• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Ракот и сидата

Лицата заболени од сида имаат поголем ризик за развој на малигни заболувања. Се смета дека причината за вака зголемениот ризик е намалениот имунитет.

ХИВ вирус - вирус на СИДА

ХИВ вирусот (Human Immunodeficiency Virus) го напаѓа имунолошкиот систем кај човекот, поради што организмот станува неспособен да се бори и против обичните инфекции, Сида (синдром на стекнат недостатот на имунитет) или AIDS (Acquired Immuno-Deficiency Syndrome) е термин кој се користи кога имунолошкиот систем на едно лице е толку оштетен со ХИВ вирусот што бројот на крвните елементи за борба против инфекциите т.н. помагачи на Т лимфоцитите (CD4 клетки) паѓа од 800-1050 на помалку од 200 по милилитар на крв во крвотокот.

Пациентот е тогаш подложен на бројни инфекции и на крај умира како последица на болести, против кои неговиот имунолошки систем не може да се бори.

Сидата се добива ако една од овие заразени телесни течности дојде во допир со крвта:

  • крв,
  • семена течност,
  • вагинална течност,
  • мајчино млеко.

Најчести начини на пренесување:

  • било кој вид на сексуален однос, вклучувајќи го оралниот и аналниот,
  • заедничка употреба на било кој вид на игли, вклучувајќи ги оние за дрогирање, бушење на ушите и тетовирање,
  • трансфузија на крв,
  • во тек на бременост или доење, вирусот на ХИВ може да се пренесе на бебето.

Симптоми

  • ноќно потење
  • симптоми на грип, кои не поминуваат,
  • необјаснето губење на телесна тежина,
  • бели печати во усната шуплина,
  • виолетови точки на кожата,
  • Важно: Луѓето со ХИВ вирус можат да бидат 8 до 10 години без никакви симптоми.

Симптоми кај жените

  • хронични вагинални габични инфекции,
  • абнормален Папа тест,
  • инфекција со ХПВ вируси или генитални брадавици.

Дијагноза

Тестирање на крвта

Антителата на вирусот ХИВ, во поголем број на случаи, се откриваат по 6 до 12 недели по инфицирањето со ХИВ вирусот, а за 6 месеци се откриваат кај 95% од заразените лица.

Лекување

Постојат многу лекови кои се користат во лекувањето на овој вирус. Тие ја успоруваат болеста, но не ја и лекуваат. Овие лекови имаат многу несакани ефекти.

Жените со ХИВ имаат намален имунитет и поради тоа полесно го прифаќаат HPV вирусот, кој од своја страна е одговорен за појавата на рак на грлото на матката. Научниците сметаат дека имуниот систем е одговорен за елиминацијата и забавување на прогресијата на канцерските клетки. Поради тоа, ракот на грлото на матката кај жени со истовремена ХИВ инфекција напредува многу побрзо од истиот кај жена со нормален имунитет. Покрај ХИВ и други состојби кои доведуваат до слабеење на имуниот систем, исто така се проследени со зголемен ризик за појава на рак на грлото на матката.

Лицата кои се заболени од сида имаат поголем ризик за развој на различни видови на карциноми.