена само на хирургија.

Мали лезии на ретромоларниот триаголник

Стандардни опции на третман

Кај мали лезии без утврдена инвазија на коска се изведува ограничена ресекцијана мандибула (долна вилична коска).

Ако не е можна ограничена ресекција, радиотерапијата може да се примени инцијално, при што хирургијата останува резервирана при неуспех на зрачењето.

Мали лезии на горната гингива и тврдото непце

Стандардни опции на третман

Најголемиот дел од малите лезии се третираат со хируршка ресекција.

Постоперативна радиотерапија може да се примени доколку е соодветна.

Стадиум II на карцином на усната празнина

Може да се применува хирургија и/или радиотерапија во зависност од местото на туморот.

Мали лезии на усната

Стандардни опции на третман

Хирургија се применува за мали Т2 лезии на долната усна ако едноставното затво рање произведува прифатлив козметички резултат.

Ако е потребна реконструктивна хируршка процедура, радиотерапијата има предност бидејќи овозможува постигнување на подобар функционален и козметички резултат, со интактна кожа и инервација на мускулатурата.

Радиотерапијата може да вклучува надворешно зрачење и/или интерстицијални техники.

Мали лезии на предните две третини на јазикот

Стандардни опции на третман

Радиотерапијата вообичаено се применува кај Т2 лезии, кои имаат минимална инфилтрација, со цел да се зачуваат говорот и голтањето. Хирургијата е резервирана за пациентите кај кои радиотерапијата не покажала успех. Дисекцијата на вратните лимфни јазли може да се земе во обѕир кога се применува примарна брахитерапија.

Длабоко инфилтративните лезии најдобро се третираат со хирургија, радиотерапија, или со нивна комбинација.

Мали лезии на букалната мукоза

Стандардни опции на третман

Мали Т2 лезии (≤3 cm) вообичаено се третираат со радиотерапија.

Големи Т2 лезии (>3 cm) можат да се третираат со хирургија, радиотерапија, или со нивна комбинација, доколку е индицирано. Радиотерапијата често се применува ако лезијата ја зафаќа комисурата. Хирургијата често се применува ако туморот врши инвазија на мандибулата или максилата.

Мали лезии на подот на усната празнина

Стандардни опции на третман

За мали Т2 лезии (≤3 cm), хирургијата се применува ако лезијата е припоена со периостот, додека радиотерапијата се применува кога лезијата го инфилтрира јазикот.

За големите Т2 лезии (>3 cm), хирургијата и радиотерапијата се алтернативни методи на третман, при што изборот на лекувањето зависи од очекуваната неспособност како последица на хирургијата.

Надворешното зрачење со или без интерстицијална радиотерапија би требало да се земе во предвид како постоперативна радиотерапија кај поголемите лезии.

Мали лезии на долната гингива

Стандардни опции на третман

Малите лезии можат да се третираат со интраорална ресекција со или без ресекција на коска и да се репарираат со кожен графт.

Радиотерапијата може да се примени кај мали лезии, но резултатите се подобри со примена само на хирургија.

Мали лезии на ретромоларниот триаголник

Стандардни опции на третман

Кај мали лезии без утврдена инвазија на коска се изведува ограничена ресекција на мандибулата.

Ако не е можна ограничена ресекција, радиотерапијата може да се примени инцијално, при што хирургијата останува резервирана при неуспех на зрачењето.

Мали лезии на горната гингива и тврдото непце

Стандардни опции на третман

Најголемиот дел од лезиите се третираат со хируршка ресекција со постоперативна радиотерапија, доколку е тоа потребно. Мала студија покажала дека радиотерапијата може да биде ефективна како самостоен модалитет на третман

Стадиум III на карцином на усната празнина

Хирургијата и/или радиотерапијата се применуваат во зависност од местото на туморот. Неоадјувантната хемотерапија, како што е применувана во клиничките испитувања, била употребувана за да се постигне намалување на туморот, со што би се остварило зголемување на можноста за негово излекување било со хирургија, било со радиотерапија.

Неоадјувантната хемотерапија се дава пред другиот модалитет, спротивно на стандардната адјувантна хемотерапија, која се дава по или за време на дефинитивната терапија со зрачење, или по хирургијата. Како неоадјувантна хемотерапија биле применувани многу комбинации на лекови.

Рандомизираните проспективни испитувања треба допрва да покажат зголемување на преживувањето кај пациентите што примале неоадјувантна хемотерапија.

Напреднати лезии на усната

Овие лезии, вклучувајќи ги и оние што ги зафаќаат коската, нервите и лимфните јазли, генерално се лекуваат со комбинација на хирургија и радиотерапија. Овие пациенти се кандидати за клинички студии.

Стандардни опции на третман

Хирургија

Можат да бидат применети различни хируршки пристапи во зависност од големината и локацијата на лезијата и потребите за реконструкција.

Радиотерапија

Можат да се применат различни радиотераписки техники во зависност од големината и локацијата на лезијата. Можностите вклучуваат надворешно зрачење со или без брахитерапија.

Опции на третман, кои се во тек на клиничка евалуација

  • Клинички испитувања кај напреднатите тумори, кои ја проценуваат употребата на хемотерапијата предоперативно, пред радиотерапијата, како адјувантна по хирур гија, или како дел од комбинираниот начин на лекување.
  • Хиперфракционирана радиотерапија.

Умерено напреднати (доцни Т2 и мали Т3) лезии на предните две третини на јазикот

Стандардни опции на третман

  • Лезиите со минимална инфилтрација можат да се третираат со надворешно зрачење, со или без интерстицијални импланти.
  • Лезиите со длабока инфилтрација можат да се третираат со хирургија со постоперативна радиотерапија.

Напреднати лезии на букалната мукоза

Стандардни опции на третман

  • Само радикална хируршка ресекција.
  • Само радиотерапија.
  • Хируршка ресекција плус радиотерапија, главно постоперативна.
  • Опции на третман, кои се во тек на клиничка евалуација

    Клинички испитувања кај напреднатите тумори, кои ја проценуваат употребата на хемотерапијата предоперативно, пред радиотерапијата, како адјувантна по хирургија, или како дел од комбинираниот начин на лекување.

    Умерено напреднати лезии на подот на усната празнина

    Стандардни опции на третман

    Хирургија

    Се прави ресекција плус дисекција на вратот или парцијална мандибулектомија со дисекција на вратот.

    Радиотерапија

    Се спроведува или само надворешно зрачење, или надворешно зрачење плус интерстицијалена брахитерапија.

    Опции на третман, кои се во тек на клиничка евалуација

    • Клинички испитувања кај напреднатите тумори, кои ја проценуваат употребата на хемотерапијата предоперативно, пред радиотерапијата, како адјувантна по хирургија, или како дел од комбинираниот начин на лекување.
    • Клинички испитувања коишто применуваат нови шеми на фракционирање на ра диотерапијата.

    Умерено напреднати лезии на долната гингива

    Стандардни опции на третман

    Проширените лезии со умерена деструкција на коската и/или метастази во лимфните јазли на вратот би требало да бидат третирани со комбинирана радиотерапија и радикална ресекција или само со радикална ресекција. Радиотерапијата може да биде предоперативна или постоперативна.

    Напреднати лезии на ретромоларниот триаголник

    Стандардни опции на третман

    Хируршка ресекција, која може да биде следена со постоперативна радиотерапија.

    Опции на третман, кои се во тек на клиничка евалуација

    Клинички испитувања кај напреднатите тумори, кои ја проценуваат употребата на хемотерапијата предоперативно, пред радиотерапијата, како адјувантна по хирур гија, или како дел од комбинираниот начин на лекување.

    Клинички испитувања коишто применуваат нови шеми на фракционирање на радиотерапијата.

    Умерено напреднати лезии на горната гингива

    Стандардни опции на третман

    Површинските лезии со опсежно зафаќање на гингивата, тврдото непце, или мекото непце можат да се третираат само со радиотерапија.

    Лезиите коишто оствариле длабока инвазија со зафаќање на коска би требало да бидат третирани со комбинација на хирургија и радиотерапија.

    Умерено напреднати лезии на тврдото непце

    Стандардни опции на третман

    Површинските лезии со опсежно зафаќање на гингивата, тврдото непце или мекото непце можат да се третираат само со радиотерапија.

    Лезиите коишто оствариле длабока инвазија со зафаќање на коска би требало да бидат третирани со комбинација на хирургија и радиотерапија.

    Опции на третман на лимфните јазли

    Кај пациентите со напреднати лезии би требало да се остварува елективна радиотерапија на лимфните јазли или нивна дисекција. Ризикот од метастази во лимфните јазли се зголемува кај лезиите со низок степен на хистолошка диференцијација, големите лезии, при ширење на лезијата со зафаќање на мукозата на усната или букалната мукоза кај пациентите со рекурентна болест, и при инвазија на мускулатурата (m. orbicularis oris).

    Стандардни опции на третман

    Само радиотерапија или дисекција на вратот:

    N1 (0-2 cm).

    Треба да се земе во обѕир и комбинирано лекување со хирургија и радиотерапија.

    N2b или N3; сите јазли <2 cm.

    • Радиотерапија и дисекција на вратот:

    N1 (2-3 cm), N2a, N3.

    Хирургија следена со радиотерапија, која е придружена со следниве индикации:

    • Мултипли позитивни лимфни јазли.
    • Контралатерални супклинички метастази.
    • Инвазија на туморот низ капсулата на лимфниот јазол.

    N2b или N3 (1 или повеќе лимфни јазли на секоја страна на вратот, >2cm).

    • Радиотерапија пред хирургија: кај големи фиксирани лимфни јазли.

    Опции на третман, кои се во тек на клиничка евалуација (сите лезии во III стадиум)

    Хемотерапијата е комбинирана со радиотерапија кај пациентите што имаат локално напредната болест, која е неоперабилна.

    Метаанализата на 63 рандомизирани проспективни клинички испитувања, публи-кувани меѓу 1965 и 1993 година, покажала предност од 8% на апсолутното преживување кај оние пациенти што примале конкомитантна хемотерапија и радиотерапија.

    Предност во преживувањето не била постигната кај пациентите што примале адјувантна или неоадјувантна хемотерапија. Во рамките на клиничките испитувања не биле достапни податоци за цената, квалитетот на животот, податоците за морбидитетот; не постоел стандарден режим; испитувањата биле премногу хетерогени за да обезбедат дефинитивни препораки.

    Резултатите од 18 клинички испитувања што се во тек ќе овозможат дополнително расчистување на улогата на конкомитантната хемотерапија и радиотерапија во згрижувањето на карциномот на усната празнина.

    Сè уште не се утврдени најдобрата хемотерапија и најсоодветниот начин за интегрирање на двата модалитета на третман.

    Сличен пристап во лекувањето на пациентите со операбилна болест кај кои ресекцијата би довела до голем функционален дефицит е испитуван во рандомизирани испитувања, но во овој момент не може да биде препорачан како стандард.

    Клиничките испитувања на новите режими на фракционирање се во тек на клиничка евалуација.

    Стадиум IV на карциномот на усната празнина

    Напреднати лезии на усната

    Овие лезии, вклучувајќи ги и оние што ги зафаќаат коската, нервите и лимфните јазли, генерално се лекуваат со комбинација на хирургија и радиотерапија. Овие пациенти се кандидати за клинички испитувања-студии.

    Стандардни опции на третман

    Хирургија

    Можат да бидат применети различни хируршки пристапи во зависностод големината и локацијата на лезијата и потребите за реконструкција. Кај селектирани пациенти е индициран третман на двете страни на вратот.

    Радиотерапија

    Во зависност од големината и локацијата на лезијата, можат да се применат различни радиотераписки техники. Можностите вклучуваат надворешно зрачење со или без брахитерапија.

    Опции на третман, кои се во тек на клиничка евалуација

    Хиперфракционирана радиотерапија

    Напреднати лезии на предните две третини на јазикот

    Стандардни опции на третман

    Селектирани пациенти можат да се третираат со комбинирана хирургија (тотална глосектомија, која понекогаш бара и тотална ларингектомија) со радиотерапија.

    Пациентите со многу напреднати лезии можат да се третираат со палијативна радиотерапија.

    Напреднати лезии на букалната мукоза

    Стандардни опции на третман

    • Само радикална хируршка ресекција.
    • Само радиотерапија.
    • Хируршка ресекција плус радиотерапија, главно постоперативна.

    Напреднати лезии на подот на усната празнина

    Стандардни опции на третман

    Комбинација на хирургија и радиотерапија, главно постоперативна.

    За фиксирани лимфни јазли (≥ 5 cm) често се применува предоперативна радиотерапија.

    Напреднати лезии на долната гингива

    Стандардни опции на третман

    Многу напреднатите тумори со екстензивна деструкција на мандибулата и со метастази во лимфните јазли на вратот слабо се контролираат со хирургија, радиотерапија, или со нивна комбинација.

    Напреднати лезии на ретромоларниот триаголник

    Стандардни опции на третман

    Хируршка ресекција, која може да биде следена со постоперативна радиотерапија.

    Напреднати лезии на горната гингива

    Стандардни опции на третман

    Лезиите што се многу проширени и инфилтративни генерално бараат третман со хирургија во комбинација со радиотерапија.

    Напреднати лезии на тврдото непце

    Стандардни опции на третман

    Лезиите што се многу проширени и инфилтративни генерално бараат третман со хирургија во комбинација со радиотерапија.

    Опции на третман на лимфните јазли

    Кај пациентите со напреднати лезии би требало да се остварува елективна радиотерапија на лимфните јазли или нивна дисекција. Ризикот од метастази во лимфните јазли се зголемува кај лезиите со низок степен на хистолошка диференцијација, големите лезии, при ширење на лезијата со зафаќање на мукозата на усната или букалната мукоза кај пациентите со рекурентна болест, и при инвазија на мускулатурата (m. orbicularis oris).

    Стандардни опции на третман

    Само радиотерапија или дисекција на вратот:

    • N1 (0-2 cm).
    • N2b или N3; сите јазли <2 cm. (Треба да се земе во обѕир и комбинирано лекување со хирургија и радиотерапија.)

    Радиотерапија и дисекција на вратот:

    • N1 (2-3 cm), N2a, N3.

    Хирургија следена со радиотерапија, која е придружена со следниве индикации:

    • Мултипли позитивни лимфни јазли.
    • Контралатерални супклинички метастази.
    • Инвазија на туморот низ капсулата на лимфниот јазол.

    N2b или N3 (1 или повеќе лимфни јазли на секоја страна на вратот, >2cm).

    Радиотерапија пред хирургија: кај големи фиксирани лимфни јазли.

    Опции на третман, кои се во тек на клиничка евалуација (сите лезии во IV стадиум)

    Хемотерапијата е комбинирана со радиотерапија кај пациентите што имаат локално напредната болест, која е неоперабилна.

    Метаанализата на 63 рандомизирани проспективни клинички испитувања, публикувани меѓу 1965 и 1993 година, покажала предност од 8% на апсолутното преживување кај оние пациенти што примале конкомитантна хемотерапија и радиотерапија.

    Предност во преживувањето не била постигната кај пациентите што примале адјувантна или неоадјувантна хемотерапија. Во рамките на клиничките испитувања не биле достапни податоци за цената, квалитетот на животот, податоците за морбидитетот; не постоел стандарден режим; испитувањата биле премногу хетерогени за да обезбедат дефинитивни препораки.

    Резултатите од 18 клинички испитувања, кои се во тек ќе овозможат дополнително расветлување на улогата на конкомитантната хемотерапија и радиотерапија во згрижувањето на карциномот на усната празнина.

    Сè уште не се утврдени најдобрата хемотерапија и најсоодветниот начин за интегрирање на двата модалитета на третман.

    Сличен пристап во лекувањето на пациентите со операбилна болест кај кои ресекцијата би довела до голем функционален дефицит е испитуван во рандомизирани испитувања, но во овој момент не може да биде препорачан како стандард.

    Клиничките испитувања за напреднатите тумори, кои ја проценуваат примената на предоперативната хемотерапија, пред радиотерапијата, или како адјувантна по хирургијата, се во тек.

    Клиничките испитувања на новите режими на фракционирање се во тек на клиничка евалуација.

    Рекурентен карцином на усната празнина

    За лезиите на усната, предниот дел на јазикот, букалната мукоза, подот на усната празнина, ретромоларниот триаголник, горната гингива и тврдото непце, третманот треба да биде условен од локацијата и големината на рекурентната лезија, исто како и за претходниот третман.

    Стандардни опции на третман

    Кога радиотерапијата е иницијално применета, се претпочита хируршкиот третман.

    Ако за третманот на лезијата иницијално била применета хирургија, доаѓа во предвид третман со радиотерапија или комбинација на хирургија и радиотерапија.

    Иако е покажано дека хемотерапијата може да индуцира одговор, не е покажано зголемување на преживувањето.

    Опции на третман, кои се во тек на клиничка евалуација

    Бидејќи спасителната хирургија по примарниот третман со радиотерапија и радиотерапијата по примарната хирургија даваат слаби резултати, треба да се земат во предвид клинички испитувања на нови хемотераписки препарати, хемотерапија и реирадијација, или хипертермија.

    Радиотерапија

    Дефинитивна РТ

    Примарен тумор и опсежна аденопатија: ≥ 70 Gy (2 Gy/ден)

    Надворешна радиотерапија РТ ≥ 50 Gy ± брахитерапија

    Врат

    Региони со низок ризик: ≥ 50 Gy (2 Gy/ден)

    Адјувантна РТ

    Примарен тумор: ≥ 60 Gy (2 Gy/ден)

    Врат

    Региони со висок ризик: ≥ 60 Gy (2 Gy/ден)