• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Хипоспадија Печати

Хипоспадијата е вроден дефект на пенисот кој најчесто ги има следните четири карактеристики:

  • Отворот на уретрата, наместо на врвот, е лоциран на долната страна на пенисот и може да излегува било каде вдолж каналот, сé до скротумот.
  • Отворот на уретрата е обично потесен од нормално.
  • Целата покровна кожичка може да се наоѓа стуткана на горната страна на пенисот.
  • Самиот пенис може да е искривен кон една страна.

Хипоспадијата е една од најчестите вродени аномалии. Според некои статистики се сретнува во однос 1:300.

Најчесто се дијагностицира на раѓање, но ако е од полесен степен може и подоцна.

Кои се причините за хипоспадија?

Причините за хипоспадијата не се познати. Изгледа дека постои генетска поврзаност, бидејќи машко дете, родено во фамилија со позитивна фамилијарна историја за хипоспадија има нешто поголема шанса да се роди со таа аномалија.

Како се лекува хипоспадијата?

Хипоспадија се лекува со хируршки зафат, најчесто на возраст меѓу 6-18 месеци. Целта на хируршкиот зафат е да се репозиционира отворот на уретрата на врвот на пенисот, да се отстрани абнормалната покровна кожичка (што му дава изглед на пенисот како да е обрежан), и да се корегира искривеноста на пенисот, ако е присутна, со што се обезбедува нормална сексуална функција во адултниот живот.

Репозиционирањето на отворот на уретрата е релативно некомплициран зафат, ако постои канал низ главата на пенисот. Ако уретрата излегува повисоко, може да има потреба да се направи графт, за што се користи покровната кожичка.

Затоа е важно да не се прави обрежување пред да се реши хипоспадијата, во случај да има потреба од покровната кожичка.