• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Симптоми и знаци Печати

Симптоми и знаци на туморите на усната празнина и орофаринксот

Симптомите и знаците на туморите на усната празнина и орофаринксот зависат од примарната локализација на туморот.

Во почетокот болеста може да биде асимптоматска, т.е. да не даде никакви симптоми. Често е присутна само безболна раничка (улцерација) во усната празнина или орофаринксот, која не зараснува подолго време. Таа често може повремено да крвари.

Но, со тек на време, како што туморот расте и се шири во околните структури, може да се јават и други симптоми и знаци на болеста.

Така може да се јави: иритација, болка, непријатен здив, оток на лимфните јазли на вратот, отежнато голтање, невозможна протрузија (исплазување на јазикот), отежнат говор и друго.

Често болеста може да започне со појава на безболна тврдина на вратот.

Во клиничката слика на орофарингеалните тумори доминираат дисфагијата (отежнато голтање), губење на телесна тежина, асимптоматска опиплива маса на вратот, крварење, болки во увото и тризмус т.е. неможност на отварање на устата поради зафатеност и грч на мускулите за џвакање (мастикаторни мускули).